Последен гледан филм со кратка рецензија

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.676
Поени од реакции
34.155
Valkyrie



Филмче за војната. Неуспешен атентат врз Хитлер, и завзеање на Германија, па да направат спогодба со непријателите во контекс да се заврши војната.
Том Круз.. прв пат да ми се допадне неговата глума. 8/10 за филмот.

SexDrive



Секој втор го гледал, нема смисла да пишувам. Многу цицки и курови, сепак. :D
5/10.

Gran Torino



Филм кој премногу ми се допадна. Типот е старец,живее сам во wannabe кинезки кварт.
Арогантен премногу. Не се замара околу ништо, се додека еден ден не се спријатели со неговите соседи.
Му дава дирекции за животот на детето Тао, и го дава неговиот живот за тие да имаат мир и спокоен живот. Без локалните банди.
9/10.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
^

Да се надоврзам за тоа колку е смешен tag-line-от на Valkyrie.

Many saw evil (ок).
They tried to stop it.

THEY?!

Веројатно "посекси" би звучело...But only few tried to stop it.
Nevermind.

Он.топик

Night at the museum



За филмот премногу се мислев дали да трошам гигабајти...но кога конечно немав идеја што да симнувам,решив да го пуштам.
И покрај негативните критики.

Потоа сфатив зашто негативни.
Пред се ова е филм кој :

1.Треба да го гледате на што било освен Divx. (превод-подобра слика)

2.Не е за луѓе кои не се сеќаваат на нивното детство.

Би се осмелил и би го споредил со Toy Story,филмот едноставно ве занесува и има многу моменти кои возрасните би ги потсетиле на детството.
И бидејќи е таков жарн,не треба да бараме логика во нелогичните работи (а ги има поприлично).

Steve Coogan,Owen Wilson и Ricky Gervais се одлични.
Посебно Ricky Gervais,иако многу би сакал да го видам во филм со Steve Carrel (Michael Scott). :vozbud:

Филм кој ќе биде и многу забавен за децата...и заслужува една фина 7.5/10 оценка.

The Love Guru



Уф,мислам дека е разочарување на годината.
И тоа успева да кандидира за Златна Малина во скоро сите аспекти.

1.Ужасно наивна приказна (онака реално,за брејн демиџд луѓе само).
2.Актери кои имаат потенцијал а прифаќаат екстремно глупи улоги (Alba,Kingsley)
3.Одбивен главен лик.
4.Недефинирани ликови...

...Листата само продолжува.
Да го гледате Мајкл Маерс во овој филм...е како да гледате скеч од Симпсонс,само да не е смешен.
Симпсонс имаат карактеристика да,откога ќе заврши заебанцијата/шалата/итн...,ја продолжат сцената за оној филинг на незгодност (кој исто така е смешен).
Мајк Маерс ги продолжува заебанциите со тоа што...самиот се смее на нив.
Хорор за вашите очи и уши.

Едноставно кажано,ова е филм во кој Justin Timberlake е светлата точка.
Nuff said.

Оценка 2/10*.

* чисто за "The joke is in your hands" заебанцијата.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
The End Of America- Документарец 2008.
Гледајќи го овој документарец ми стана појасно зошто со толкав ентузијазам и искреност американците го избраа новиот нивни претседател. Овај филм го прикажува опшеството во САД после нападот на кулите близначки. Инаку е авторски филм на позната колумнистка и новинарка. Што да кажам гледајте го.
 
O

Out Boy

Гостин
Blown Away (3,9/5,0)

Лиом (Jeff Bridges) и Рајан (Tommy Lee Jones) се поранешни членови на ИРА. Денес, Лиом е експерт за деактивирање експлозиви во бостонската полиција, а Рајан само што бега од затвор во Северна Ирска. Во неговата психопатска глава тој има план: да ги убие сите членови на полициската единица на Лиом, а потоа и неговото семејство. Причина: Рајан го обвинува Лиом за смртта на неговата сестра, одамна додека поставувале бомба на пазарот во Белфаст. Филмот ве држи во неизвесност до самиот крај, гледајќи ги ликовите како се надмудруваат „играјќи“ си со бомби.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.676
Поени од реакции
34.155
August Rush



Филмот и ми се допадна и не. Звуците добро погодени, но многу "магија".
Сами се редат работите во животот на едно дете, чии родители не ни знаат за него.
Вреди сепак да се погледне. 6,5/10.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


Хмм... толку многу позитивни критики, награди и номинации, а сепак мене филмот не ме воодушеви нешто кој знае што. Ќе напоменам дека не е финтата до филмот, тукув ваљда е до мене што не сум баш обожавател на политички филмови. Ова е стварно едно прекрасно обработено дело, со одлична глума и сценографија... Франк Лангела, колку добро ја изглуми неговата улога стварно е за пофалба, на моменти можам да го рамнам и со Шон Пен за улогата во Милк... сепак добро обработен филм, но јас некако не можев да го сварам добро :pipi:

7/10 :smir:
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Twilight



Што и да кажам за филмов ќе биде излишно. Ме остави без зборови. Прекрасна глума, невидена хемија има помеѓу овие двајца .. Само оценка ќе дадам : 10/10
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
The Love Guru



Уф,мислам дека е разочарување на годината.
И тоа успева да кандидира за Златна Малина во скоро сите аспекти.

1.Ужасно наивна приказна (онака реално,за брејн демиџд луѓе само).
2.Актери кои имаат потенцијал а прифаќаат екстремно глупи улоги (Alba,Kingsley)
3.Одбивен главен лик.
4.Недефинирани ликови...

...Листата само продолжува.
Да го гледате Мајкл Маерс во овој филм...е како да гледате скеч од Симпсонс,само да не е смешен.
Симпсонс имаат карактеристика да,откога ќе заврши заебанцијата/шалата/итн...,ја продолжат сцената за оној филинг на незгодност (кој исто така е смешен).
Мајк Маерс ги продолжува заебанциите со тоа што...самиот се смее на нив.
Хорор за вашите очи и уши.

Едноставно кажано,ова е филм во кој Justin Timberlake е светлата точка.
Nuff said.

Оценка 2/10*.
isto posleden gledan film
cisto zaludno istroseni 90 min na gllup film ovaa godina majk majers zaedno so paris hilton gi sobraa site nagradi za najlos akter odnosno akterka
zatoa na site im preporacuvam ne go gledajte filmov....

ocenka od mene 1/10
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Прегледај го приврзокот 10213
Писател кој е под притисок на времето, се обидува да најде инспирација за книгата која треба да ја заврши за еден месец. Доколку не ја заврши ќе биде убиен од бандата. Тој најмува стенографка која на почетокот нема да сакам да му помогне, но кога ќе почне да биде негова инспирација таа се соживува со својата улога, и започнува да биде ко-автор на книгата... Книгата ќе содржи детални сегменти од негвиот вистински живот.
Секако дека како и секоја романтична приказна ќе се заљубат, но има една работа која ќе направи тотален пресврт. Се појавува неговата поранешна љубов
Што се случува на крај, останува да погледнете.
На филмов би му дал 9,5/10:smir:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
И конечно на добра R5 снимка,
Valkyrie (2008)




Според вистинит настан, за еден (мислам последниот) од 15-те обиди за атентат врз Адолф Хитлер.

Мислев дека нема да ми се допадне многу филмот со оглед на самиот факт што однапред ни е познато дека атентатот бил неуспешен, па очекував филмот да ја нема потребната напнатост и тензија, но се излажав. Филмот е за луѓето кои не сакале да го трпат срамот и кои ги жртвувале нивните животи и оние на нивните семејства, за да ја спречат неправдата и злото во Европа.

Филмот има недостатоци во поглед на тоа дека недоволно се одработени главните ликови и нивните приватни животи, а во главно се е фокусирано на планот за атентат, но од друга страна ова го прави филмот многу подинамичен и завршува во некои нормални временски рамки. Малку нервира фактот што во улога на неколку германски офицери се британски актери кои без разлика што се потрудиле да го изгубат акцентот, ќе направат да помислите дека филмот се одигрува во Лондон а не во Берлин. Гласот и посебно акцентот на Хитлер немаат врска со реалниот и слободно можам да кажам дека овој е најлошо одглумениот Хитлер што сум го видел, но за среќа се појавува на кратко во неколку сцени и не зборува многу.

Како и да е, за сите кои ги сакаат филмовите со тематика од WWII ова е филм кој не смее да се пропушти. На IMDB има 7.4 што се должи на големата одбивност кои многу луѓе ја имаат кон Том Круз заради работи што немаат врска со глумата, па така очекувам и секој негов нареден филм да биде нешто потценет. Од мене, 8.5 и ви препорачувам да го изгледате филмов.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
59
Поени од реакции
2
Еве вчера после долго натегање го изгледав "Slumdog Millionaire" и незнам стварно како може од овој филм да бидат восхитени толку луѓе,и како можеше да добие 8 оскари.Типична холивудска лимонада за безусловна љубов,за аутсајдер на кого конечно му се насмевнува среќата и господ му враќа за се лошо што му се случило дотогаш.Пошто е оскаровец очекував малку реалност во филмов ама во него нема ни р од реалност.Единственото нешто што го разликува од другите слични холивудски остварувања,е што филмов е сниман во Боливуд Индија со индијски актери па тоа му дава некоја егзотика.Се на се многу повеќе очекував од филм кој ги освои сите битни оскари годинава,ама изгледа дека оскарите веќе одамна не се мерило како што тоа беа порано.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
cinerella story 2

иако во неколку наврати реков дека се откажувам од сите тинејџерски филмови пошо крајот однапред се знае,сепак ај ме убедија некако да го гледам...
и како сите тинејџерски филмови така и овој..сличен е на оној со Hillary Duff
Се работи за девојка која живее во куќата на нејзината "втора мајка''(нејзината е почината) и нејзе постојано и служи. Во школото каде што учи има нова ѕвезда.. т.е. дечкото во кој ќе се заљуби е одличен пејач, а и прекрасно игра.
ИИиии така ќе се запознат на бал,каде што ќе го изгуби mp4 и ќе почни потрагата по пепелашка...
и на крај(откако ќе ги поминат сите препреки на патот) среќно си живееја...
Просечен е ..не е многу досаден...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Eight Below



Филмов конечно го начекав на екстремно добра снимка.Фан сум на Paul Walker и на инспиративните стории и овој филм ги задоволува очекувањата,но штета што не стреми кон перфекција.
Да започнеме со не-спојлер деловите :).

Глумата,освен од Walker (кој одлично ја доловува улогата на љубител на животни),е некако подпросечна и исфорсирана...
Океи,Џејсон Бигз и не е некој екстремен талент,ама во овој филм дури и ќе почне да ве иритира.
Од друга страна,пејсажите доловени во овој филм ќе ве остават без здив!
Би можело и само за нив да се гледа овој филм.
Од трета страна,кучињата се вистинските актери во овој филм.Немам зборови,толку е тешко да се изведат тие работи и така да се истренираат,што само ја докажува тезата дека Хаските се едни од најинтелегентните кучиња.И неверојатна хемија има меѓу нив (нешто што повеќето луѓе-актери го немаат).

Сега со спојлер деловите :zlo:

Сценариски и од режисерска гледна точка,филмов воопшто не е Дизни филм.Има страшни моменти,има и доста поучни.
Но никако не можам да сфатам како во саат време може толку малку да се прикаже...Од една страна го имаме ликот на Paul Walker,кој иако би умрел за кучињата,сепак 170 дена не успева да најде поддршка за да тргне по нив.Не гледаме жар,желба и слично...туку го гледаме како созрева.
Што и не е така лошо,бидејќи додава реалност на приказната...но сепак е ова филм,инспиративен пред се и да видевме малку жртва од главниот лик,филмот би заслужил чиста десетка.
И како можеше едно куче да остави назад...не ни провери дали е блиску/далеку.ДЕФИНИТИВНО можеше и подобар крај,луѓе плачеле на него...но според мене не беше тоа "тоа".


Still,да не го продолжувам овој црн спојлер дел и понатаму.
Ако сте вљубеник во животни,чиста препорака и не се сомневам дека 10/10 ќе добие.
Ако не сте...после ова можеби и мислењето ќе се промени и ќе бидете иден горд сопственик на хаски!
Шала,сепак не дотолку драстична промена,но може да се научи доста за овие животни.

Реална оценка според мене би била 8/10.
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Sex Drive

Досаден... 2 саати ко цела вечност ми се чинеа... 4/10

Legally Blonde

По незнам кој пат... И многу убав филм, со убава порака :) Верувам дека повеќето сте го гледале па нема да должам многу... 7/10

Yes Man

Се пронајдов у филмов :) Добро, можеби сега не сум до толку, ама порано бев многу.... И супер ми дојде филмчево.... Али, можеле многу подобро да го направат... Досаден е на моменти... 6/10

Мени за тројца
Не му знам правилно име, го гледав на Сител.... Интересна приказна, сепак ништо посебно. Ако не сте го гледале ништо не сте пропуштиле.... 4/10
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Milk
Wall - E
Seven Pounds

Сите три со кратка рецензија.(Y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom