Ќе препорачам нешто постаро - I, Claudius, британска серија. Базирана на истоимена книга од Роберт Грејвс.
Меланхолична и со црн хумор. На моменти и насилна, брутална.
Се работи за императорот Клаудиј, кој го наследува Калигула. Го глуми тогаш млад Дерек Џекоби кој глуми сенатор во Гладијатор двата дела. Тиковите и д'ткањето ги глуми совршено, неверојатен е Џекоби во улогата.
Дејвид Чејс режисерот на Sopranos ја базира Ливија Сопрано на (освен неговата мајка) Ливиа Аугуста од оваа серија и Џорџ Мартин го базира Станис Баратеон на Tiberius. Ако ја гледате оваа серија а сте гледале Sopranos/читале ASOIAF или барем гледале GoT ќе ги приметите сличностите кај овие карактери.
Уметничка серија со добри глумци, улога има и млад Патрик Стјуарт.
Ја има на youtube, што е предност, ова е прва епизода:
Една сезона, 13 епизоди.