Македонски филмови

Член од
22 август 2006
Мислења
497
Поени од реакции
1.000
Каде го гледаше?
На фестивалот Браќа Манаки, поточно на затворањето на фестивалот. Најискрено на крајот од филмот ми беше страм што седам во салата, незнам како не и беше страм на екипата да излези на бина за да се поклони...
 
Член од
22 август 2006
Мислења
497
Поени од реакции
1.000
Златко нормално со овации, што мислиш каква публика го гледаше филмот и кој се оди на отворање и затворање на тој фестивал (само на прв и последен ден неможеш да најдеш карти пошто само тогаш ја полнат салата со гратиси и со покани на некој што треба да биди виден таму и да се појави во незнам што, а појма нема зошто е таму и што треба да гледа) ? Во текот на цела недела во голема сала на проекциите што се во официјална конкуренција имаш 5-10 луѓе во сала што собира 600 . Премија ти е ако имаш повеќе од 20 луѓе на тие проекции, од кои постојани 5 луѓе ти се од жирито.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.112
Поени од реакции
37.573

И тоа што викаш. На пола од нив може и прв во животот им е... Јасно.

BTW, да не ѕирна нешто друго од програмата? Годинава беше одличен изборот на филмови.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Не знам што очекувавте од Златната петорка, уште по трејлерот се гледа дека е преаматерска изработка. Не знам по која основа се бираат филмовите, ама знам дека краткометражните растурат во македонската кинематографија, многу посолидни од долгометражните.

Што се однесува до македонските филмски фестивали, мислам дека имаат многу малку промоција, океј не дека нашава младина знае да гледа квалитетни филмови, искрено од моево друштво имам уште еден другар што знае да гледа добри филмови т.е Европска кинематографија и девојка ми која покрај мене чат пат знае да изгледа европски добар филм, обично јас сум ѝ репер за бирање квалитетни филмови. Во Скопје и не е се' баш така црно, на Синедејс знаат да се пополнат салите на добрите вечерни проекции (Џармуш секогаш ја полни салата, едвај чекам, ваљда ќе го има Paterson годинава, Вуди Ален исто затоа што е Ален, Франсоа Озон исто, и да не редам други фестивалски фаворити), a пак попладневните проекции и на оние помалку извиканите режисери скоро и да нема никој. Макар што и за Битола ме чуде, град на културата, мене искрено омилен македонски град, кој во воздухот владее некоја убавина посебна, плус ми е тоа што имаат најдобар македонски театар, ДА, многу подобар од Драмски и МНТ. Жално е што имаат таков фестивал, а да не е посетен, не знам каде е грешката, дали многу слаба промоција има кај помладата популација, не знам што е проблемот.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
, плус ми е тоа што имаат најдобар македонски театар, ДА, многу подобар од Драмски и МНТ. .
Не си гледал изгледа претстава од прилепскиот(посебно тие на Кочовски) :D.

Иначе шо се дешаваше на отворањето, едно сиже на перформансот?
 
Член од
22 август 2006
Мислења
497
Поени од реакции
1.000
И тоа што викаш. На пола од нив може и прв во животот им е... Јасно.

BTW, да не ѕирна нешто друго од програмата? Годинава беше одличен изборот на филмови.
Од филмовите во компетиција што беа не успеав да глеам ништо затоа што немав време и имав обврски освен Сиераневада тој романскиот каде и ние сме копродукција, режисерот е многу напорен :) ако ги издржиш првите 30-40 мин тераш до крај. Од кратките филмови во компетиција ги глеав сите, доста добри и интересни филмчиња имаше. Од МАК ПОИНТ изгледав се. Бев на мастер класови на легендарниот Карпо Година (кој веќе некако е многу стар и ме разочара тоа што го предаваше ако може да се нарече така, само филмови пушташе и слабо дискусија направи) и на добитникот на камера 300 за животно дело, кинематографот Џон Сил, одличен беше и 2 часовното предавање за неговата работа во еден куп успешни проекти и оскаровски филмови.

Не си гледал изгледа претстава од прилепскиот(посебно тие на Кочовски) :D.

Иначе шо се дешаваше на отворањето, едно сиже на перформансот?
Перформансот отворањето како и да го наречам тоа и тој тип на отварање се има случено на отварање на филмскиот фестивал во Карлови Вари пред 15-20 години исто со гол маж и гола жена на сцена, играње и правење кореографија со тие црвени ленти али со мн добра поента полека се креваа и од горе се спушта кристалниот глобус и го допираат, сето тоа добро изгледаше и имаше некаква поента. Е сеа кога сме кај отворањето на овај фестивал со Здравко гол на сцена ( не му е прв пат, а и само тоа го знае тој на сцена) и компанија што уште го трпи Мартин, а полека си наоѓа и млади деца средношколци за послушници си прави што сака. Скокање, рипање, пак играње со тие црвени ортоми и копирање на нечија работа во сосем негативен контекст или во нешто што нема никаква поента незнам што да кажам. Не е дослдено на фестивалот и на институцијата што ви го финансира, главни покровители на фестивалот ти е се Агенција за филм со 130тина илјади евра и претседателот на државата. Е сеа пријатели, како сите што се прават многу паметни, најпаметна работа ќе биде агенцијата во година да му го скрати на пола буџетот истото и со сите поддржувачи па да видиме колку и како ќе се реализира фестивалот. На целиот фестивал едвај еднаш дали ја спомнаа агенцијата за филм билокаде, освен што си стои лого на каталог и рекламни материјали и што директорката имаше една панел дискусија за копродукции на балканот.
Мартин со перформаност многу добро се гледа како плука и омаловажува се пред него, без никаква почит кон никого, од околу актерите или тие што се појавуваат на сцена може да видите која класа на актери се 4та или пониска ако постои од тоа. Актери и луѓе што познаваат театар и работеле таму, одамна имаат кренато раце од Мартин (принципот на работа му е не баш сјаен, алкохолот има големо влијание), пошо тој на почетокот направи 2 претстави во кои ајде пресно дипломирани и млади актери се уклопија со него и направија што направија, успешно не велам не али издржано.

Не знам што очекувавте од Златната петорка, уште по трејлерот се гледа дека е преаматерска изработка. Не знам по која основа се бираат филмовите, ама знам дека краткометражните растурат во македонската кинематографија, многу посолидни од долгометражните.

Што се однесува до македонските филмски фестивали, мислам дека имаат многу малку промоција, океј не дека нашава младина знае да гледа квалитетни филмови, искрено од моево друштво имам уште еден другар што знае да гледа добри филмови т.е Европска кинематографија и девојка ми која покрај мене чат пат знае да изгледа европски добар филм, обично јас сум ѝ репер за бирање квалитетни филмови. Во Скопје и не е се' баш така црно, на Синедејс знаат да се пополнат салите на добрите вечерни проекции (Џармуш секогаш ја полни салата, едвај чекам, ваљда ќе го има Paterson годинава, Вуди Ален исто затоа што е Ален, Франсоа Озон исто, и да не редам други фестивалски фаворити), a пак попладневните проекции и на оние помалку извиканите режисери скоро и да нема никој. Макар што и за Битола ме чуде, град на културата, мене искрено омилен македонски град, кој во воздухот владее некоја убавина посебна, плус ми е тоа што имаат најдобар македонски театар, ДА, многу подобар од Драмски и МНТ. Жално е што имаат таков фестивал, а да не е посетен, не знам каде е грешката, дали многу слаба промоција има кај помладата популација, не знам што е проблемот.
Околу публиката на фестивалот за студенти, ученици и пензионери мислам дека беше и бесплатно да влегуваат само со идентификација соодветна. Фестивалот беше презаситен со филмови, а битола искрено нема толку голема маса и публика да присуствува секој ден од 12, 14, 16, 18, 20, 22, 24 часот на филмови, а и секој нормален човек нема концентрација за тоа да го издржи, сепак добро е да си направиш план од почеток на фестивалот и да гледаш филмови што сакаш да ги изгледаш.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.185
Поени од реакции
10.189
Од филмовите во компетиција што беа не успеав да глеам ништо затоа што немав време и имав обврски освен Сиераневада тој романскиот каде и ние сме копродукција, режисерот е многу напорен :) ако ги издржиш првите 30-40 мин тераш до крај. Од кратките филмови во компетиција ги глеав сите, доста добри и интересни филмчиња имаше. Од МАК ПОИНТ изгледав се. Бев на мастер класови на легендарниот Карпо Година (кој веќе некако е многу стар и ме разочара тоа што го предаваше ако може да се нарече така, само филмови пушташе и слабо дискусија направи) и на добитникот на камера 300 за животно дело, кинематографот Џон Сил, одличен беше и 2 часовното предавање за неговата работа во еден куп успешни проекти и оскаровски филмови.
Кога рече си изгледал се од МакПоинт може да ми кажеш какви се Обожение, Чевли, Исклучиво жолти лалиња, Случајот, Скора, Конфликт, Роденден и Брат за еден ден.

За Обожение и Скора немав прилика да ги гледам во Скопје, а многу сакав.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.112
Поени од реакции
37.573
Кога рече си изгледал се од МакПоинт може да ми кажеш какви се Обожение, Чевли, Исклучиво жолти лалиња, Случајот, Скора, Конфликт, Роденден и Брат за еден ден.

За Обожение и Скора немав прилика да ги гледам во Скопје, а многу сакав.
А Борба за смрт? На Letterboxd уште никој го нема гледано, а многу го испофалија по нашиве медиуми.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.185
Поени од реакции
10.189
А Борба за смрт? На Letterboxd уште никој го нема гледано, а многу го испофалија по нашиве медиуми.
ни тој го немам. На СФФ годинава не можев да ги фатам кратките. Се надевам сега на КинеНова ќе ги има и овие од Битола и некои нови и ќе можам да ги погледнам.
 
Член од
22 август 2006
Мислења
497
Поени од реакции
1.000
Борба за смрт гледан ми е на СФФ некако ми изгледаше цел филм така визуелно и приказната како Македонски народни приказни и не ми се допадна. Обожение е игран филм и претходно гледан ми е, е доста длабок и тежок филм, ако немаш доволно познавања од теолошки термини нема да ја разбереш тематиката, доста поетичен филм, вреди да се гледа, филмот како целина е одличен, мн добра кинематографија што потсеќа на руска школа на филмови од Тарковски. Чевли го глеав за прв пат, актерот Веселинов многу ми е антипатичен ако можам актер да го наречам поши типот не е ни дипломиран сеуште, а има преку 30 години, али нема везе, филмот тој некако многу холивудски ми изгледаше и монтажа и дејствието, не ми се допадна многу. Исклучиво жолти лалиња не го гледав, утре ќе го даваат во кинотека ќе го гледам. Случајот е некој обид за филм ноар, али мн аматерски ми изгледаше и така комично. Скора е за тој филм нз што да кажам а и авторот изглеа, 2 типки негде талкаат незнаат што бараат, многу нејасен филм, излегов по првите 5 минути неможев да го гледам, инаку Наташа Петровиќ и Јелена Јованова играа, ама не ме привлече да го догледам. Конфликт го гледав во кинотека кога имаше премиера и за тоа сеуште се чудам како добива некој пари за сценаријата да снима кратки филмови, тоа е катастрофа невидена, една случка има само, млади деца војници во војната ги носат во камион и налетуваат на заседа и ги убиваат во престрелка и толку. Типот режисерот што го праел е истиот од Девојчето со кибритчињата што е океј еканизација солидна и супер, али ова Конфликт е нз што да кажам преаматерски, ефтини афтер ефектс што деца од 15 години на јутуб ги прават и објавуваат. Мн ужасно. Роденден филмот е скопска прича, за млади дечки као и се пуштаат на наставничката па ајде роденнден му е на еден од нив и случајно налетуваат на неа и упаѓаат кај неа да ја силуваат. Така брутален филм малку и повеќе од брутален, актерите малку ја претеруваат со скопскиот и скопските фори али ок. Брат за еден ден.. нз што да коментирам ништо посебно, мн плитка приказна, глумата на Тони и Камка слабо некако, а и работата со децата не е на ниво, мн се гледа дека е фејк. Продукциски целосно слабо изгледаше.

пс. Се надевам дел од филмовите ќе бидат на Синедејс ако некој од нив веќе не биле, па ќе се има прилика повторно да се погледнат со поголема концентрација.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.112
Поени од реакции
37.573
Уште не е официјално. Освен на fb page-от на Шербеџија, никој и никаде нема ништо објавено.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom