Македонски филмови

Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Годинава како никогаш досега се снимаат македонски филмови. Вчера почна да се снима шестиот филм за оваа година, Снежана умира на крајот (дебитантски игран филм на Кристијан Ристески). Досега се снимени или се' уште се снимаат Хомо на Игор Иванов, Стела (прв домашен детски филм), Најтешкото нешто (филм од режисерот на Долина на волците), М на Вардан Тозија (уште се снима) и Те дуа, жими мене (независен филм на Марјан Гавриловски). За септември најавено е снимање и на седми македонски филм за годинава, дебитанскиот филм Сестри на Дина Дума.
Ако кон тоа се додадат и снимањето на француско-белгискиот филм Сирена во Париз и дел од мини-серија за Нетфликс што ќе се снима во октомври, потоа снимањето на сериине Зоки Поки, Дајте музика, четврта сезона на Преспав (ако не се лажам септември-октомври ќе се снима) и втората сезона од Фамилијата Марковски (што се снимаше на пролет, а за скоро треба и да се емитува), плус успесите на Медена земја и Петрунија по фестивалите, може да се заклучи дека годинава беше доста успешна за македонската кинематографија.
Полека другари...

Филмовите што се снимаат сега тие 4-5 ќе видиме што ќе направат како и во изминатите години тој е просекот.
Инаку баш ме интересира дечкото што нема снимено ништо во животот а доби пола милион на диал со власта (во првиот рок од конкурсот на агенцијата)
што срање ќе направи.
Братот од агенција да не се дуе многу во гради затоа што нема да трае уште долго и незнам ни како издржа таму до сеа.
Сите филмови што се имаа постигнато успех од кое време и кога се поддржани видете, за да не се прај некој петел на туѓ грб.
Буџетот на Агенцијата е најмизерен како никогаш досега од постоењето на агенцијата.
Од 7 ипол милиони најголем на балканот стигнавме до бедни 2 милиони...
Марјан имаше аплицирано ми се чини еднаш или 2 пати и го одбиваја.
Тоа Нетфликс не скокајте една епизода дека ќе снимат во Македонија затоа што немало кој друг паметен да им отстапи аеродром на еден ден и да блокира сообраќај во цела држава.
ЗокиПоки, Дајте музика, Преспав си се башка проекти.
Медена земја е филм што се работи изминативе 5 години и таман време си е да растура сеа, а и Петрунија, конечно еден нормален филм од Теона.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Моја критика за Година на мајмунот.

Барем за мене во овај филм нема ништо смешно но не е лош. Затоа и не прошета по фестивали. Јас лично не го сакам премногу Игор Ангелов и сметам дека не и некој актер. Бердета Решат е добар глумац и го бива за комедии. Марија Кон си е стара школа. Очекував дека ептен ќе биде лошо со мајмунот ама се снашле.
*Читав дека Блажевски доби кривична пријава за малцерзации со средствата за овој филм.

3/5
П.С. Големо фала за @MARCELLO
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.054
Не знам дали забележа некој, кога ДФПМ ги разгледувале филмовите кандидати за наш кандидат за Оскар, освен Медена земја, кого го избраа, Господ постои, името и е Петрунија на Митевска и Хеј! на Христов кои имаа премиери и кино проекции кај нас, потоа документарците Боите на Преспа: Птици (имаше премиера на Манаки лани) и Џезмен, како кандидат беше спомнат и Дедо и внук на Илија Пиперкоски. А излезен ли е филмот? Имал ли домашни проекции? Зашто јас колку што знам, премиера ќе има во ноември некаде, најверојатно на Синедејс, а за Оскар едно од правилата е да има континуирани кино проекции од неколку последователни дена најдоцна до 1 октомври 2019. Или нешто сум испуштил, или не знам. @џимеј ?
Да бидам искрен појма немам за правилата. Кај нас и не знам колку важи тоа домашни премиери, пошо чекаат прво филмот да го испоаплицираат по странски фестивали, а тоа трае околу година дена, па после кога ќе ги одбијат/примат таму, ќе направат некоја премиера како на Синедејс.
Иначе што се однесува на филмот „Дедо и внук“, иако работев на него, немам никаква информација кога ќе излезе и како, одамна не сум се видел со Пиперко. Мислев дека досега ќе биде завршен и пуштен негде, снимањето беше во 2017 пролетта. Се надевам дека ќе е добар филмот (како и сите на кои што сум работел, за да вреди работењето). Моментално работам на 2 филма, на „М“ што го спомна @Shawn Spencer погоре и на „Снежана на крајот умира“ и се надевам дека ќе бидат одлични филмови.
Автоматски споено мислење:

Полека другари...

Филмовите што се снимаат сега тие 4-5 ќе видиме што ќе направат како и во изминатите години тој е просекот.
Инаку баш ме интересира дечкото што нема снимено ништо во животот а доби пола милион на диал со власта (во првиот рок од конкурсот на агенцијата)
што срање ќе направи.
Братот од агенција да не се дуе многу во гради затоа што нема да трае уште долго и незнам ни како издржа таму до сеа.
Сите филмови што се имаа постигнато успех од кое време и кога се поддржани видете, за да не се прај некој петел на туѓ грб.
Буџетот на Агенцијата е најмизерен како никогаш досега од постоењето на агенцијата.
Од 7 ипол милиони најголем на балканот стигнавме до бедни 2 милиони...
Марјан имаше аплицирано ми се чини еднаш или 2 пати и го одбиваја.
Тоа Нетфликс не скокајте една епизода дека ќе снимат во Македонија затоа што немало кој друг паметен да им отстапи аеродром на еден ден и да блокира сообраќај во цела држава.
ЗокиПоки, Дајте музика, Преспав си се башка проекти.
Медена земја е филм што се работи изминативе 5 години и таман време си е да растура сеа, а и Петрунија, конечно еден нормален филм од Теона.
Потполно се слагам, мислам дека се подолу и подолу одиме и дека немало полошо време за правење филмови.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903

Како прво, друже, темава не е за тоа од која власт кој проект бил поддржан.
Ако гледаме така, во претходната власт беа поддржани и Збор, Ах,љубов моја, Деца на Сонцето, претпоследниот на Теона и уште неколку шлајмови.

Ко второ, Христов (претпоставувам на него мислиш) го сними Хеј. Интересна идеја, слаба реализација, али со оглед на тоа што е снимен без денар беше сосема на место, за разлика од филмови на кои се фрлени милиони, а впечатокот е дека парите се проневерени.

Ко трето, не се поддржани филмовите од претходните или од сегашните, туку од мој и твој џеб, од џебот на граѓаните и се` додека филмот е добар, не ми е битно дали бил поддржан пред пет години или сега.

Ко четврто, убаво пишав дел од серија на Нетфликс. Никаде не пишав дека цела серија ќе се снима. Поарно врапче во рака, отколку гулаб на гранка.

Ко петто, овие проекти што ти викаш дека се башка, се македонски и спаѓаат под македонска кинематографија.

Ко шесто, што е битно дали Медена земја се работи последниве три или пет години или последниве пет месеци? Битно е дека филмот е добар и освои значајни награди.

Ако си револтиран што нема филмови за Пердики и Александри, тоа е твој проблем. Мислам доста беше од такви филмови и штанцање документарци за знајни и незнајни ликови кои од претходниве беа спонзорирани на големо, а беа катастрофално направени. Џабе потрошени пари, а квалитет и гледаност нула.
 
Пријателе драг,

Христов во живото нема ништо сработено. Филмот што го снимал во 2007-2009 а си лапна сеа 10илјади крстајци од вапнациот револуционер за да го заврши тоа е друга работа. Коа ќе го сними новиот да ми се јавиш и ако е добар филмот, прв ќе бидам да му честитам на дечкото.

Во право си од мој и твој џеб се филмовите.

Тоа со шлајмовите да давале кој и да давал, али имале шанса сите да работат, а не сега да се вртат 5 продуценти во крст другарите од кафана на братот со кој може диал да си склопи. И да дај му шанса на тој што има нешто со потенцијал за да испадне добар филм викни комисија непартиска а не другарите да ти читаат проекти и ти да диригираш. Ако испадне лош филм банирај го во наредните 5-10 години да има забрана за снимање филм со државни пари.

Тоа за Нетфликс го кажав и пишав затоа што го прават коа којзнае што да е (а тоа е само штета на народот а не врапче на рака), а ние на крај сме будалите и само нашава држава може таква работа да прифати да затвори аеродром за да се снима филм и да, да трпат граѓаните што го плаќаат тоа (таа услуга што ќе ја дава Лабина на Нетфликс)

Никнејмот нема ништо поврзано со мене, отсекогаш сум ги хејтал сите до еден историски филмови и тие што испраа пари за тоа.
Никнејмот Пердика I си има само мое значење што јас сум го ставил.
Никогаш ама никогаш не би поддржал филм историски или автори кои го прават тоа од било какви цели.

Треба да одиме напред а не назад со тоа што се прави.

Само со овие братучедиве што незнаат ништо освен да крадат нигде нема да одиме. Нејсе не е за тука муабетот ама револтот е голем кога некој сака да не прави дека цела држава сме од Марс паднати.
Една бомба само сите да се испоубијат и левите и десните. Па да си стави прст на глава кој ќе дојде следен и како ќе води држава и дали домаќински ќе се однесува со парите данокот што го плаќаме и дали филмови ќе правиме или крстајци ќе јадиме.
Автоматски споено мислење:

@џимеј прочитав на Imdb дека Дедо и внук ќе биде пуштен на 01.11.2019
Oчигледно дека не му одело со фестивалите пошо досеа ништо немаше со филмот, со оглед на информацијата од ДФМ дека и тој бил меѓу тие филмови што ги разгледувале да бидат претставник за да бидат номинирани за оскар.
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
И тогаш и сега имало и ќе има незадоволни друже. Сигурно не биле задоволни сите и не добивале шанса сите. Христов не го знам лично, ама имам читано рецензија за краткометражни филмови од седум македонски млади автори во 2000-2001 г. каде што беа Христов, Русјаков, Џиџева и уште некои и каде што најголем потенцијал за добар игран продукт се гледал кај Христов. Ако не се лажам, најмала шанса за добар филм гледаа кај Џиџева.

Еве шанса и дадоа на Џиџева, што направи? Сними филм што ни самата не знаеше да го испромовира и филмот без никаква најава одеше една недела во Синеплекс, а сега ќе и стои во шпајз.
Русјаков беше еден од оние кои исто така добија шанса и пари за филм. Кај е филмот, ти кажи ми. Ниту сними нешто, ниту видовме филм.
Ако сакаш еднакви шанси нека дадат и на ликов, па да видиме што ќе испадне.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Моментално работам на 2 филма, на „М“
Ова е првиот македонски филм што го следам до кај е што е, Тозија го сретнав и засакав ради The Whistler, и многу се хајпнав кога видов дека ќе снима нов, а Коцев и Камка се актери што ги сметам за доста квалитетни, па можам да кажам дека екипава вака на прво делува како win. Тоа што не знам, е што да очекувам од филмот, од тоа што видов ми делува доста тежок, ама никаде не начекав да прочитам плот. Ваљда е уште рано да се знае кога ќе излегува што како, ако имаш нешто подетално информации, апдејтај одвреме навреме колку да сме во тек, па се гледаме на премиера :X3:
 
“М“ е фантастична бајка за осамено, осумгодишно момче во потрага по љубов низ мрачниот, дистописки свет на нашата блиска иднина. Длабоко во дивината, Марко останува без заштитата од единствениот човек кого го познава, својот суров и опсесивен татко. Не знаејќи што е мајка, тој одлучува да ја најде својата самовила, која постои во неговата стара сликовница. Во потрагата низ пустошот наидува на уште едно изгубено дете, десетгодишниот Мико.

Филмот има фб и инстаграм страна

Не би се сложил дека Сашко Коцев е квалитетен актер. Обичен кловн. Сите го знаат само од Бубамара. Ако тој е добар актер јас сум Алан Делон.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.794
Поени од реакции
33.610
Инаку, убаво вика Шон: што е важно кој колку давал? Важен е резултатот на крај. Не би сакал да мешам политика, но кога ќе се спомне дека некој давал повеќе, веднаш на ум ми идат сумите кои беа дадени на Јадран филм за непостоечка серија која никогаш не почна ни да се снима. Пак ќе речам, резултатот на крај е важен, а јас во последниве 10 години можам да издвојам едвај 5-6 филма кои оставиле некаков впечаток: Џган, Три дена во септември, Исцелител, Медена ноќ, Медена земја, Avec l'Amour. На ништо друго во моментов, да ме убиеш, не може да ми текне. И не, не е оправдување дека сме мали и немаме финансии. Земете го за пример еден Либан: во соседството се води војна која има огромно влијание врз економијата, и во земјата пред некое време имаше граѓанска војна, кај населението има длабока етничка и религиозна поделеност, а сепак во последниве 2 години 2 пати беа номинирани за Оскар, и двата одлични филма, и речиси секоја година имаат филм на некој од трите големи европски фестивали (а ние го имавме дебито во Берлин годинава и плус уште еден Златен Лав од Венеција 1994, и толку).
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Не би се сложил дека Сашко Коцев е квалитетен актер. Обичен кловн. Сите го знаат само од Бубамара. Ако тој е добар актер јас сум Алан Делон.
Не знам кој си ти, а ни Алан Делон кој е. Ама знам Коцев кој е, а просечниот македонец тоа што не оди по театри и театарски претстави и го знае Коцев од Бубамара, не зборува за квалитетот на Коцев, колку за квалитетот на просечниот македонец.
Јас Коцев го имам гледано во две така, посериозни претстави. Едната е Макбет каде што ја има насловната улога и ја одглуми на ниво, а да се глуми Макбет е потфат. Во другата претстава, што е една од најуспешните на МНТ, Мајсторот и Маргарита, глуми спореден лик покрај имиња како Ристановски и Лилиќ и исто така, го пренесе ликот на нивото на една таква голема претстава.
Тоа што Коцев е "кловн", не е ниту за потценување, ниту за исмевање, впрочем најценетите актери во светот се оние кои знаат подеднакво добро да пренесат хумор и комедија, како и сериозност и емоции.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Јас Коцев го имам гледано во две така, посериозни претстави. Едната е Макбет каде што ја има насловната улога и ја одглуми на ниво
Те молам кажи ми дека не си сериозна.
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Уште подобро, ти кажи ми зошто, со аргументи секако, Коцев не го изглуми Макбет солидно.
Дали е тоа претстава?????
Макбет на жена му (девојка што и да му е) на погоре споменатиот лик што нема снимено филм во животот. Што двајцата заедно сега лапаат по 5-6 претстави во годината со вкупен буџет од незнам колку пари.
Или да лапаме дури сме тука.

Забегуваме од темата за што разговараме и да тоа јас неможам да го наречам претстава што го сработила госпожата.
Така да исто и сите вклучени во таа неможам да ги коментирам кој што направил или како изиграл.

Колку години има жената нека си стави прст на глава и со 1.8 милиони денари, на што личи тоа што го направила...
Тука живееме не сме паднати од небото така да секој може да си процени што гледал и што е направено.

Сашко како актер да можеби за некои работи ако му се погодат али за се не.Исто како и секој останат актер што неможе за се да го бива.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom