Годинава како никогаш досега се снимаат македонски филмови. Вчера почна да се снима шестиот филм за оваа година, Снежана умира на крајот (дебитантски игран филм на Кристијан Ристески). Досега се снимени или се' уште се снимаат Хомо на Игор Иванов, Стела (прв домашен детски филм), Најтешкото нешто (филм од режисерот на Долина на волците), М на Вардан Тозија (уште се снима) и Те дуа, жими мене (независен филм на Марјан Гавриловски). За септември најавено е снимање и на седми македонски филм за годинава, дебитанскиот филм Сестри на Дина Дума.
Ако кон тоа се додадат и снимањето на француско-белгискиот филм Сирена во Париз и дел од мини-серија за Нетфликс што ќе се снима во октомври, потоа снимањето на сериине Зоки Поки, Дајте музика, четврта сезона на Преспав (ако не се лажам септември-октомври ќе се снима) и втората сезона од Фамилијата Марковски (што се снимаше на пролет, а за скоро треба и да се емитува), плус успесите на Медена земја и Петрунија по фестивалите, може да се заклучи дека годинава беше доста успешна за македонската кинематографија.