Саем на книгата

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.738
Поени од реакции
36.624
А, е ова е веќе изненадувачки! Сите право, Топер криво. Сите криво, Топер право. Не памтам до сега, на било кој Саем во последниве 10 години Топер да имале некаков, било каков попуст. А сега, никој нема, тие имаат.

Ќе си ги докомплетирам ASOIAF на македонски, какви, такви. Да не ми стои на пола комплетот и да не ми се буни OCD-то. Плус, нешто за штрумфовиве дома, обавезно!
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
А, е ова е веќе изненадувачки! Сите право, Топер криво. Сите криво, Топер право. Не памтам до сега, на било кој Саем во последниве 10 години Топер да имале некаков, било каков попуст. А сега, никој нема, тие имаат.

Ќе си ги докомплетирам ASOIAF на македонски, какви, такви. Да не ми стои на пола комплетот и да не ми се буни OCD-то. Плус, нешто за штрумфовиве дома, обавезно!
Имаат и книги на 50% во конкретен ден, види на фб. Инаку ова пркоси со нивната "политика". Попуст на саем, што е тоа!?
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.481
Поени од реакции
5.562
bookland имаат 20% на сите книги било нови или стари, пример Хари Потер кој арс ги продава за 700 кај нив се за 550. Луд саем.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Онлајн тикетите секаде пишува дека мора да се печататат. Кажете ми ве молам дека може да се покажат и од телефон. Ако не џабе ги купував, ќе ги фрлам во Recycle bin и не одам на саем. Кој сте вие во 21 век да мора да печатиш тикет со 10 QR и баркодови на него :facepalm:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Можеби е пишано и претходно, но и пред саемот, три, имаа наслови за 99 денари. Сега се 80 наслови чинам, тогаш беа 50 наслови ко зедов 5 книги јас. Се најдува нешто интересно.
Ги зедов пред 2 недели од Шилер „Избрани дела", „Мртво море" од Амадо, „Дон Сегундо", „Руско поетско злато" oд Пушкин, Лермонтов и Тјутчев и „Дамата со групен портрет" од Хајнрих Бел. Е тоа е попуст, за 500ки, пет култни книги. :D

Гледам сега некаде низ каталог ми помина дека и „Меланхолија на отпорот" едно ремек дело од книга која ја препорачувам, e по цена од 99 денари. Книга која вреди да се има. По истата книга е правен овој опасен филм на Бела Тар.

 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.435
Поени од реакции
5.468
Академска Книга ќе има штанд? Попуст? Нешто онлајн нарачки со попусти правеле во минатото?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.162
Поени од реакции
10.127
мислам дека имаа пишано денес на фб дека ќе бидат на саем. Попуст стандардно 20% пуштаат.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.435
Поени од реакции
5.468
Ќе контактирам утре да видам дали може да се изменаџира попустот преку нивниот веб шоп.
На сајт нема никакви индиции дека даваат попуст, чак што више некој цени ми е сомнителни али ај.... можда грешам.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Годинава најбрзо завршив со саем. За пола саат, што планирав тоа купив, плус од академска 2 бизнис книги на 20%.

Инаку претопло е, ако планирате да одите или одма во 10 или вечер пред затварање.


Sent from my MI 8 using Tapatalk
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
812
Ќе контактирам утре да видам дали може да се изменаџира попустот преку нивниот веб шоп.
На сајт нема никакви индиции дека даваат попуст, чак што више некој цени ми е сомнителни али ај.... можда грешам.
Ги исконтактирав пред некој ден и ми рекоа дека попустот нема да важи онлајн :( Ако има некоја промена, пишете.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.026
Поени од реакции
24.635
Констатација која би ја аплицирал за секој саем десет години уназад. Ама пак сум одел по саеми, шо да праам.
Епа оваа година нече мочи. И покрај тоа што можам да си приуштам многу повеќе литература ради ковид рестрикциите по кафани и стабилен буџет, бар до сеа.

Сума сумарум, бољи се индивидуалните попусти него ли групниов саем освен за човек кој сака сите книжари на едно место да ги начека. Па макар и да дал некоја стотка повеќе.
Јас би сепак да одам. Не е се скроз така црно. Ама треба да ги пратиш оние ситните букви во догворот, понудите што не се на прва страна. На пример, тешко е да се поверува дека Абадон Уништувачот, книга на Сабато од 400 и кусур страни сум ја купил за 100 денари од Три, од оние акциине 5 книги за 500 денари. Или Мапа и Простор на Уелбек. Во оние 80 книги за 100 денари на Три или оние книги за 50 и 100 денари на Бегемот лежи правиот саемски улов. Во оној дел само попатно спомнат на последната страна од нивните каталози. Добрата вест за тие што ценат квалитетна книга* е што баш тие наслови ќе ги начекаш со поповолен попуст. Коелјо* на пример нема никогаш да падне на 100 денари за книга. Скапи се популарните книги, што ќе се трошат. Стравот на Голманот од Пенал од Петeр Хандке со години беше 100 денари на саем, па дури едно време го даваа гратис со сметка над (мислам) 1000 денари во Или-Или. Сега е 150 откога авторот зема Нобелова Награда. Проблематични се книги како Хари Потер на пример, кои се воедно и добри и популарни*. Така што во прилог оди тоа што економската логика на понуда и побарувачка по која се водат книжарите при одредување цени не соодветствува најчесто со квалитетот. Шундот е поскап од квалитетот затоа што е баран. Делува тотално нелогично за некој кој не ја познава македонската читателска публика. И не само читателска, туку секаква. Целата македонска фиромштаана на пример е набутана на прв крак Халкидики по цени кои некогаш се драстично па дури и дупло поскапи од оние на втор крак. А втор крак за прв е Малдиви.
Во саемските ќошиња, на работ на тезгите, под слоевите костипетрови, јеленибачиќи, робиншармовци лежи вистинското богатство, бисерите во блатото. Ама треба да покопаш малце.

*Дисклејмер пред на некој да му текне нешто-Да, литературата е субјективна и не може да се мери, се е релативно и слични ајнштајнлуци. Ама Сабато е Сабато, Коелјо е Коелјо.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.738
Поени од реакции
36.624
Јас бев! Еве што собрав - сепак само тоа по кое што и одев. ASOIAF на македонски само за да ја дополнам полицата. Златната серија на Весели четвртак редовно си ги купував, ама овие броеви ми фалеа од времето на корона изолациите. Уште ми фалат 17 и 18, ама ги немаше со А корица, па ќе ги барам во Бункер директно. Тие двете вертикалните се подароци - атлас за син ми и некоја глупост за која дадов 270 денари, ама морав, заради корицата. Разговор со Спиноза беше подарок од Топер. Скакулци од Петре М Андреевски за да ја комплетирам едицијата, која еднаш ми беше комплетирана, но Скакулци ми ја украде една бебиситерка.

Вистинскиот улов се тие шесте најгоре, од Или Или. Само тие и ќе бидат прочитани, најверојатно.
20200908_195709.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom