Искрено јас малку сум разочаран. Не се работи само за цената, се работи и за односот. Обично на саемот треба да се промовира новиот проивод и да се рекламираат оние кои веќе ги имате. Оваа година слаба реклама и досега највисоки цени, со одредени исклучоци. Но гледам на групава на фб луѓе купуваат се’, притоа не им е битна цената или производот. Ок, попуст од 50 ден. секој може да си го дозволи во текот на годината, не гледам причина зошто некој би се залетал за таа книга, освен ако не е нова. А од друга страна и читам коментари во смисла да не се критикуваат цените, книгите и преведувачите само затоа што некој се помачил книгата да ни ја донесе во Македонија на македонски јазик! Логиката им е.....исто како им да кажам луѓе дај не се бунете за вакцините од среден квалитет, некој се помачил да ни ги донесе. Или пак зошто толку галама за месото чувано од 90тите од Ј.Америка, барем нема да бидете гладни! Ако нешто е срање, тогаш тоа треба да се нагласи, како што беше со преводот на една книга на Нора Робертс од Култура, која подоцна истата беше и повлечена. Дали таа книга требаше да остане во промет, држејќи се до оваа “логика“?
Јас денес ќе одам, ќе си земам 2 трилера од Бегемот, ПНВ лани ме изненадија, па и оваа година ќе ги посетам, Полица (ако навистина имаат класици по 100 ден.), ќе си земам уште 2-3, кои претходно ги немаше во книжарницата, можеби ќе си земам нешто од Антолог (треба уште еднаш да ги видам оние 10 за 600) и ќе одам до Магор и Или-Или, во случај нешто да ми фати око. Нема оваа година да земам ништо на англиски од проста причина што 3 год. купувам класици на англиски и ниту еден немам прочитано.
Прашање, дали 3те книги од Кисинџер од Полица се 320 ден. (како комплет) или секоја поединечно?
