Срамота. На вас ве било срам што седите таму а мене ми е срам што го читам оваа што сте го напишале. Заради вакви како вас во МКД ништо не успева, бидејки туѓото се сака, а нашето се мрази. Јас икао само 17 год успеав да го разберам филмот а верувам и сите кои го гледале. Филм кој го зема документарното како подлога но остава простор да се развие и филмската креативност. Филм кој секогаш ќе потсеќа на грозоморниот чин, на убиства само заради идеја. Филм кој нема да дозволи да се заборави оваа историја на мојот град, на Струмица. И никогаш да не згасне почитта кон петте студенти. Прекрасно дело кое успеа да ја разгори љубопитноста во мене. СИТЕ ПОФАЛБИ!!!
Продуцентот што ветуваше гага карти за да добие филмот „рекордна гледаност“, режисерот на филмот што нема поим од сценарио како ко-сценарист, а камоли од разлика меѓу телевизиски и игран филм или некој од аматерите-статисти на филмот се јави?
Кој и да е, listen to me punk, филмот беше, и е` тешко аматерски. Да почнам од сценариото кое е пишувано како од петгодишно дете. Го зема документарното, а остава простор и за филмска креативност. Кое документарно, која креативност, побогу? Па филмот нема никаква креативност. Работен на рекла-казала муабети од некои дедовци, филмот игра на картата ги убиле невини, а ги прикажува како криминалци.. Цело време и самите велеа по весници дека децата биле напредни и читале книги и филмови кои биле забранети, за на крај во филмот да ги прикажат како активисти кои фрлаат летоци и бегаат од полиција. А колку само аматерски беше па таа потера по нив и моментот кога се предадоа тоа е чудо. За дијалозите немам збор. Префрлањето на документарното како што го рече (1951 година) во 2016та пак беше скроз непотребно. Ако правеле филм за нив, требало цел филм да е сместен во 1951ва, а не да ми прават паралели + наратор, како не можеме да го сфатиме филмот без него, мора да ни го сведе на тацна.
Режијата преаматерска, препознатлива за режисер кој немал никакво искуство со игран филм и цел живот го поминал во телевизии. Па уште и се буни го ставиле дебитант, а он имал зад себе 500 проекти од кои сите телевизиски.
Глумата толку беше лоша, што Тренчо и од искусни глумци ко Биљана Танески прави аматери. Режисерот е тој кој дава насоки како да се одглуми сцената, без разлика колку филмови си снимил или не. Уште едно место каде потфрлил Тренчо. Единствено Игор Ангелов чат-пат имаше добра глума, другите јок. Па и уште кога во првата сцена кај што ничкосани лежат еден се помрдна, пиши пропало. Младиве дечки не се криви за глумата (едноставно немаат ни искуство за пред камера). Статистите (од брат, од тетка деца земени сите) - катастрофално водени. Па уште кога ја видов и жена му на Тренчо во една сцена - се изпресмеав.
Сцената кај што се дечкото и девојката под дрвото катастрофа. Дури и во кино, сликата на таа сцена беше како да си пуштил TS снимка од филм (снимка со камера од кино)
Единствена светла точка беа одредени кадри, одредени сцени на Игор Ангелов, музиката донекаде и цицките на Биљана. (уште една сцена кајшто режисерот потфрлил, очигледно од многу проекти зад себе.)
Филмов може да е генијален, за секоја пофалба и такви мити ствари само за некој што има изгледано 3 филма у живот. Дури и другар ми што го гледаше со мене (со 2 филма изглдани цел живот) ми рече: Брат, ова беше тешка катастрофа. Од секоја точка.