P Valley оригинално емитувана на Starz, јас ја гледав првата сезона на торент.
Серијава е сконцентрирана околу стриптиз клубот Пинк и се она што им се случува на девојките и газдата на клубот.
Обично не следам драма серии, ама оваа ми се допадна, пред се поради трите девојки кои го носат дејството на серијата, ама и заплетот е одлично направен.
Серијава третира теми како домашно насилство, религија, криминал, забава.
Ја навија и втората сезона. Другарка ми Кортни што работеше како балерина на брод се обидува да упадне во серијава.