Оваа недела го/ја/ги мразиме...

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Бранка, ако ништо друго им го плесна директно во фаца она што на сите потајно ни бодеше очи изминативе неколку дена.

Кај мене ми е морбидно да го гледам неговото последно интервју, како зборува за своите идни планови и така натаму...а тек на неговите блиски. Ок е еднаш да се прикаже како знак за почит, ама да се врти на рипит е дебилштина.

Дебилно е да се буташ на плоштад ко подивен мајмун само да те сними камерата како „лееш солзи“ (поздрав до Ламбе), дебилно е да филозофираш за неговите песни и како он очекувал дека нешто ќе се деси (ма дај молим ти се) и дебилно е да се сквернави неговото име и битие со глупи спамирачки мсн пораки у стил „прати ја поракава на 5 контакти и Тоше ќе стане твојот ангел чувар“.

Такви дебилштини не се произлезени од никој друг туку од нашиот мил непресушен македонски малограѓански менталитет. Жената е сосема во право што ги искритикува!

Апсолутно не се согласувам со горенаведеното. Не можам да разберам оти не прифаќате дека луѓето стварно го сакале и стварно плачеле за него, а не само дека се „буткале ко подивени мајмуни само да ги сними камерата“..Искрено таква работа јас не забележав. Забележав само искрени солзи за нивниот колега, сограѓанин, другар, пријател..
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Во право сте, не викам не, ама мене сеуште ми се чини дека си ја искористи ситуацијата за да напише мрчаторска колумна со која ќе импресионира одредена група на луѓе. И сеуште ми се чини дека целта и беше да ги исплука конкурентските телевизии (работи во телма, патем кажано). А највеќе од се ми се чини дека и таа самата трчала да фати вести за да го види Ламбе како плаче, или дека ја импресионирал говорот на Весна Петрушевска. Сигурно дека Весна не рече дека Тоше почнал, и завршил кај неа за лични цели, за да покаже каква цепидлака е. Барем за неа знам дека искрени го сакаше, а за оваа Бранка...немам повеќе зборови.
 

Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Ова што го кажа Бранка Костиќ е во ред. Истата вечер кога загина Тоше и таа имаше емисија посветена за него, што значи нема ништо против говорењето и плачењето генерално. Има против оние кои до вчера го третирале по едни аршини, а денес му пејат славопојки. Таа е од тие кругови, ги знае работите поарно од нас.

Дека нештата избегаа од контрола е факт. Но исто така е факт и тоа дека најголемиот дел од луѓето искрено го тажеа, и поздравот до Ламбета од некого погоре не ми беше на место, зашто токму Ламбе плачеше многу невино и искрено. А не се пикаше пред камерите како мајмун туку новинарите го викнале за коментар. Оваа катарза му беше потребна на народот. Да си се изнаплачеме, да се ипопатетишеме ако треба, да кажеме реченици кои при здрава свест не би ги кажале...зашто сите длабоко патиме.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Апсолутно не се согласувам со горенаведеното. Не можам да разберам оти не прифаќате дека луѓето стварно го сакале и стварно плачеле за него, а не само дека се „буткале ко подивени мајмуни само да ги сними камерата“..Искрено таква работа јас не забележав. Забележав само искрени солзи за нивниот колега, сограѓанин, другар, пријател..
Добро никој не вели дека луѓето глумеа, ама се форсира. Нема потреба да се измислува поголема глупост за да се докажи дека навистина искрено жалиш. Ко некој натпревар да е, се докажува кој е „поголем“ чоек.

Не мора се да се поврзва сега со него, на секоја тема некој форсира. Пред камери на анкетите, само се филозофира, муабетот е кој ќе кажи потежок епитет. Ангел, светец, божество .... Нема потреба!

Обичен чоек, умре. Shit happens! Get the fuck over it.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
За некои обичен човек,за некои не...справете се со тоа дека не размислуваат сите исто!
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
Што го тупите бе, човекот умре, уште ли има за што да се расправа кој што пишал, измислил, глумел,
ај олабавете се
 

LoveAshlee

I dont have a plan..thats the point
Член од
27 мај 2007
Мислења
475
Поени од реакции
2
Баш вчера прочитав една тема незнам точно како беше , знам дека беше во врска со Тоше и со тоа дали е Србин , бидејќи повеќе време минува во Србија , Босна , Хрватска , нејќам да ги именувам членовите кои таму напишале дека Тоше е ваков Тоше е таков , не е прав Македонец , се преправа дека е побожен а истите тие членови по неговата смрт тука пишувале дека Тоше е најголемото Македонско чедо , како им е најомилен фан , незнам што незнам како .
Па луѓе сваќам дека понекогаш морате да изедете гомце али ако веќе сте го изеле не го враќајте назад . Ако не ви се допаѓал он добро е, се разбира неможе секој да го сака . Но потоа не се правете како да ви бил најдобар другар и слично . Чисто лицемрие , ама тоа ти е , неможеме ништо против тоа . Толку од мене . Поздрав .
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
За некои обичен човек,за некои не...справете се со тоа дека не размислуваат сите исто!

Најмалку шо сакам сега е да ги истакнувам неговите мани. Беше обичен човек, само шо беше десет пати подобар од сите, си ги слушаше родителите, ги почитуваше сите. Не гледам како то го прај појќе од чоек.

Сите го поштоваја, само незнам шо е поентата со преувеличувањето.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Никогаш и нема да знаеш зашто не размислуваш на тој начин...џабе објаснување...
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Баш вчера прочитав една тема незнам точно како беше , знам дека беше во врска со Тоше и со тоа дали е Србин , бидејќи повеќе време минува во Србија , Босна , Хрватска , нејќам да ги именувам членовите кои таму напишале дека Тоше е ваков Тоше е таков , не е прав Македонец , се преправа дека е побожен а истите тие членови по неговата смрт тука пишувале дека Тоше е најголемото Македонско чедо , како им е најомилен фан , незнам што незнам како .
Па луѓе сваќам дека понекогаш морате да изедете гомце али ако веќе сте го изеле не го враќајте назад . Ако не ви се допаѓал он добро е, се разбира неможе секој да го сака . Но потоа не се правете како да ви бил најдобар другар и слично . Чисто лицемрие , ама тоа ти е , неможеме ништо против тоа . Толку од мене . Поздрав .

Е за ова прам муабет. Јас не го почитував многу за то шо го праеше, зошто пееше на српски и други работи, ама го поштовав оти беше најдобар во то шо го прај и плус знаеше да помогни шо е најголема реткост кај нас. Мене искрено ме погоде смртта, ама да глумам сеа емпатија демек да се покажам како поголем чоек ми е најголема глупост.

Јес да има некој шо искрено го мислат и се погодени, ама факт е дека мнозинството форсира.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Дајте бе Роза да ја мразиме.... :(
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Дајте бе Роза да ја мразиме.... :(
И она ќе дојде на ред. Сега да ги домразиме оние кои треба.:(

Секој ќе си верува во што сака ако тоа му причинува душевен мир...тоа е сечие право и нема што некој да го осудува за тоа...
Тие осудувања се дебилни.
Не златна, дебилно е да се анализира секој ебан збор за личност што веќе не е меѓу живите и да му се „влага у потсвест“ и не знам ти што. Нема тука никакви осудувања, само купче идиотчиња што мислат дека треба да се прават експерти и во ваквите тешки времиња.:wink:

Апсолутно не се согласувам со горенаведеното. Не можам да разберам оти не прифаќате дека луѓето стварно го сакале и стварно плачеле за него, а не само дека се „буткале ко подивени мајмуни само да ги сними камерата“..Искрено таква работа јас не забележав. Забележав само искрени солзи за нивниот колега, сограѓанин, другар, пријател..
Зошто? Затоа што едно 100 луѓе го виделе Ламбета златен како се бута у гужвата за да дојде до збор и да пролее солза пред камера. И да беше само он...Не ме сфаќајте погрешно, не велам дека не плачел искрено и од срце, ама сигурно се потруди да биде виден како го прави тоа.

Да беше на плоштад кога се снимаше, ќе видеше дека мал дел од леачите на солзи беа фејк.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom