Предлог за серии и кратки рецензии

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
За да не се отвара тема за секоја нова серија по што има доста нови излезени и некои стари кои се подзаборавени, предлагам овде да пишуваме по нешто за сериите кои не се сеуште толку актуелни, а сепак вреди да се погледнат и за сериите од кои очекуваме нешто.

Еве јас ќе започнам со некои неодамна излезени серии.

Eleventh Hour



Во главните улоги:
Patrick Stewart
Ashley Jensen

Држава: САД

Година: 2008

Оваа серија е од пордуцентите на CSI, и е правена според истоимениот трилер.Се зборува за животот на докторот Jacob Hood, кој е научен советник во американската влада при испитување на нелегални експерименти со генетски инжинеринг.




My Own Worst Enemy



Главни Улоги:
Christian Slater
Madchen Amick
Taylor Lautner
Bella Thorne
Saffron Burrows
Mike O'Malley
Alfre Woodard
James Cromwell

Држава: САД

Година: 2008

Henry Spivey е нормален 30- годишен човек од средна класа, живее во предградието со неговата сопруга и двете деца. Edward Albright е оперативен агент, обучен да убива, зборува 13 јазици и е чиста спротивност на Хенри. Но тие двајцата имаат една заедничка работа, тие делат исто тело.






Мене лично втората ми остави поголем впечаток.:pipi:

 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Во Недела во 22:30 часот на Телевизија Телма почнува да се прикажува серијата "Бригада". Кој сака да дознае повеќе за серијата нека го посети линкот:
http://sr.wikipedia.org/wiki/Сашина_екипа

Епа ајде сега, аирлија гледање, и очекувам коментари за серијата...:vozbud::helou:
 
Член од
22 октомври 2007
Мислења
32
Поени од реакции
3
Во Недела во 22:30 часот на Телевизија Телма почнува да се прикажува серијата "Бригада". Кој сака да дознае повеќе за серијата нека го посети линкот:
http://sr.wikipedia.org/wiki/Сашина_екипа

Епа ајде сега, аирлија гледање, и очекувам коментари за серијата...:vozbud::helou:
Ја гледав 1 епизода. Малку релаксација од овие англиско-американски серии.
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
The Mentalist


Во главните улоги:
Amanda Righetti
Simon Baker

Држава: САД

Година: 2008

Во серијата се зборува за историјата на еден човек, Патрик Џејн, Кој работи како независен приватен детектив во Калифорнијското ФБИ. Тој има јасновидска способност која му помага во решавањето на криминалните случаеви.

Доста е забавна за гледање :)

 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Многу добра серија вреди да се гледа.Јас сум стасан до втора сезона епизода десет па чекам да ги стават и другите.
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
The Big Bang Theory

Во моментов од серијава оди втора сезона, но не сум видела некој да ја спомне па решив да ја предложам.


Во главните улоги:

Johnny Galecki

Jim Parsons

Kaley Cuoco

Simon Helberg

Kunal Nayyar

Држава: САД

Година: 2007

Време на траење: 22 минути

Ова серија е доста комична, во неа учествуват неколку научници кои се опседнати со квантната физика но имаат уште доста на научат во животот. Тие можат се да ви кажат за квантната физика но за жал не знаат како да разговараат со жена :) Овде стапува на сцена нивната соседка која ќе ги научи на доста нешта. Прилично забавно за гледање :)
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
310
Поени од реакции
108

Серијава е ЗАКОН, повеќе ми се допаѓа и од Пријатели.
Во Америка сега се емитува 4 сезона
Знае ли некој дали се емитува кај нас на некоја локална телевизија?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Серијава е ЗАКОН, повеќе ми се допаѓа и од Пријатели.
Немој вакви работи... Сега ќе морам да ја гледам. :vozbud: Иако Пријатели си се Пријатели, тешко се надминува тоа.


За "Grey's Anatomy" (2005). Прво малку ќе се цитирам:

Уживав во првите 3 и до некаде четвртата сезона. Петтава некако тргна во погрешен правец.

Прво, Dr. George O'Malley го има се помалку и помалку. Не прави скоро ништо освен што се плетка наоколу. Ова е лошо затоа што во првите сезони беше еден од најинтересните ликови, и секогаш во центарот на приказната. Isaiah Washington беше избркан од серијата токму поради конфликтот со него, кога веќе мораа да изберат помеѓу двајцата. Ова само во врска со значењето што го имаше (и се надевам се уште го има) овој глумец за серијата.

Љубовните приказни се благо речено за никаде. Откако поштено ни здосади врската помеѓу Meredith Grey и Derek Shepherd се очекуваше нешто ново и интересно. Гледачите добија една лезбиска врска од која и на машките им се смачува (што не е природно) и на повидок е врска помеѓу Cristina Yang и Owen Hunt кој очигледно е големо промашување во серијата и ужасно се снаоѓа во улогата на доктор. И како круна на се, имагинарната врска помеѓу шармантната Izzie Stevens и мртвиот Дени :tapp: ...

Единствено добро што и се случи на серијата во 5-тата сезона е појавувањето на Chyler Leigh, некогашната ѕвезда од тинејџерската хит-комедија Not Another Teen Movie (2001).

Нема повеќе драматични животни приказни на актерите, се се сведува на решавање на чудни и тешки случаи и погрешни љубовни афери кои не успеваат да ја заинтересираат публиката. Ако продолжат во овој правец серијата нема да трае уште долго. Тоа би било штета, затоа што актерите во оваа серија имаат огромен потенцијал.
Во меѓувреме, T.R. Knight кој ја има улогата на Dr. George O'Malley побарал ова да му биде последна сезона, а истото го најави и Katherine Heigl. Серијата се ближи кон крајот. За оние кои ја сакаат, можат да ја побараат и серијата Private Practice која e spin-off на "Grey's Anatomy".
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Само што ја изгледав единствената досега епизода од серијата која многу ветува - "Lie to me". Актерската екипа е совршена, Tim Roth, Monica Raymund, Kelli Williams и Brendan Hines. Се работи за Dr. Cal Lightman (во улога на Tim Roth) кој има талент (ги "чита" луѓето според нивните движења и гримаси на лицето, нивниот body language) и го има усовршено со специјални тренинзи, па тоа го користи за помагање за воспоставување на правдата, сепак со помош на неговата екипа (другите спомнати погоре). Вреди да се погледне.

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
"The Class" (2006)



Ја сакам серијава. Ја сакам толку многу што ми доаѓа да ги најдам оние што се одговорни за нејзиното откажување и да извршам неколку убиства од прв степен. Има и добри страни кога не можеш да извадиш виза...

Енивеј, серијава е од продуцентите на
"F·r·i·e·n·d·s" (1994) , и според огромен број на коментари на интернет лесно можеше да се случи оваа серија да го наследи ултра-популарното шоу. Се започнува кога Ethan Haаs ќе направи забава за својата девојка, поканувајќи ги сите од класот во кој учел во 3-то одделение, пред 20 години. Од овие останува група од 8 откачени ликови околу кои се врти дејството + уште неколку одлични споредни улоги. Посебен впечаток оставија Lizzy Caplan во улогата на циничната Kat Warbler и Jesse Tyler Ferguson како мизерно изгубениот Richie Velch. И останатите се вклопуваат добро, серијата е полна со ликови кои ќе ги засакате и тоа и е најголема предност. Исто така има и една од најдобрите пилот - епизоди кои сум ги видел.

За жал, и покрај доволно добриот рејтинг, серијата е откажана после првата сезона, па така има само 19 епизоди што е навистина штета, затоа што баш тогаш почнаа да се случуваат работите... После тоа имаше организирани петиции за враќање на серијата но завршија безуспешно. Критиките на интернет се одлични а просечна оцена на IMDB e 8.0 што е сосема реално.

Ја препорачувам на сите кои сакаат sit-com серии, згора на се малку епизоди се и супер е за гледање во неколку дена.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
The Big Bang Theory

Во моментов од серијава оди втора сезона, но не сум видела некој да ја спомне па решив да ја предложам.


Во главните улоги:

Johnny Galecki

Jim Parsons

Kaley Cuoco

Simon Helberg

Kunal Nayyar

Држава: САД

Година: 2007

Време на траење: 22 минути

Ова серија е доста комична, во неа учествуват неколку научници кои се опседнати со квантната физика но имаат уште доста на научат во животот. Тие можат се да ви кажат за квантната физика но за жал не знаат како да разговараат со жена :) Овде стапува на сцена нивната соседка која ќе ги научи на доста нешта. Прилично забавно за гледање :)
Постов ми е само да ги потсетам тие кои сеуште не ја симнале серијава.

Како што би рекле американците hilarious e. Со современи шеги, анегдоти, луѓе. Не престанувам да се смеам кога ја гледам.

Фацата е Шелдон, типот од левата страна, колку е cool и гениј, толку е и идиот.:pos2:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Star Wars The Clone Wars.




Серијалот е нешто како цртан филм само за возрасни кој што има CARTOON NETWORK на кабловската можи да го гледа таму во вечерните часови. Инаку јас сум стасан до четврта епизода и сум прилично импресиониран од прикаската и ефектите, па ќе видиме што ќе се случи понатаму.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
American Idol -најбоја серија (од реалити тип) која постои и најгледана исто.

Од него излегоа ѕвезди како Kelly Clarkson, Carrie Underwood, Fantasia, David Cook и дргуи. Феноменална серија и за разлика од другите слични имитации во оваа сите пеачи кои се пласираат знаат да пеат феноменално.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom