Околу перформансите ќе разговараме дополнително, моментално сега што иам да кажам е околу еден од најлошите филмови што ги имам гледано од македонската продукција воопшто, "Златна петорка". Како прво ова е ТВ филм и тоа е факт, човекот има земено 300 илјади евра за да прави ИГРАН ФИЛМ. Од почеток буквално во првите 10 секунди кога ќе чуеш наратор знаеш колку е часот и што можеш да очекуваш. Од тоа што претходно имав читано и беше јавно објавено мислам синопсиси или режисерски експликации јас ништо не видов во филмот, драматуршки тешка катастрофа се има десено. Во филмот со приказната нишо не се дешава еден тон еден тон непотребни работи се случувааат, а ништо од приказната што треба да ја видиме. Костимографија многу лоша, имаше едни агенти демек од службата комунистичка ми се чинеше како од филм ноар да се избегани и го згрешиле сетот и тоа пази сето тоа луѓе натуршчици, тоа мислев дека е пародија цел филм, за дијалозите да не зборувам, наместо да гледам драма, историски филм демек со моменти на романтична приказна, јас мислев дека гледам пародија некоја се газев од смеење на глупостите што ги гледам. Кастингот од А до Ш промашено цело сето, незнам кај гледал човекот што гледал позади камерата. Колор градирање никакво НУЛА, баш како за на телевизија да е сниман филмот, мислам дека треба да си го спакуваат филмот за во фиока или да го пуштат сеа еднаш на мтв и тоа е, ова не проаѓа на ниеден филмски фестивал, тоа е само џабе пари трошење. И тоа дечки на крајот нараторот фино поштено си ја раскажува приказната и кажува за што се работело во филмот и за што е филмот, мислам нормално на сите да му биде јасно како било што било
.
пс. како добил пари? Епа многу лесно ќе правиме филм за патриотизмот, слобода или смрт и на крај за 'сонцето ќе огрее за нас' ...