Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Има ли можност да се најдат стари, македонски филмови онлајн? Конкретно ме интересира за "Солунски Атентатори".
![]()
„Медена земја“ - македонски кандидат за „Оскар“
Македонскиот документарец „Медена земја“, кој веќе тримфираше на најголемиот американски фестивал за независни филмови „Сандес“, со три освоени награди,makfax.com.mk
Јеее, јееееее, јеееееееееее!Сепак Петрунија остана без крст!
Ај извади информации или ќе збориме од тепка. Претходните години се снимаа максимум по три, евентуално четири долгометражни филмови. За серии имаше пред некоја година повеќе, не зашто самите сакаа, туку имаше закон кој ги обврзуваше телевизиите да имаат 20 часа играна програма од сопствена продукција. За успеси, освен по некоја награда што освои Исцелител, не ми текнува на ништо друго. И сега ти ми кажи, што е исто или слично со последниве неколку години.И во последниве неколку години е слично, не е нешто ново ова годинава.
Ама за серии (што го виделе светлото на денот и не се користени за перење на пари) тоа дефинтиивно важи последниве години
![]()
И лани кога бираа имаше филмови кои уште немаа излезено. Незаборавна пролет во заборавено село беше еден од кандидатите, а премиера имаше годинава во март или април. Како и зошто, не ми е јасно.Не знам дали забележа некој, кога ДФПМ ги разгледувале филмовите кандидати за наш кандидат за Оскар, освен Медена земја, кого го избраа, Господ постои, името и е Петрунија на Митевска и Хеј! на Христов кои имаа премиери и кино проекции кај нас, потоа документарците Боите на Преспа: Птици (имаше премиера на Манаки лани) и Џезмен, како кандидат беше спомнат и Дедо и внук на Илија Пиперкоски. А излезен ли е филмот? Имал ли домашни проекции? Зашто јас колку што знам, премиера ќе има во ноември некаде, најверојатно на Синедејс, а за Оскар едно од правилата е да има континуирани кино проекции од неколку последователни дена најдоцна до 1 октомври 2019. Или нешто сум испуштил, или не знам. @џимеј ?