Последен гледан филм со кратка рецензија

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.821
Поени од реакции
1.574
Ругање со Христос

Не ми е јасно како филмов беше прогласен дека потикнувал меѓуетничка и меѓуверска тензија и омраза?
Тешка драма предолго трае и ми беше ептен конфузен за гледање.
Лазар е киднапиран во конфликтот 2001 година години подоцна неговиот син Александар познат француски новинар се враќа во Македонија да ја дознае причината за смрта на неговиот татко Александар.
Не е мој тип на филм и воопшто не ми се допадна.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.860
Past Lives - Celine Song (2023)

1701798096575.png

Одамна немам пишано во оваа тема, одамна немав гледано нешто вака добро! Оскаровската сезона за мене започнува со Past Lives (поточно, почна со Barbie пред некое време, ама тоа не беше достојно за да се спомене). Ги обожавам ваквите малечки филмчиња каде кадрите зборуваат повеќе од дијалогот! Не дека тука немаше дијалог - напротив, цел филм е изграден на база на дијалогот, зашто ништо особено не се случува. Но сепак имаше сцени во кои тензијата беше во погледите, во воздишките, во чекорите, во очите... И во тишината. А тоа за мене го прави еден филм величествен.

Past Lives е нешто налик Before... трилогијата на Линклејтер. Некоја корејска верзија на Before... Само што тука не се три филма, туку 3 во 1 филм. Се работи за две сродни души од Сеул, Нора и Хае Сунг, кои растат заедно, дишат заедно, се надополнуваат заедно и за кои е очигледно е дека им е пишано да бидат заедно. Но семејството на Нора одлучува да се пресели во Канада, по што патиштата им се разидуваат (слично како во сцената во филмот - Нора се искачува нагоре по скалите, Хае Сунг на спротивна страна по една блага нагорнина). Некоја игра на случајност ги спојува повторно по 12 години и за крај уште еднаш по нови 12 години. И толку е. Тоа е приказната. Нема случувања, нема WOW моменти. Нема плот твистови, заплети и расплети. Има само моменти на неверојатна и искрена поврзаност кои ја издигнуваат оваа едноставна приказна на неверојатен, човечки начин. Има една сцена некаде пред крајот на филмот кога Нора и Хае Сунг стојат еден до друг, па свртени еден кон друг која трае 1 до 2 минути и во која не се случува буквално ништо - обајцата буквално само стојат еден покрај друг. Но тензијата која доаѓа до тебе не може да се мери со тензијата во огромен дел од филмовите во кои се случува десетпати повеќе од тука.

Моќно, навистина моќно! 10/10
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.787
Поени од реакции
2.975

1965 Вестерн, крими

Не е на списокот но....

Целата трилогија е супер, кој сака Вестерн, јас обожавам. :)
Клинт Иствуд и Лее Ван Клеф, се здружуваат да го фатат Мексиканецот за да искешираат награда од полицијата, и двајцата се баунти пиштолџии, што им го прави дуелот тукуречи малтене непобедлив.

9/10
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.860
Killers of the Flower Moon - Martin Scorsese (2020)

1702469116099.png

Чудна е потребата на Американците да се извинат за сите гревови од минатото. Со нивната политичка коректност очекувам за некоја година филм со кој ќе се извинат и на Србија за бомбардирањето од НАТО.

Killers of the Flower Moon е 3 и пол часовен вестерн за серијата убиства и неправди над домородното население во Оклахома, на индијанска територија од Осиџ народот, по откривањето на нафта во 20-тите години на 20 век. И покрај сите ѕвезди во филмот (Леонардо ди Каприо, Роберт де Ниро, Џеси Племонс, Џон Литгоу, Брендан Фрејзер...), дефинитивно најголемо внимание заслужува глумата на Лили Гледстоун, која ја глуми Моли - Индијанка која е во брак со внукот на главниот нарачател на убиствата на Индијанците, Ернест Буркхарт (Лео) и е со години дрогирана и труена од својот сопруг и двајца доктори платени од вујко му, со цел да „ја забават“. Лили заслужува да освои Оскар за глумата, дефинитивно тоа не би било за било каква политичка коректност. Инаку, генерално филмот, слично како што е политички коректен, и од филмски аспект е - коректен, и ништо повеќе од тоа. Скорсезе можеби има шанси за Оскар за режија, но не верувам дека би освоил Оскар за најдобар филм. 7/10
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.472

...не дека нешто содржајно, но инспиративно со екс глумачки југославенски ветерани во комбинација со нова генерација глумачка школа, ме расположи филмот во денешниов мрзлив и мамурен ден, посебно бекрајно се смеев на сексот во полицискиот автомобил, цел филм е комично сексуално филуван, но има тука нешто поинаку! Ај лајк, бендисано нема што!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.235
Поени од реакции
16.380
https://en.wikipedia.org/wiki/Triangle_of_Sadness



предмалку заврши на тв Телма, филм од 3 дела, многу интересен и со внатрешна драматика . штета не ги гледав сите делови, нешто дома работев... кој знае дали ќе го репризираат скоро...
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.860
Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses - Nuri Bilge Ceylan (2023)

1707171928076.png

За тие кои го имаат гледано претходниот филм на Џејлан, Ahlat Ağacı / The Wild Pear Tree (2018), ова на некој начин е продолжение на приказната. @Anon , @Setsuko , @grande-juve од LB пријателите го имаат гледано и веројатно се сеќавате на Синан, студентот кој требаше да биде испратен во некое пм место во Анатолија за да биде учител и да го испече занаетот, за што имаше цел „пасус“ во тој филм. Е па тука е веќе таму! Иако не е Синан, туку е Самет, не може да не се направи паралела, да се спореди и да се сфати дека е истиот лик, само неколку години повозрасен. Дури и двата филма се правени од Акин Аксу како ко-сценарист, а базирани на неговите лични дневници кои се објавени како роман за неговото учителствување во задолжителната Анатолија за сите наставници од Турција. Но About Dry Grasses иако делува како пофокусиран или помалку расплинет филм од The Wild Pear Tree во кои имаше од се по нешто, сепак About Dry Grasses е според мене далеку покомплексен и послоевит филм. Реков, се работи за Самет, учител кој е испратен во некое зафрлено село во Анатолија да ја одработи тригодишната задолжителна служба како наставник пред да биде префрлен во понормално место од таа недојдија. Откако тој и неговиот цимер се обвинети од неколку девојчиња, ученички во нивното училиште за несоодветно однесување, обидите за одбрана и бегство од тој проблем Самет го водат во уште подлабока егзистенцијална криза. Перформансите од тројцата главни актери се перфектни! Актерката Мерве Диздар зеде и награда за најдобра актерка за улогата на Нурај во овој филм во Кан 2023. Како и во секој негов филм, Џејлан успева да влезе под кожата на неговите ликови и да допре до нивната суштина, но тука можеби е тоа и поизразено. Ликовите се навистина комплексни, нивните дејства и зборови отвораат многу прашања и морални дилеми. И иако е филм (ко по обичај) подолг од 3 часа, истите поминуваат како миг. Јас го обожавам Нури Билге Џејлан и и овој филм ми беше вистинско уживање. Можеби еден од неговите подобри. Ќе оставам да ми легне, па можеби ќе имам и што повеќе да пишам за него, морав само онака, на прва да ги запишам некаде мислите да не одлетаат. Најтопла препорака за сите кои сакаат филмови базирани на квалитетен дијалог! 9/10 од мене.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Anatomy of a Fall (2023)

424685078_122258536790000154_5439866677892250055_n.jpg

"Anatomy of a Fall" е мајсторски креиран филм што го открива мрачното и комплексно ткиво на човечките односи, поставувајќи ги брачните несогласувања во фокус преку призмата на тешките обвинувања и неочекувани случувања. Сценаристот вешто ги ткае нишките на интригата и несигурноста, создавајќи кинематографско доживување што ќе ги држи гледачите во неизвесност до самиот крај.

Во првиот дел се одвиваат психолошките и емоционалните нагони во брачниот живот на главните карактери, ставајќи ги пред предизвици што се изразуваат во комплексноста на нивните односи. Придонесот на слепото дете како сведок на трагичното случување го засилува емоционалниот набој и динамиката на приказната.

Вториот дел се фокусира на судскиот процес и расправијата меѓу брачниот пар, ја проширува загатката и ја изложува душата на карактерите. Се искажуваат силни и длабоки емоции преку дијалозите и внатрешните монолози, создавајќи тензија.
Одлично изработената сцена изречена во судницата, со детето и таткото е искусно поставена, оставајќи го гледачот во неизвесност дали детето измислува или нешто повеќе лежи зад неговите зборови. Таа сцена придонесува кон загатката и дебатата за непредвидливоста на човечките постапки.

Филмот ги истражува длабоките психолошки аспекти на карактерите и несовршенствата на човечките односи. Пораката не лежи само во решението на случувањата, туку во прашањата и размислувањата што ги остава по завршувањето на приказната. Филозофската длабочина на авторот создава филмско дело кое ќе остане запаметено и по неговото завршување преку размислувањата на гледачот.

Society of the Snow (2023)

сос.jpg

"Society of the Snow" е едно потресно визуелно искуство што ги прелива границите на човечката издржливост и силата на волјата за преживување. Базиран на вистинската приказна за рагби тимот од Уругвај чијшто авион се сруши во Андите, овој филм нè пренесува во светот на драмата, траумата и безнадежноста на ситуацијата во која се наоѓаат протагонистите.

Се истражуваат силните емоции на преживеаните, нивната борба за опстанок и моралните дилеми со кои се среќаваат додека се соочуваат со екстремните услови и неопходноста за канибализам. Од првиот момент, гледачот е втурнат во светот на изолацијата и безнадежноста што ги опкружува овие ликови, што е засилена со широките кадри кои ја потенцираат убавината, но и суровоста со која се заканува моќната планина.

Режисерот J. A. Bayona не се воздржува од прикажување на бруталната реалност на ситуацијата, што ги засилува емотивноста и траумата. Иако темата канибализам може да биде потенцијално шокантна, тоа е прикажано со почит кон хероизмот на преживеаните и со моќ да ги расплаче гледачите. Не станува збор само за просто прикажување на приказната, туку и враќање во времето за оние кои ја преживеале трагедијата. Сето тоа на екранот е пренесено со почит и величественост.

"Society of the Snow" е нешто повеќе од филм - тоа е искуство, историја и потсетник на неизмерната сила на човечката волја и инстинктот за преживување.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Past Lives (2023)

MV5BOTkzYmMxNTItZDAxNC00NGM0LWIyODMtMWYzMzRkMjIyMTE1XkEyXkFqcGdeQXVyMTAyMjQ3NzQ1._V1_FMjpg_UX1...jpg

Почнуваме со статичен кадар од еден Американец и двајца Корејци и со нарација која шпекулира во каква релација се еден со друг. Одговорот се одмотува хронолошки, но преку временски скокови кои се потребни за развојот на приказната.

Приказна за една, а веројатно и за сите meant to be, а никогаш остварени љубови. Патишта што не се избрани и животи што не се проживеани. Едно меланхолично патување во кое протагонистите имаат една специјална врска, како личности кои никогаш не можат да бидат заедно, а живеат со што би било кога би било (what ifs) прашања во својата глава.

Вистинско кино, она во кое поважен е говорот на телото, а не дијалозите, помалку слушај, повеќе гледај, а најмногу чувствувај.

Тешко е да се поверува дека ова е дебитантски филм на Celine Song, а сепак изгледа дека само жена може да направи ваков силно емотивен, носталгичен филм кој ја „слави“ минливоста на мигот.
 

Cthulhu^

your neighbourhood weirdo
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.507
Поени од реакции
2.187
Where the crawdads sing

Го начекав синоќа на тв (на пола, па го враќав назад од почеток после) и многу ми се допадна. Ако некој веќе има пишувано за него јбг.

Филмот ја следи несреќната судбина на Каја, или "девојката од мочуриштето". Зборува за она што се случува кога еден насилен татко во рурална Каролина ќе го уништи семејството и ќе ја остави Каја сама да се снаоѓа низ животот. За еден јак дух кој не дозволува да го совладаат маките, иако е сам против практично сите. Но ја има природата крај себе. Ни кажува како сите ние имаме некој Чејс во животот. Кој искористил момент на слабост и осаменост кај нас. Како е многу важно да имаме човек како Тејт покрај себе, и колку треба да ги цениме тие ретки луѓе. Во текот на филмот Каја си го поставува и прашањето што е тоа што ја тера мајката да си ги напушти децата. Многу добри цитати нуди филмот, баш по мој вкус.

Односот на целото гратче кон главната хероина е ужасен. Ме потсетува на судења на вештерки од средниот век. Ја гледаат со предрасуди, како чудак и како да е лепрозна. Без апсолутно никаква причина. Многу добра поента има авторот. Обожавам вакви филмови.

Иако дејствието се одвива во 1960-тите сепак покажува како општеството ги третира оние кои се оставени сами на себе и се измачени, како луѓе кои нималку не ги познаваат и никому не сториле ништо лошо се исмевани, омаловажувани и малтретирани. Целата таа изолација од општеството и губењето на најблиските секого би довеле до губење на разумот и abandonment issues. Но не и оваа интелигентна и снаодлива девојка.

Дејзи е преслатка тука патем.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
The Most Dangerous Game (1932)

Немам гледано толку лош филм, од секој аспект. Прво се надевав на приказната, преживеан од потонат брод се наоѓа на еден остров кај што има една палата во која живее еден чудак и си собира вака преживеани од несреќи со бродови кои патем тој ги изазива и со нив игра една опасна игра.

Очај. Игри на гладните од алиекспрес. А може и инспирација им бил.
Доста глуп филм, не можам да издвојам ништо добро, освен што интересно делува кога ќе слушнеш што се работи, а кога ќе го изгледаш, разочарување и тоа огромно.
1.5/5
0.5 поради тој чудакот, прав чудак, ете само него му ја погодиле улогата.

А чудо е која голема оцена ја има.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
The Wrong Road (1937)

Уште еден промашен. Двајца заљубени сиромашни млади одлучуваат да украдат многу пари, да ги сокријат и да ги прележат во затвор, па после да живеат луксузен живот да створат фамилија...

И пак интересно звучи, а е голема и тешка глупост. Глупи ликови на секое се појавуваат, во затвор се дешаваат некои научни фантастики, а крајот ич да не го кажувам. Гној.
1/5
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
The Sphinx (1933)

Не дека некој ќе ги гледа филмовите, ама нешто интересно ми се деси во изборот за што да гледам, а ако кажам спојлер ќе направам, ај да не ви кажувам на сите вие нула што ќе го гледате :ROFLMAO:

И тука така нешто интересно, убиства неколку, идентично убиени, на ист начин, ист потпис од убиецот. Имаат сериски убиец и го нарекуваат Сфинга. На секое убиство има очевидци кои кажуваат дека убиецот прво разговарал со жртвите па ги убивал и сите се сигурни дека е една особа. Ама, таа особа е глувонема, прегледана од неколку стручњаци и дефинитивно нема шанса да можел да прави муабет со жртвите. Глувонем од раѓање. А сите очевидци се колнат дека е тој.

Е има нешто тек тук интересно како ќе го тестираат, истрагата е интересна, ама се вкупно да земам, под просек филм, може за тепање време.
2.5/5
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.821
Поени од реакции
1.574
Тројца пријатели како деца измислуваат лик кој наводно им е пријател и го користат за да се извлечат од неволји. Се додека жената на едниот не се породи и токму измислениот пријател треба да се појави.
Лабаво филмче далеку од смеење до солзи ама во сивилото на нови филмови топ комедија.
7/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom