Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
1 мај 2021
Мислења
191
Поени од реакции
785
Збор-два за новиот Бетмен:

Иако Патинсон се има покажано како поприлично сериозен глумец у последно време (Good Time, Lighthouse), не очекував кој знае што од него у филмов. Али стварно го доловува ова толкување на ликот, не како некој гламурозен плејбој a la Бејл, туку како забеган богаташ кој се чини дека не искача од дома и се тушира еднаш на 3 недели.

Другите глумци исто така добро се покажуваат, особено Колин Фарел како Роберт де Ни-овај, Пингвин, а Зои Кравиц е незаменлива. Акцијата исто така е одлична, брканицата посебно.

Единствена замерка ми е тоа што се чини дека се обиделе да убутаат два филма т.е. приказни у еден, што допринесува до претераната должина - реално филмот нема потреба да е 3 саата.

Tl;dr Вториот најдобар Бетмен филм до сега.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.235
Поени од реакции
16.380
сега заврши на тв Телма, супер филм, прв пат го гледам,
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.481
Поени од реакции
7.961
Beavis and Butt-Head Do The Universe (2022)
Ако некој гледал Бивас и Батхед пред 20-30 години ќе ужива во филмов. Тие што не гледале Бивас и Батхед но сепак сакаат лајтерица дебилни комедии мислам дека ќе им се допадне филмот.
 
Член од
7 февруари 2021
Мислења
260
Поени од реакции
783
The Voyeurs (2021)

1661596430047.png

Млад пар се вселуваат во нов апартман и приметуваат дека имаат директен поглед кон апартманот спроти нив. Љубопитноста на почеток води кон низа настани кои ќе им ги сменат животите засекогаш.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
...and justice for all (1979)

Гледам малкумина го изгледале овој филм! :(

Ова е еден од најдобрите филмови на Ал Пачино, каде гледаме секвенца од животот на Артур, зрел и темпераментен адвокат кој солидно се снаоѓа низ судските лавиринти, но присилно заглавува со навидум лесен предмет каде треба да го ослободи од обвинението за силување прочуениот судија Флеминг.

Суштински, попатно, се обработуваат неколку активни правни предмети, предмети кои наговестуваат надеж за правичност, испреплетени од визуелизација на активните и пасивните субјекти, нивното страдање и на крајот гладта за правда, а не за победа.

Ова е круната на филмот, последната сцена, последната секвенца, последната глава, крајот, кулминацијата. Фантастичен монолог кој прави критички осврт на правниот систем кој треба да се темели на правичноста како постулат наопштеатвениот систем. Веројатно подобар монолог и од оној од "Мирисот на жената".

Фантастично движење на камерата која едновремено ги лови реакциите на сите во судницата, а потоа го сместува гледачот во поротничката столица.

Фантастична глума на Ал Пачино, вербално и невербално, кои го доловува внатрешното страдање и моралното рушење на Артур кој е на крајот на животниот крстопат. Пред неговите очи, постепено, го губи својот дедо кој дал сѐ за тој да стане адвокат. Го губи својот пријател и партнер кој внатрешно колабира поради својот технички (не)успех. А крахира кога ја осознава вистината за Флеминг кој форсира стриктност и кусогледост кога станува збор за вистинската правда.

Ова е резултатот од сите фрустрации, ова е резултатот од сиот акумулиран гнев, ова е резултатот од трулиот систем кој треба да служи како гаранција за постоењето на општествениот ред:

 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.821
Поени од реакции
1.574
Elvis (2022)
Едноставно не го гледајте! Филмов повеќе зборува за менаџерот и тоа дека ако не бил тој Елвис никогаш немало да стане популарен. Второ кастингот ужас па во ЛА има подобри типови што личат на Елвис од актерот.
Тапа приказната многу малку музика и да сакала тогашната власт можела лесно да му избрише секаква трага.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.821
Поени од реакции
1.574
Idiocracy
Филмов има одлична поента и да светот баш оди натаму.
Година е 2005 и Џо е избран како воен експеримент за замрзнување на човек кој е со просечна интелегенција. Заедно со него е замрзната и Рита е арно ама ќе ги заборават па сега годината е 2225 , а Џо и Рита се најпаметните луѓе во светот моментално.
Одличен.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.821
Поени од реакции
1.574

Чекав да помине фамата за филмов за да го изгледам. Искрено не сум многу запознаен со животот на Фреди за да кажам колку е реален , но приказната како е склопена искина. Прикажано буквално подемот на Фреди настанокот на Квин ко група едноставо преубав е филмот . Патем очекував да заврши со песната Шоуто мора да продолжи :) нејсе 9/10.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591

Чекав да помине фамата за филмов за да го изгледам. Искрено не сум многу запознаен со животот на Фреди за да кажам колку е реален , но приказната како е склопена искина. Прикажано буквално подемот на Фреди настанокот на Квин ко група едноставо преубав е филмот . Патем очекував да заврши со песната Шоуто мора да продолжи :) нејсе 9/10.
Како и кај секој ваков филм и тука добар дел од настаните се фикција и не се случиле. На пример, продажбата на комбето, кавгите во бендот околу соло кариерата на Фреди и менаџерот што го глуми Мајк Маерс се измислени настани и ликови. Некои па настани се поместени временски за да се вклопат подобро во приказната. Фреди не бил болен во 1985 за време на Live Aid. Ја закачува сидата неколку години подоцна.

Show Must Go On е снимена пред смртта на Фреди во 1991 година па нема логика да ја има во филмот. Освен секако на одјавата.
 
Член од
27 јуни 2019
Мислења
14
Поени од реакции
0
Пред неколку години гледав еден филм, дејствието е од 60-тите години, инаку сниман последниве неколку години, ама не сум го зачувал во имдб и не можам да го најдам. Содржина: Две девојки со еден затвореник и мислам со уште еден, одат на долго патување со кола и на крај стигаат во куќата на Елеонор Рузвелт. Фала ви однапред, ако знаете како се вика филмот кажете.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.081
Поени од реакции
25.195
Добро, не е последен, ама чим ме држи импресија и после некој месец морам да го рецензирам. Кога отидов да го гледам без да прочитам ништо, нити пак да гледам трејлер помислив дека ќе биде уште еден типичен европски филм, протагонистот има некој проблем, сиромашен е, или во инвалидска количка, или има смрт на близок итн... и треба да се избори со тоа и со предизвиците што му следат.

О, колку само бев грешка!

Филмот си почнува полека, ништо посебно занимливо како увертира и запознавање на луѓето и позадината на настаните. Се додека не почнат дешавките. Дел се смееш, дел се држиш за глава. Минута се прашуваш на која психотропа биле режисерот и сценаристот, минута си викаш-Добро ај они што биле Демир Хисар тоа едно, него која е таа будала што го финансирала и одобрила филмот. Хуморот варира од брилијантен до максимално глуп но не и помалку смешен, напротив многу смешен баш затоа што е глуп, но намерно правен да биде глуп за да биде смешен, со умисла, а не ненамерно како The Room. Изобилува со критики, некои очигледни некои меѓу редови на ЕУ, естонското општество, религијата, омладината... и сето ова е одлично уклопено во бурлескното дејство во монтипајтоновски стил на текот на настаните. Имав доживување како да го читам Мамлеев во екранизирана форма. Филм што или ќе го сакате или ќе го мразите но филм којшто најверојатно нема да ве остави рамнодушен, а исто и филм што и да мислите дека е лош или глуп нема да мислите дека е клише и нема голема доза на уникатност и оригиналност. И last but not least, филм кој во никој случај нема да сакате да му го препорачате на Џонтра за да не ве колне до девето колено. Ако луѓето околу вас сметаат дека имате чудни и нетипични вкусови за работи, особено за хумор, ова е правиот филм за вас. Дефинитивно не филм за секој.

Од мене добива оценка високи осум зарез три. Лудница од филм!



 
Член од
23 август 2022
Мислења
429
Поени од реакции
763

Одличен филм и забавен вестерн од старт до финиш.Мел Гибсон ја игра главната улога на играч со карти и измамник кој собира пари за да влезе во покер игра со високи влогови.
Лесно и забавно филмче со одлична харизма на главните ликови.
Има интересна камео улога на еден актер кој игра во друга култна франшиза со Мел.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.135
Поени од реакции
13.261
The Butterfly Effect

1667864724816.png

Ретко пишувам на темава и слабо наоѓам време за рецензии, но за овој си реков ќе најдам 20 минути да пишам па што сака нека биде. Филмов е веројатно најпотценет филм на сите времиња. Го најдов во пребарувања од типот “movies similar to memento", ама некако дали тоа sci fi, дали Ештон Качер главен лик, ме одвраќаше да не го гледам филмот се досега... И искрено многу сум благодарен на тоа, дека ако го гледав пред 5 години веројатно немаше да го доживеам исто, си бара филмска зрелост филмов, бајги концентрација и посветеност во гледањето, не го гледајте во големо друштво или ако сакате некој лабав филм. Филмов ме натера да размислам за животот, да си преиспитам неколку ситуации што би било кога би било во минатото и како би се одвивале работите да не се случеле некои работи, што е всушност обратно од пораката на филмот, барем таа што јас ја сфатив, а тоа е да ги оставиме работите од минатото во минатото и да се помириме дека не можеме ништо да смениме, бидејќи секогаш сегашноста страда на сметка на минатото.

Butterfly effect како термин може да се сретне и во секојдневието, а тоа е кога некој мал настан од минатото (летање на пеперутката) ќе предизвика големи последици/настани во иднината. Филмот опфаќа дејствиа од детството, тинејџерскиот живот како и 25годишната возраст на едно момче кое има проблеми со меморијата и пробува со водење на дневник да врати сегмети од неговиот живот. Мислам дека е тоа е и повеќе од доволно што би можел да откријам за филмот, другото најдобро е самите да си го доживеете. Јас букално бев здрвен после филмов, ептен ме раздрма и ми е во топ10 movies all time сигурно.

Сега ќе ставам во спојлер тоа како го сфатив јас филмот, ве молам не го отварајте ако не те сте го гледале филмот.

Најголема дилема ми беше дали добро сум испратил кој е вистинскиот реален живот, а кои се сите навраќања со читање на дневникот. Според мене единственото вистинско сценарио е динамитот експлодира кај мајката и бебето, буцкото се мрднува ментално бидејќи он беше тој што го подметна динамитот, главниот лик си заминува од градот и тој црниот фрик му е цимер со кој се единствнеи во добри односи, бубалица е (во добри односи со професорот) и другите го ругаат, женската работи како келнерка и се самоубива откако и спомна за детството моментот, каде што таткото е педофил и сексуално ја злоупотребува, веројатно е да ги терал и меѓусебно да прават децава нешто дур ги снима што не беше јасно навратено. Главниот лик не се сеќава на тоа, ама типката се сеќава и не може да го преброди тоа. Се што прави е да ја врати типката назад и сите други сценарија се само пробување да се смени разичен настан од животот по што некој друг страда (при едното умира уште на старт од динамитот она, од другото он губи рацете и мајка му умира од канцер, при третото завршува во затвор, братот нејзин е убиен, а и него го убиваат во затвор), на крај сфаќа дека единствен начин сите да се среќни е да не се родел воопшто и прави Self sacrifice.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.235
Поени од реакции
16.380
синоќа беше на ФОКС, BAD SANTA 2 ...2016... прв паѕ го гледам, интересен
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.465
Поени од реакции
17.968
The Pale Blue Eyes



Da mi kazese nekoj deka ke ja ukradat i zasenat glavnata uloga koja mu pripaga na Kristijan Bejl mozev samo da mu se nasmeam pa i da go opcujam za takvo cinicno skvernavenje na eden od moite omileni glumci, posebno od novata generacija. No Harry Melling naprosto briljira vo ulogata na Edgar Alan Po koj vo vreme na slucuvanjata na filmov, a toa e 1830. godina e vprocem voen kadet na West Point, kade sto se slucuva misteriozno ubistvo, a Bejl, odnosno bivsiot, veke penzioniran inspektor Landor, e povikan za da go razresi ubistvoto. Zaedno rabotat na pronaoganje na ubiecot. Poveke od temata na filmot nema da kazuvam. Temen film, poln so gotik atmosfera i zacinet so okultizam, nesto sto me trigernuva sekogas, i ovojpat, so bavno dejstvo, voodusevuva kako prekrasen triler koj mozebi nema da ve natera da go gledate vo vtor pat, no sekako ke vi ostavi neprijaten dopir vo svesta, so eden zbor nema da ve ostavi so cuvstvo deka ste potrosile nesto poveke od dva casa gledanje. Go ima na Netflix, mislam deka vcera izleze.

Dva kvalitetni filma edno po drugo, od sinoka seuste pod impresii od Bohemian Rhapsody i cel den Queen na youtube, ma da za ovoj nema sto poveke da pisuvam, kvalitetni mislenja i poveke od dovolno ima pisano na forumov.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom