Саем на книгата

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
И да се 20 книги за 600 ич ама ич не ме влечат, нема трилери таму, ни одблизу. Јас може сум ограничен малку со жанрови ама овие што им се во понудата гарант прашина им фаќаат со години па ајде да ги исчистат...
Па не би рекол баш. Во понудата има наслови од Мартинес, Ефремов, Лакснес, Змекшал, Барико... Може да се состави убаво списоче.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
И да се 20 книги за 600 ич ама ич не ме влечат, нема трилери таму, ни одблизу. Јас може сум ограничен малку со жанрови ама овие што им се во понудата гарант прашина им фаќаат со години па ајде да ги исчистат...
Проблемот е што сите оние изџвакани трилерчиња што се појавија во последниве деценија - две за широка популација да ги чита „во еден здив“ секогаш држат на цена, баш заради подоле споменатово - популација која не мрднала од Линвуд Баркли, Џејмс Ролинс, Ден Браун и сл, масовно ги купува. Док има оваца за шишање, биќе и вуне.
А еве јас не знам што му фали на еден Quo Vadis кој е 10 пати подобар од било кој историски роман што излегол во последниве 10 години. Или Името на розата...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Еве ги конечно и Или Или со целосната понуда:

Македонски автор(к)и

Не одам никаде -300
Мојот маж – 200
Чкртки -230
Утеха за голите -200
Собирачи на пепел -200
Нен. месечева соната -200
Кога заминав од К. Либкнехт – 300
Резервен живот – 280
Но-Уи – 200
Скриена камера – 200
Последните денови на Ханс - 200
Пливање спротиводно– 200
Секој со своето езеро - 200
Арно ама – 250
Мојот непријател Итар Пејо - 200
Послушен брод што плови– 200
Земја на бегалци, Кица Колбе – 390
Страв од варвари – 200
Очи со боја на чевли – 130
Телото во кое треба.... - 130
Одбројување – 250
Вишнова хроника – 200
Вергина - 200
Шепотот на Данте– 150
Додека Данте спие - 150
Улиците што ги нема– 200
Сошиени раскази - 250
Филмски град - 200
Филм мкд – 200
Фото синтеза - 200
Атена со пенис– 150
Тринаесеттиот месец - 200
Ги најдов во длабокото – 150
Голтка восхит од пехарот на вечноста – 150
Далечини – 150
Еден текст и една жена – 150
Единаесет жени – 130
Клупа меѓу светови – 150
Куфер за тројца – 200
Напишана тишина – 250
Небо без ѕвезди – 150
Ние сме лудаци – 250
Пластични приказни - 200
Првиот унив. ден на мојата ќерка – 200
Помеѓу – 150
Пинокио и вештерката - 200
Слики со животна уверливост – 150
Три дена во Париз – 200
Црно на бело– 150


Преводна литература

Сите наши тела – 200
Физика на тагата - 300
Природен роман, Г. Господинов – 250
И се стана месечина – 200
Малечка – 200
Олга - 300
Битлси, Ларс. С. Кристенсен - 400
Карневал, Рави Хаж - 200
Аквариум, Кристина Тот – 150
Алчност, Елфриде Јелинек - 200
Атлас на облаците, Дејвид Мичел - 350
Бели заби, Зејди Смит - 250
Без догма, Х. Сјенкевич - 250
Берлински тополи, А.Б. Радге - 200
Болеста на Монтано, Енрике Вила Матас – 200
Болка од камен, Милена Агус –200
Бугати се појавува, Леа Доер - 150
Во камен, Клеменс Маер - 250
Вадисрце, Борис Вијан – 200
Венеција, Владимир Пиштало – 150
Викенд, Бернхард Шлинк – 150
Вимблдонскиот стадион, Даниеле дел Џудиче - 150
Во трагата на бродот, Пер Петешон - 200
Гол живот, Луиџи Пирандело – 200
ГОТЛЕНД, Мариуш Шчигел – 280
ДЕЛИКАТНОСТт, Давид Фоенкинос – 250
Душевен мир, А.Х. Танпинар – 250
До последниот здив, Ана Сверд – 200
Ѓубре, Ирвин Велш - 200
Едноминутни новели, Иштван Еркењ - 150
Есен во Пекинг, Борис Вијан – 200
ЖЕНАТА НА СКАЛИТЕ, Бернхард Шлинк – 200
Жената на франц. поручник, Џон Фаулс - 350
Звукот на сончевиот часовник, Хана Андроникова – 250
Играта на Де Ниро, Рави Хаж - 200
Илјадагодиш. есен на Јакоб де Зут, Дејвид Мичел –350
Имитатор, Хари Кунзру – 250
Институт за регул. на времето, А.Х. Танпинар - 200
Истанбул беше сказна, Марио Леви - 300
Илуминации, Валтер Бенјамин - 200
Изворите на сепството, Ричард Тејлор - 350
Ја проколнувам реката на времето, Пер Петешон - 200
ЈУГОСЛАВИЈА моја дежела, Горан Војновиќ – 280
Крајот, Атила Бартиш – 300
Коскени часовници, Дејвид Мичел - 350
Календарот на Маите, Зоран Фериќ – 250
Каналот Мусолини, Антонио Пенаки – 300
Како да се упокои вампир, Борислав Пекиќ - 200
Книга на сеќавања (1-2), Петер Надаш - 390
Комунистот Монте Кристо, Сечи Ноеми - 150
Лебарка, Рави Хаж - 200
Летни лаги, Бернхард Шлинк – 250
Љубовно писмо со клинести знаци, Томаш Жмешкал - 200
Малку, Хакан Гундај – 250
Малите прсти, Филип Флоријан – 150
Малечката Лили, Карафиат Оршоја – 200
Мачешки писма, Оја Бајдар - 250
Мистер Гвин, Алесандро Барико - 200
Нешто да ти кажам, Ханиф Курејши - 290
Ништожни мали животи, Шандор Жигмонд Пап - 150
Одбивам, Пер Петешон – 200
Одбрана/и последни денови, борислав Пекиќ - 150
Отпорот е залуден, Валтер Сити - 250
Првобитните нешта, Бруно Виејра Амарал – 250
Приказна за суштината на времето, Рут Озеки – 290
Полубратот, Ларс. С. Кристенсен - 350
Пената на деновите, Борис Вијан – 200
Посетата на дворскиот лекар, Пер Улоф Енквист - 200
Последниот збор, Ханиф Курејши – 200
РОД, Миљенко Јерговиќ – 399
Растроена жена, Јулија Франк - 200
Рубаии, Омар Хајам – 150
Светот, Х. Х. Маљас - 150
Свеста на Ѕено, Итало Звево – 250
Си беше една жена... Људмила Петрушевскаја - 150
Слава, Даниел Келман - 200
Собирач на автограм, Зејди Смит - 200
Талкачи, Олга Токарчук - 200
Тивок хаос, Сандро Веронези - 250
Ќе ви плукам на гробовите, Борис Вијан - 150
Улица, Бији Банделе – 200
Ф, Даниел Келман - 200
Филозофија на виното, Бела Хамваш - 150 ден
Црвец, Џон Фаулс - 300
Црешовото дрво и старите чувства, М. Бодрожиќ – 150
Чиста анархија, Вуди Ален – 200

100 ДЕНАРИ

Белиот чад, Оливера Николова – 100
Бог и бетон, Ричард Милошевски – 100
Варијации на магич. реализам, Фросина Пармаковска – 100
Ге-дур, Тамара Јолевска Попов – 100
Дневна соба, Јана Лозаноска – 100
Есеи, Линдита Кадриу - 100
Исповедни финеси,– 100
Катализатор 33, Ирена Јорданова – 100
Кругови, Тина Иванова – 100
Холограм– 100
Чејка и чајка– 100
Болестите на модерното. време, Ричард Тејлор - 100
Вртоглав лавиринт, Адам Фолдз – 100
Едно лето од љубов и пепел, Алине Апостолска - 100
Бања – 100
Бела ноќ на љубовта, Густав Херлин Груѓински – 100
Жули или разврат, Марсел Моро – 100
Златен оков, Џинг Ајлинг - 100
Книгата на таткото, Урс Видмер – 100
Колекционер на љубовни приказни, Александар Секулов - 100
Куќа за средби, Ален Роб-Грије - 100
Крајот на еден семеен роман, Петер Надаш - 100
Мод и Од, Гунстеин Баке – 100
Неодреден предел, Петер Штам – 100
Последниот свет, К. Рансмаер – 100
Пиксел, Кристина Тот – 100
Прогонетите, Чилер Илхан – 100
Стравот на голманот од пенал, Петер Хандке – 100
Сто дена, Лукас Барфус - 100
Трезнење, Јурај Шебеста - 100
Филозофот игра фудбал, Виктор Жмегач - 100
 
Член од
1 мај 2014
Мислења
106
Поени од реакции
163
Па сега може и делумно е така, но никој не може да каже дека Каризи, не знам еве Тес Геритсен, Стив Бери, Ден Браун, Ју Несбе и сл. немаат добри трилери (не навлегувам во преводот, тоа зависи од издавач до издавач)... За мене Баркли е послаб...

Е сега народот си го сака тоа зошто е покомерцијално, попитко за мнозинството итн. а веројатно и поинтересно отколку да читаш поквалитетна, но за многумина здодевна филозофска литетартура, автобиографии и сл. Јас не викам дека тие дела од понудата се лоши, но верувај има и причини зошто и по таа цена ретко кој ги купува.

А друга приказна е цената на правата, популарноста на авторите си го прави своето... Колку и да е неквалитетна книгата (еден куп ги има такви), лимонатка, изџвакано трилерче што викаш итн. секогаш ќе се поскапи правата зошто е популарен авторот, ќе се држи цена и плус тоа ќе има добра публика за да ги чита...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Искрено, и Или Или ме разочараа малце - цените од А до Ш им се буквално истите од последниот попуст кој го имаа кај нив во книжарница. А пола од книгите на кои им имаат ставено цени 150-250 денари, јас веќе ги имам дома и ги купив од кај нив по цена од 100 денари.
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Па сега може и делумно е така, но никој не може да каже дека Каризи, не знам еве Тес Геритсен, Стив Бери, Ден Браун, Ју Несбе и сл. немаат добри трилери (не навлегувам во преводот, тоа зависи од издавач до издавач)... За мене Баркли е послаб...

Е сега народот си го сака тоа зошто е покомерцијално, попитко за мнозинството итн. а веројатно и поинтересно отколку да читаш поквалитетна, но за многумина здодевна филозофска литетартура, автобиографии и сл. Јас не викам дека тие дела од понудата се лоши, но верувај има и причини зошто и по таа цена ретко кој ги купува.

А друга приказна е цената на правата, популарноста на авторите си го прави своето... Колку и да е неквалитетна книгата (еден куп ги има такви), лимонатка, изџвакано трилерче што викаш итн. секогаш ќе се поскапи правата зошто е популарен авторот, ќе се држи цена и плус тоа ќе има добра публика за да ги чита...
Не дека не е популарна Името на розата... Или еве имаш добри крими трилери на Агата Кристи кои се продаваат скоро за џабе.

Издавачките куќи ја согледуваат мрзеливоста на народот, и со тоа ги форсираат овие писателчиња со нивните соџвакани книги, со одличен маркетинг.
Да бидам искрен, читани ми се и Браун и Ролинс на времето, па после третата книга веќе не гледам некоја длабочина во нивното пишување, сем истиот шаблон на теории на заговор, подруми со скриени ходници. Ништо спектакуларно и различно.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Искрено, и Или Или ме разочараа малце - цените од А до Ш им себуквално истите од последниот попуст кој го имаа кај нив во книжарница. А пола од книгите на кои им имаат ставено цени 150-250 денари, јас веќе ги имам дома и ги купив од кај нив по цена од 100 денари.
И кај Магор го приметив ова, некои цени им се повисоки и од претходниот саем, книги што сум ги купувал по пониска цена од сега што ја гледам во каталогот. За сега Антолог, Бегемот и ПНВ публикации имаат најфер попусти, додека пак убедливо најсмешни попусти се на Три со цени од типот на од 500 на 450.
 
Член од
1 мај 2014
Мислења
106
Поени од реакции
163
Агата мене ми е закон еден куп од неа имам прочитано плус делумно и накај класик ми оди, иако да тој еден ист шаблон го вртат многу автори... Инаку сега слушам на ТВ завод за статистика вика дека сега книгиве се намалени за 15% за разлика од истиов период лани што ќе му дојде ланскиот саем, тотална небулоза е ова барем за мене :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
И кај Магор го приметив ова, некои цени им се повисоки и од претходниот саем, книги што сум ги купувал по пониска цена од сега што ја гледам во каталогот. За сега Антолог, Бегемот и ПНВ публикации имаат најфер попусти, додека пак убедливо најсмешни попусти се на Три со цени од типот на од 500 на 450.
Да, и Магор исто. Од Влада Урошевиќ комплетот беа по 100 денари книга до лани, сега се по 150.
 
Член од
24 ноември 2013
Мислења
216
Поени од реакции
268


Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
„Ѓурѓа“ и се е можно...
Таман, ко ќе ги стават на штандот „Мојата борба“ на Хитлер (искасапено издание) и оваа на Гwујо една до друга... Па, па, па, па, па... Има да се испотепа народ!
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Таман, ко ќе ги стават на штандот „Мојата борба“ на Хитлер (искасапено издание) и оваа на Гwујо една до друга... Па, па, па, па, па... Има да се испотепа народ!
И онаа на Љубчо бичката заедно. Трилогија на запалените книги од За Фон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom