Саем на книгата

Дискусија во форумот 'Уметност, литература, јазик' започната од Emma, 28 јануари 2007.

  1. Erich Zann

    Erich Zann Модератор

    Член од:
    13 мај 2012
    Мислења:
    13.692
    Допаѓања:
    28.772
    Дечки Аз-Буки имаат штанд негде или не?
    Пред некоја година знам ги купив од купикнига Левијатан од Хобс и Расправа за двете влади од Лок, ама ги тргнаа од сајтов, не знам зошто. А се најдуваа интересни филозофски наслови.
     
    На ЈуријАркадиевич му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Shawn Spencer

    Shawn Spencer

    Член од:
    10 октомври 2011
    Мислења:
    2.838
    Допаѓања:
    2.853
    Општ впечаток од саемов ми е дека секоја година е се` полошо. Кај некои издавачи цените не мрдаат со години, кај други цените на книгите скокнале од вообичаените цени (пример Магор). „Три“ со нивните попусти од 20 до 80 денари се стварно смешни. Шундот и кичот (читај Нејќам книги и Некултура) и годинава најмногу се трошат, барем според објавите во групата на фб.

    „Борис“ не е за ваков настан, го знаеме тоа сите, ама за жал немаме подобра алтернатива. Погоре се жалеше некој за децата, а јас ќе ги спомнам само родителине што со цел памет ги зеле бебињата во количка да ги туркаат. Кај е тесен просторот, па уште и со количките блокираат пат. Два пати бев и двата пати гледав што побргу да излезам. :mad:

    И за крај едно сличе од годинашниов лов.
    20190513_110445.jpg
     
    На Dumbledore, Almeida, џимеј и уште 7 други им се допаѓа ова.
  3. Almeida

    Almeida гад

    Член од:
    15 февруари 2015
    Мислења:
    6.033
    Допаѓања:
    12.669
    Потпис на претходново мислење.

    Саемот е рефлексија на нашава генерална "состојба", нашава културолошка жабокречина . Преовладува "евтинија", сомнителен избор и не сакам ни да знам какви преводи. Попустите се симболични и не вреди да се потепа чоек да оди, додека патетични се акциите од типот "5 за 100" на штандови на кои не би можел да најдам една што макар би ја пролистал, а не да седнам да ја читам. Кога одам по продавнициве за книги обично гледам да потрошам што повеќе време и да прочепкам низ што повеќе наслови, а овде тоа е практично неможно заради гужвата и буката.
    Полека ќе ни станува јасно каква загуба е рушењето на саемот. Просторот на БТ не е ужасен, ама не дозволува некаква функционална распределба, па така имаш дечиња што се џапаат по некаква нивна фикција испомешано со оние теории на заговор, илуминати, религија исл.
    Симболично земав две книги, колку да не ми биде џабе фрлена картата и бензинот до таму.

    П.С. црна дамка е штандот на убедливо најлошата издавачка куќа Ѓурѓа со писанието по НГ.
    Дали од срам или не знам од која причина околу нив беше формиран како вакуум, барем јас кога бев таму.
     
    На Dumbledore, AceCaleb, Shawn Spencer и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. BilboBaggins

    BilboBaggins

    Член од:
    1 март 2010
    Мислења:
    5.180
    Допаѓања:
    7.810
    Мртви души, ако ја има некој, подобар е преводот од Бата Прес или Арс Либрис? Или ниту еден не чини? На купикнига имаат некои „саемски“ попусти со бесплатна достава до полноќ вечерва, па да искористам :D
     

Сподели преку: