- Член од
- 23 јуни 2008
- Мислења
- 4.002
- Поени од реакции
- 4.245
„Сонувај, заработи и живеј“ е мотото на овој тин мјузикл филм со елементи на мала драма. Филмот е римејк на популарниот мјузикл од 80те. Јас поради тоа што го немам гледано оригиналот, за кој сите зборуваат сé најдобро, овој ми беше доста солиден филм. Музиката е фантастична, непознати глумци (аматери со еден збор) кои навистина ќе те натерат да го изгледаш до крај филмот. Нема некоја баш љубовна приказна која го влечи дејството (како на пример во „Сочувај го последниот танц 2“, „Хани“ и слично), овде не е толку премногу нагласена, но далеку подобро направено од гореспоменатите. Иако не би го споредувал со тин мјузиклот „Step Up“ (Фати го ритамот), посебно 2. дел кој ми е најубав од таквиот вид на филмови. Секако да не го заборавам и фантастичниот прв дел од филмот „Сочувај го последниот танц 1“.
7/10
Деновиве сé обидувам да ги изгледам овие потенцијалните номинирани за Оскарите, па така еве вечерва ќе ви оставам рецензија на два филма. „Ценето“ е фантастичен драма филм од кој сигурно ќе останете со отворени очи на реалноста која е прикажана за животот на една 16 годишна афроамериканка која останува два пати трудна од својот татко, и постојано е мета од ударите на нејзината мајка. Филмот е направен со буџет од скромен буџет од 10 милиони долари, независен филм, но сите знаеме колку добри излеваат оние нерекламираните, и не толку истакнати филмови. Страшно добра приказна, глумата е фантастична, можеби и би побарал Оскар за Мо'Ник, глумицата која ја во филмот ја глуми мајката на Precious (Прешс). За главната номинација за најдобар филм можеби нема да го ставам, што знам, не ми е вообичаен филм да биде во главната категорија иако има одлични критики, но во категориите за најдобро адаптирано сценарио и споредна актерка мислам дека мора да се најде!
7.5/10