Оваа недела го/ја/ги мразиме...

Член од
14 септември 2007
Мислења
118
Поени од реакции
5
Luge Toska ne mrazese nikogo zapamtete go toa,ama ipak site navedeni zasluzuvaat da bidat mrazeni!!!
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Конкретно за пишаното во врска со Тоше, што лошо кажа за да биде омразена? Подобро кажано здравје. Алал да и е.
Ајде бе, ваљда не мислиш сериозно. Дај молим те!
Прво се напрај дека само та го сака Тоше и дека само та го жали и пати по него. Второ, НИКОЈ лошо не мислел со тие емисии за него, со прикажување на неговото последно интервју, сето тоа било направено да се види колку Тоше е почитуван и сакан од неговите колеги. А за тоа со неговото име, то е за НЕГОВА ЧЕСТ!
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Ајде бе, ваљда не мислиш сериозно. Дај молим те!
Прво се напрај дека само та го сака Тоше и дека само та го жали и пати по него. Второ, НИКОЈ лошо не мислел со тие емисии за него, со прикажување на неговото последно интервју, сето тоа било направено да се види колку Тоше е почитуван и сакан од неговите колеги. А за тоа со неговото име, то е за НЕГОВА ЧЕСТ!
Мислам, зошто да не? Не реков дека е светица таа, ама дека сите од оваа ситуација гледаат да ќарат, така е. Злоупотребуваат се што стигнат, не е во ред тоа.
Ако не е така, кажи ми зошто толку многу работи за Тоше излегоа на површина дури сега? Каде беа сите тие телевизии и водители да ни раскажуваат за него додека освојуваше, се докажуваше и помагаше? Зошто јас дури денес да дознаам каков бил Тоше, за уште повеќе да ми биде жал што не сум му го посетила баш секој концерт и да успеам да му пуштам рака еднаш?
Едноставно е, така е и не е фер.
Ама да не ја вртиме и оваа тема накај него, секако не би можела да ми одговориш на овие прашања ... исцрпивме се` ... продолжете понатаму со личностите кои треба да се мразат.

п.с. Кога сме кај мразењето ... зошто и на форумов никој до вчера не викаше дека не треба да мразиме зошто Тоше не мрази никого? До вчера вриеа постови со вреѓања, денес сите сме нови луѓе? Лицемерие насекаде, тоа е.:smir:
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Денот кога загина Тоше, Стојан Андов прогласи прекин на комисијата која заседава во врска со инцидентите во собранието. Некои од членовите на комисијата предвреме и си заминаа, поради што немаше смисла да се продолжи. Нареден за дискусија беше Тачи. Тој не сакаше да се прекини, и некако арогантно уцени: Ако не продолжиме со седницава, јас повеќе тука не идам ни сведочам ни ништо, и ќе го повлечам членот од ДПА од комисијата.

Идиот!!! Во такви моменти....
Димче не генерализирај, пошто врска немаш какви политички заврзлами се кријат зад откажувањето на седницата. Тачи очигледно не е толку трагично погоден од смртта на Тоше. Јас колку шо знам не плукаше на никој, побара само да продолжи седницата на која имаше услови за работа. Да бидиме објективни, услови за работа имаше. Не сум баш убеден дека учесниците на седницата беа толку трагично погодени шо мораше да се одложи седницата. Мене пологично ми е дека тие кои ја напуштиле седницата ја искористиле ситуацијата.

Тачи јес да е копиле, јес да е ексцентричен гад, ама во конкретната ситуација беше во право, немаше потреба да се прекини седницата.

Муабето всушност ми е друг. Не мислите дека многу се форсира, добро знам дека сите сме тешко погодени од неочекуваната смрт, сите тажиме на сите ни е мака. Нема потреба се да се поврзува со тоа, и тоа што треба и тоа што не треба, со некоја глупа цел да се докажи кој повеќе го почитува.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Конкретно за пишаното во врска со Тоше, што лошо кажа за да биде омразена? Подобро кажано здравје. Алал да и е.

Да бе стварно во право е жената. Сеа јес да ова напишаното е малце да се избега од клишето, ама сепак има поента. Се избрзува со решенија, нека помини малку време па ќе се обмисли подобро како на соодветен начин да му се оддаде почит. Ситуацијата се претвора во натпревар кој побрзо ќе даде најекстремен предлог, демек тој најмногу го почитува. Добро си кажа жената, ако навистина го мислиш почитувај го во себе и жали го. Правењето на споменици, именувањата на објекти, давањето на титули не е соодветно, според мене, барем за сега. Нека помини малку време.
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Идемо:
Прегледај го приврзокот 3622

Име:Бранка
Презиме:Костиќ
Професија: Новинар(ка)
Заслуги поради кои ја мразиме: нејзиното солење памет во повеќе печатени и електронски медиуми во врска со минатонеделните настани.

Или, да потенцирам:



Браво. Веома паметно. Си ја заслужи титулата “објект за мразење“. Трипати ура.
Конкретно за пишаното во врска со Тоше, што лошо кажа за да биде омразена? Подобро кажано здравје. Алал да и е.
Procitav i nekoi drugi komentari konkretno za Branka... ne znam sto praela, kako praela i sto zborela... konkretno tekstot na on.net... od mene moze da dobie samo respekt za toj muabet... nikako mrazenje... muabetot e na mesto...

Citiran e i komentarot na Divajn, poso ocekuvam linc od site na koisto ne im odgovara realniot muabet na Branka... pa, malce ko poddrska mi doagja...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Мислам, зошто да не? Не реков дека е светица таа, ама дека сите од оваа ситуација гледаат да ќарат, така е. Злоупотребуваат се што стигнат, не е во ред тоа.
Ако не е така, кажи ми зошто толку многу работи за Тоше излегоа на површина дури сега? Каде беа сите тие телевизии и водители да ни раскажуваат за него додека освојуваше, се докажуваше и помагаше? Зошто јас дури денес да дознаам каков бил Тоше, за уште повеќе да ми биде жал што не сум му го посетила баш секој концерт и да успеам да му пуштам рака еднаш?
Едноставно е, така е и не е фер.
Дивајн е сосема во право. Зашто одеднаш толку многу луѓе излегоа пријатели на Тоше, познаници, ова праеле, она праеле...А за скапаните новинари немам зборови. Па добро бе, памттите ли дека некои дневни весници пред помалку од месец дена пишуваа за дел од естрадата како не плаќала данок...меѓу кои и Тоше, а секако дека тоа беа груби дезинформации само колку да си пополнат простор... а сега истите тие новинари ронат крокодилски солзи и гледаат кој повеќе поени ќе ќари на туѓата несреќа. :nerv: Овде секако спаѓаат и политичарите... само нејќам да именувам. :nerv:

Ајде бе, ваљда не мислиш сериозно. Дај молим те!
Прво се напрај дека само та го сака Тоше и дека само та го жали и пати по него. Второ, НИКОЈ лошо не мислел со тие емисии за него, со прикажување на неговото последно интервју, сето тоа било направено да се види колку Тоше е почитуван и сакан од неговите колеги. А за тоа со неговото име, то е за НЕГОВА ЧЕСТ!
Не се прави дека само она го сака Тоше, туку напишала многу реално. Секако не се согласувам со делот каде што ја обвинува Весна Петрушевска, бидејќи мислам дека од срце беше тоа што го кажуваше, и искрено го сакаше Тоше.

п.с. Кога сме кај мразењето ... зошто и на форумов никој до вчера не викаше дека не треба да мразиме зошто Тоше не мрази никого? До вчера вриеа постови со вреѓања, денес сите сме нови луѓе? Лицемерие насекаде, тоа е.:smir:
Не Дивајн, овде си грешка. Сеуште има такви појави. Ни пораката на Тоше дека не мрази никого не може да допре до секој. Некои луѓе нема никогаш да научат дека со вреѓање, исмевање или желба да му наштетат на некого, нема да стигнат НИКАДЕ во животот!!! Ама ако. НЕКА ИМ СЛУЖИ НА ЧЕСТ!!!* А да секако дека постои и лицемерие... и тоа многу!!!

*За тој што е наменето си знае.:wink:
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Бранка, ако ништо друго им го плесна директно во фаца она што на сите потајно ни бодеше очи изминативе неколку дена.

Кај мене ми е морбидно да го гледам неговото последно интервју, како зборува за своите идни планови и така натаму...а тек на неговите блиски. Ок е еднаш да се прикаже како знак за почит, ама да се врти на рипит е дебилштина.

Дебилно е да се буташ на плоштад ко подивен мајмун само да те сними камерата како „лееш солзи“ (поздрав до Ламбе), дебилно е да филозофираш за неговите песни и како он очекувал дека нешто ќе се деси (ма дај молим ти се) и дебилно е да се сквернави неговото име и битие со глупи спамирачки мсн пораки у стил „прати ја поракава на 5 контакти и Тоше ќе стане твојот ангел чувар“.

Такви дебилштини не се произлезени од никој друг туку од нашиот мил непресушен македонски малограѓански менталитет. Жената е сосема во право што ги искритикува!
 

Bush(av)

Aut inveniam viam aut faciam.
Член од
30 април 2007
Мислења
758
Поени од реакции
7
Не се прави дека само она го сака Тоше, туку напишала многу реално. Секако не се согласувам со делот каде што ја обвинува Весна Петрушевска, бидејќи мислам дека од срце беше тоа што го кажуваше, и искрено го сакаше Тоше.
Се слагам со пишаното. Мислам дека таа беше една од ретките кои не посветува емисии и не лее крокодислки солзи реда ради, туку затоа што навистина го сакаше. Побогу, тој и дозволил по гаќите пред настап да му претура, ќе се лути што за газ го фаќала. За другото се сложувам со Бранка, бидејќи иако не сакаме да видиме, тоа се прави. Спамирачките пораки и мистериите за бројот 26 ми се преку глава. Не знам зошто, ама мислам дека народов пати од типичен синдром на не_знаеме_што_имаме_додека_не_го_изгубиме,па затоа сите овие постхумни почести.

Инаку со политика не се замарам, па не можам да кажам за Тачи и таа првана, ама ја прочитав колумната на Бучко, ме изреволтира и потполно се согласувам да го мразиме оваа недела.:uvo:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Дебилно е да се буташ на плоштад ко подивен мајмун само да те сними камерата како „лееш солзи“ (поздрав до Ламбе), дебилно е да филозофираш за неговите песни и како он очекувал дека нешто ќе се деси (ма дај молим ти се) и дебилно е да се сквернави неговото име и битие со глупи спамирачки мсн пораки у стил „прати ја поракава на 5 контакти и Тоше ќе стане твојот ангел чувар“.
Не ги заборавај истите меилови кои носат несреќа ако не ги испратиш на уште 5 адреси, не заборавај плачење до Четврток пиење и лумпување во Петок(за ова неможе да се каже Живот иде даље) затоа што ако стварно го жалеле тие можеле да издржат еден викенд....Така наречената еуфорија која ги натера луѓето да зборат милион работи и да ме напаѓаат мене:nesum:а испаднав во право кога реков дека ќе претераат со муабетите.....Жената е ЗАКОН
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
дебилно е да филозофираш за неговите песни и како он очекувал дека нешто ќе се деси (ма дај молим ти се)
Секој ќе си верува во што сака ако тоа му причинува душевен мир...тоа е сечие право и нема што некој да го осудува за тоа...
Тие осудувања се дебилни.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Го мразам целиот женски род.Освен она,богиња Ганџа.која сваки ми пут је со мене....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom