- Член од
- 22 август 2006
- Мислења
- 497
- Поени од реакции
- 1.000
Полека другари...Годинава како никогаш досега се снимаат македонски филмови. Вчера почна да се снима шестиот филм за оваа година, Снежана умира на крајот (дебитантски игран филм на Кристијан Ристески). Досега се снимени или се' уште се снимаат Хомо на Игор Иванов, Стела (прв домашен детски филм), Најтешкото нешто (филм од режисерот на Долина на волците), М на Вардан Тозија (уште се снима) и Те дуа, жими мене (независен филм на Марјан Гавриловски). За септември најавено е снимање и на седми македонски филм за годинава, дебитанскиот филм Сестри на Дина Дума.
Ако кон тоа се додадат и снимањето на француско-белгискиот филм Сирена во Париз и дел од мини-серија за Нетфликс што ќе се снима во октомври, потоа снимањето на сериине Зоки Поки, Дајте музика, четврта сезона на Преспав (ако не се лажам септември-октомври ќе се снима) и втората сезона од Фамилијата Марковски (што се снимаше на пролет, а за скоро треба и да се емитува), плус успесите на Медена земја и Петрунија по фестивалите, може да се заклучи дека годинава беше доста успешна за македонската кинематографија.
Филмовите што се снимаат сега тие 4-5 ќе видиме што ќе направат како и во изминатите години тој е просекот.
Инаку баш ме интересира дечкото што нема снимено ништо во животот а доби пола милион на диал со власта (во првиот рок од конкурсот на агенцијата)
што срање ќе направи.
Братот од агенција да не се дуе многу во гради затоа што нема да трае уште долго и незнам ни како издржа таму до сеа.
Сите филмови што се имаа постигнато успех од кое време и кога се поддржани видете, за да не се прај некој петел на туѓ грб.
Буџетот на Агенцијата е најмизерен како никогаш досега од постоењето на агенцијата.
Од 7 ипол милиони најголем на балканот стигнавме до бедни 2 милиони...
Марјан имаше аплицирано ми се чини еднаш или 2 пати и го одбиваја.
Тоа Нетфликс не скокајте една епизода дека ќе снимат во Македонија затоа што немало кој друг паметен да им отстапи аеродром на еден ден и да блокира сообраќај во цела држава.
ЗокиПоки, Дајте музика, Преспав си се башка проекти.
Медена земја е филм што се работи изминативе 5 години и таман време си е да растура сеа, а и Петрунија, конечно еден нормален филм од Теона.