Македонски филмови

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.931
Поени од реакции
8.291
Три дена во септември го има ли на интернет да се изгледа?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.931
Поени од реакции
8.291
Го има македонскиот филм Hey! на торент па ако сака некој ќе му пратам линк и ако е можно нека го стави на Тракер мк.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Има ли можност да се најдат стари, македонски филмови онлајн? Конкретно ме интересира за "Солунски Атентатори".
Еве го ако не си го гледал до сега.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Me2
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.931
Поени од реакции
8.291
Година на мајмунот е пуштен на интернет но мора да се купи карта за да се гледа
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Слушнав ќе се снимало филм со купување на невести од Албанија.Главни улоги Шанац,Џамбаз, Сенко.Би требало да биде нешто добро ова.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197

  • Се снима филм на Вардан Тозија
https://fokus.mk/sashko-kotsev-surov-tatko-koj-chuva-tajna-se-za-potrebite-na-profesijata/. Има добра основа ама каков ќе биде крајниот производ?

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.112
Поени од реакции
37.573

Јеее, јееееее, јеееееееееее! :vozbud::vozbud::vozbud: Сепак Петрунија остана без крст!
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.185
Поени од реакции
10.189
Годинава како никогаш досега се снимаат македонски филмови. Вчера почна да се снима шестиот филм за оваа година, Снежана умира на крајот (дебитантски игран филм на Кристијан Ристески). Досега се снимени или се' уште се снимаат Хомо на Игор Иванов, Стела (прв домашен детски филм), Најтешкото нешто (филм од режисерот на Долина на волците), М на Вардан Тозија (уште се снима) и Те дуа, жими мене (независен филм на Марјан Гавриловски). За септември најавено е снимање и на седми македонски филм за годинава, дебитанскиот филм Сестри на Дина Дума.
Ако кон тоа се додадат и снимањето на француско-белгискиот филм Сирена во Париз и дел од мини-серија за Нетфликс што ќе се снима во октомври, потоа снимањето на сериине Зоки Поки, Дајте музика, четврта сезона на Преспав (ако не се лажам септември-октомври ќе се снима) и втората сезона од Фамилијата Марковски (што се снимаше на пролет, а за скоро треба и да се емитува), плус успесите на Медена земја и Петрунија по фестивалите, може да се заклучи дека годинава беше доста успешна за македонската кинематографија.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
И во последниве неколку години е слично, не е нешто ново ова годинава.

Ама за серии (што го виделе светлото на денот и не се користени за перење на пари :D ) тоа дефинтиивно важи последниве години (y)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.185
Поени од реакции
10.189
И во последниве неколку години е слично, не е нешто ново ова годинава.

Ама за серии (што го виделе светлото на денот и не се користени за перење на пари :D ) тоа дефинтиивно важи последниве години (y)
Ај извади информации или ќе збориме од тепка. Претходните години се снимаа максимум по три, евентуално четири долгометражни филмови. За серии имаше пред некоја година повеќе, не зашто самите сакаа, туку имаше закон кој ги обврзуваше телевизиите да имаат 20 часа играна програма од сопствена продукција. За успеси, освен по некоја награда што освои Исцелител, не ми текнува на ништо друго. И сега ти ми кажи, што е исто или слично со последниве неколку години.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.931
Поени од реакции
8.291
Најдов линк за симнување на Година на Мајмунот па ако некој е качувач на Trackermk.com нека пише да му дадам линк за симнување и да го прикачи таму.

Според трејлерот делуваше интересен а и има интересни актери.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.112
Поени од реакции
37.573
Не знам дали забележа некој, кога ДФПМ ги разгледувале филмовите кандидати за наш кандидат за Оскар, освен Медена земја, кого го избраа, Господ постои, името и е Петрунија на Митевска и Хеј! на Христов кои имаа премиери и кино проекции кај нас, потоа документарците Боите на Преспа: Птици (имаше премиера на Манаки лани) и Џезмен, како кандидат беше спомнат и Дедо и внук на Илија Пиперкоски. А излезен ли е филмот? Имал ли домашни проекции? Зашто јас колку што знам, премиера ќе има во ноември некаде, најверојатно на Синедејс, а за Оскар едно од правилата е да има континуирани кино проекции од неколку последователни дена најдоцна до 1 октомври 2019. Или нешто сум испуштил, или не знам. @џимеј ?
 
И лани кога бираа имаше филмови кои уште немаа излезено. Незаборавна пролет во заборавено село беше еден од кандидатите, а премиера имаше годинава во март или април. Како и зошто, не ми е јасно.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.931
Поени од реакции
8.291
Година на мајмунот ставен на ТракерМК. Филмот не е кој знае што ама интересен е и различно од повеќето филмови кој се снимале во државава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom