Саем на книгата

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Во книжарницата на „Матица македонска” сe одржува традиционалниот Саем на книга. Саемот кој се одржува традиционално секоја година ќе трае до крајот на месецов, а годинава се одржува по петти пат.
Во „Матица”, сметаат дека според досегашните искуства, анализите и резултатите од минатите четири години, заклучокот е дека Македонија има потреба од организирање на вакви манифестации со оглед на се поголемиот број читатели.
Оваа година, Клубот „Матица” и сите читатели од Македонија ќе имаат можност да набават и да создадат сопствена домашна библиотека од 5.000 понудени наслови со попуст од 10 до 80 проценти. Цените што ќе бидат понудени, велат во „Матица”, ја оправдуваат идејата на слоганот во кампањата „Книга во секој дом!”
Издавачката куќа „Матица македонска е куќа која ги следи светските трендови во издаваштвото. Она што особено треба да се потенцира е дека во „Матица” се залагаат и за што подостојно презентирање на нашата култура, боите на нашата држава, нашиот јазик и пред се името Македонија. Но, од друга страна општ е впечатокот на сите институции дека за промоција на сопствената држава мора да се активира граѓанинот на таа држава. Сето ова го преземаме, вели Дејан Павлески, со намера во вистински правец и со јасна цел да ја продолжиме културната и национална промоција.

"Утрински весник", 22.01.2007 год.



Доцни темава, ама сепак мислам дека заслужува место на форумов.

Бидејќи јас ја отворив, нешто за почеток...
Бев два пати на саемот, на третиот ден од отворањето со моите, и подоцна уште еднаш со пријатели. Си купив доста книги, меѓу кои и неколку бестселери... Моментално се` уште сум на "Папата Јована"... Само штета што се погоди на крајот од распустот, и сега имам значително помалку време за читање. Убаво беше, доста посетен саем со прилично добар избор (кој никогаш не е доволен :)) и пријатна атмосфера... Полн погодок. Ама според мене...
Па, го посети ли некој од вас саемот? Да чуеме и други впечатоци...? :)
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Јас бев,си ја купив „Лавиринт“ од Кејт Мос.Немав време да разгледам се,ама планирам да одам пред крајот и да се изнакупувам книги.:)
 
N

NeMiRnA

Гостин
Hehe super e ova saemov na Matica,jas se kanev da odam,ama tatko mi go napravi toa za mene,pa mi kupi nekoi 6 knigicki super se:)
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
NeMiRnA напиша:
Hehe super e ova saemov na Matica,jas se kanev da odam,ama tatko mi go napravi toa za mene,pa mi kupi nekoi 6 knigicki super se:)
Gi procita site?
Od kade znaesh deka se super, ili brzo citash.
Neshto kako Blazo od K-15 :)
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Нема бог знае колкав интерес за темава, ама Ема пак да откопа по нешто... :jaj:

Во својата традиционална акција "Со книга на плажа" книгоиздателство "Матица македонска" годинава за првпат организира избор на хит книга на летото кој го прави заедно со своите читатели и членови (еве еден член овде :)) на "Клуб Матица". Издавачот за летните денови понуди 60 наслови, од кои и шест свои предлози. Читателите и членовите на клубот преку анкетните ливчиња во книжарницата гласаа и во најтесниот избор се : "Московски вектор", последното дело на култниот Роберт Ладлам, политички трилер од кој застанува здив, велат во "Матица", потоа нешто постариот светски бестселер "Москва на солзите не им верува" на Валентин Черних, според кој е направен и филм и беше добитник на Оскар за странски филм, и последниот "Плажа" од Алекс Гарлендс разграбен во милионски тиражи, а според кој, исто така, е снимен филм со Леонардо ди Каприо во главната улога.
"Матица" на читателите кои учествуваат во изборот на хитот на летото им подготвува подароци пригодни за на плажа.
Преземено од www.culture.in.mk; Вест, 11.06.2007
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Саем на книга

Пет илјади наслови со попуст од 10 до 80 проценти ќе им бидат понудени на читателите на традиционалниот Зимски саем на книгата во „Матица македонска“, кој почнува в сабота, а ќе трае до крајот на јануари.

На Зимскиот саем во „Матица“ со свои дела ќе учествуваат и други издавачки куќи, меѓу нив и „Темплум“, „Или-или“, „Каприкорнус“, „Ми-ан“, „Дијалог“, „Лотос“ и други.
Превземено од А1
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
21
Да, и јас слушнав нешто на телевизија кажуваа...

Штета шо не сум од Скопје, инаку секако одев...
 

rowling

Desperate Cranberrie
Член од
31 март 2007
Мислења
290
Поени од реакции
8
E убаво во Гевгелија имаме 100 книги да не залажат :vozbud::toe:
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Јас си купив т.е. добив на подарок од девојка ми од Агата кристи- Во хотелот Бертрам, од Артур Конан дојл-Скандал во Чешка и од Џон Гришам-Уличен адвокат.Сите по 150-ден. ама оваа година има највеќе избор.Штета што иам многу испити пане можам многу да читам.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
84
Поени од реакции
2
со татко ми уште пред да почне саемот се договоривме дека ќе ме носи ...па ке ме "части" неколку книги :vozbud:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.674
Поени од реакции
13.272
Бев 2 пати до матица... Изборот е навистина огромен баш вчера земав 2 книги. Едната во врска со археологија (не од оние сликовници :pos:), другата слободна литература која денес ја прочитав. Ми се допадна многу.
 
Член од
16 јули 2006
Мислења
312
Поени од реакции
4
mn mi e krivo sto godinava nema da mozam nisto od saemot na knigata da si zemam nesto. no dobro aj ke se uteram, vo prolet vo veles isto taka ke ima saem na knigata kako i sekoja god ( ako slucajno nesto ne se otkaze) pa taka da od tamu ke si kupam. moram da kazam deka ne e tolkav kako sto e vo sk, no sepak moze da se zeme nesto po povolna cena. pa koj saka neka poveli i proletva. i pls ako ima nekoja promocija na nekoja kniga sega vo sk, pisete za ako e nesto dobro da naracam da mi kupat. fala odnapred.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
До крајот на јануари? Супер, одвојувам уште од сега пари.. јас па мислев го пропуштив заради испитиве =/
 
Член од
21 октомври 2007
Мислења
68
Поени од реакции
3
секоја нердна година се повеќе се разочарувам од изборот на книги...
годинава 50% од насловите беа од типот:10 чекори до успехот, 5 чекори до среќата, 10 начини како да не се разочарувате...Глупости во боја!!!! а другите 50% беа некои романчиња, чиста шунт литература...книги кои воопшто не го замараат мозочето a 98% од луѓето восхитени од нив. купив само 4 книги од кои само една беше на попуст:toe:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
А што очекуваш да најдеш во Матица? Јасен е концептот на работа на таа куќа. Профит. Што не е толку за осудување, мора да признаеш, луѓето сакаат да читаат таква литература.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom