Саем на книгата

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.838
Дечки Аз-Буки имаат штанд негде или не?
Пред некоја година знам ги купив од купикнига Левијатан од Хобс и Расправа за двете влади од Лок, ама ги тргнаа од сајтов, не знам зошто. А се најдуваа интересни филозофски наслови.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.161
Поени од реакции
10.125
Општ впечаток од саемов ми е дека секоја година е се` полошо. Кај некои издавачи цените не мрдаат со години, кај други цените на книгите скокнале од вообичаените цени (пример Магор). „Три“ со нивните попусти од 20 до 80 денари се стварно смешни. Шундот и кичот (читај Нејќам книги и Некултура) и годинава најмногу се трошат, барем според објавите во групата на фб.

„Борис“ не е за ваков настан, го знаеме тоа сите, ама за жал немаме подобра алтернатива. Погоре се жалеше некој за децата, а јас ќе ги спомнам само родителине што со цел памет ги зеле бебињата во количка да ги туркаат. Кај е тесен просторот, па уште и со количките блокираат пат. Два пати бев и двата пати гледав што побргу да излезам. :mad:

И за крај едно сличе од годинашниов лов.
20190513_110445.jpg
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Потпис на претходново мислење.

Саемот е рефлексија на нашава генерална "состојба", нашава културолошка жабокречина . Преовладува "евтинија", сомнителен избор и не сакам ни да знам какви преводи. Попустите се симболични и не вреди да се потепа чоек да оди, додека патетични се акциите од типот "5 за 100" на штандови на кои не би можел да најдам една што макар би ја пролистал, а не да седнам да ја читам. Кога одам по продавнициве за книги обично гледам да потрошам што повеќе време и да прочепкам низ што повеќе наслови, а овде тоа е практично неможно заради гужвата и буката.
Полека ќе ни станува јасно каква загуба е рушењето на саемот. Просторот на БТ не е ужасен, ама не дозволува некаква функционална распределба, па така имаш дечиња што се џапаат по некаква нивна фикција испомешано со оние теории на заговор, илуминати, религија исл.
Симболично земав две книги, колку да не ми биде џабе фрлена картата и бензинот до таму.

П.С. црна дамка е штандот на убедливо најлошата издавачка куќа Ѓурѓа со писанието по НГ.
Дали од срам или не знам од која причина околу нив беше формиран како вакуум, барем јас кога бев таму.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.439
Мртви души, ако ја има некој, подобар е преводот од Бата Прес или Арс Либрис? Или ниту еден не чини? На купикнига имаат некои „саемски“ попусти со бесплатна достава до полноќ вечерва, па да искористам :D
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.497
Поени од реакции
26.068
Дали Младинска Книга официјално се повлечени од државава ?
3-4 години не сум ги видел на саем а и нивните ``јеховини`` не шетаат по станови и фирми со книги .
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.267
Поени од реакции
8.637
Мртви души, ако ја има некој, подобар е преводот од Бата Прес или Арс Либрис? Или ниту еден не чини? На купикнига имаат некои „саемски“ попусти со бесплатна достава до полноќ вечерва, па да искористам :D
Јас ја имам Мртви души, изданието на Мисла од 1982 год. во превод на Тодор Димитровски. Изданието на Арс Ламина како што гледам на cobiss.mk го има истиот преведувач како и тоа на Мисла.

Мене ако ме прашуваш, подобро побарај го старото издание на Мисла, има тврди корици, со малку трпение книгата ќе ја најдеш речиси некористена и ќе заштедиш некоја стотка...
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.439
Јас ја имам Мртви души, изданието на Мисла од 1982 год. во превод на Тодор Димитровски. Изданието на Арс Ламина како што гледам на cobiss.mk го има истиот преведувач како и тоа на Мисла.

Мене ако ме прашуваш, подобро побарај го старото издание на Мисла, има тврди корици, со малку трпение книгата ќе ја најдеш речиси некористена и ќе заштедиш некоја стотка...
Ми се чини дека баш тоа издание беше што го читав кога ја зедов од библиотека, преводот и изборот на зборовите е феноменален и баш заради тоа не бев сигурен :D. Не ја купив, ќе ја побарам на старо, ако не фотокопија од библиотека :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.707
Поени од реакции
36.546
Дали Младинска Книга официјално се повлечени од државава ?
3-4 години не сум ги видел на саем а и нивните ``јеховини`` не шетаат по станови и фирми со книги .
Еи, стварно бе, и јас не сум ги видел. Инаку, еднаш бев на интервју за работа кај нив. :LOL:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Или-Или


[DOUBLEPOST=1561315658][/DOUBLEPOST]Просветно дело
[DOUBLEPOST=1561315702][/DOUBLEPOST]Антолог
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
2
Поени од реакции
0
Некој ги спомна Александар и Душко во претходните објави. Опасни се и двајцата, мада не знам Душко која возраст е, иако спорес Слана остава впечаток како дс е 80 годишен старец кој е разочаран од судбината, и ај сега ќе и' се одмаздуваме на кучката! Од Александар сите ги имам прочитано и се одлични, а од овој другиот ја имав само За два дена реча ДА читано и сакав да прочитам потешка книга. *Слана* ме тресна од земја и таква тематика никогаш повеќе. Маестрална е приказната, но не е за мене!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.707
Поени од реакции
36.546
Душко остава впечаток како дс е 80 годишен старец.


Не знам на кој Александар мислиш: Прокопиев, Кујунџиски, Русјаков, Сергеевич Пушкин... Не знам кој ги спомнал овие двајца (зашто претпоставувам дека тој Александар не е еден од овие погоре), ама убеден сум дека не ги спомнал по арно.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227


Не знам на кој Александар мислиш: Прокопиев, Кујунџиски, Русјаков, Сергеевич Пушкин... Не знам кој ги спомнал овие двајца (зашто претпоставувам дека тој Александар не е еден од овие погоре), ама убеден сум дека не ги спомнал по арно.
Александар Алексов :D:D:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom