Баш ме интересира како странец би го доживеал Бал-Кан-Кан. Сепак да се разбере филмот требаат некои предзнаења за политичките односи, стереотипи и историја на Балканот.
Интересно би било да се купат сите овие ДВДа до сега издадени за домашна колекција но би требало да има онлајн продавница за да бидат повеќе достапни низ државава и за странство.
Интересно би било да се купат сите овие ДВДа до сега издадени за домашна колекција но би требало да има онлајн продавница за да бидат повеќе достапни низ државава и за странство.
Штета што овие ДВД изданија се достапни само во Скопје да се набават. Не секој има време и може да отиде до Скопје да си купи ДВД издание.
Најдобро е да се пуштат или онлајн за гледање или онлајн продажба а исто така најдобро е дистрибуција низ цела држава да ги има во продажба пример со весник со доплата или во некој книжари.
Ќе има и реставрирани кратки филмови. Тоа би било интересно да се види, пред се' зашто за кратките филмови од порано се знае скоро ништо. Пример за тоа е и краткиов "Исчезнувањето на Сузана Арсова" за кој Гугл не вади никакви резултати.
Сепак сметам дека кога веќе почнаа со долгометражните филмови, требаше да ги истераат прво нив. Не се голем број, па да не можат да ги средат.
Прескапи се за наши стандарди - 500 денари филм! Ако не се лажам, околу 10 имаше претходно реставрирани, плус овие 5 = 15. Тоа се 7500 денари, повеќе од половина од нашиот минималец.
Прескапи се за наши стандарди - 500 денари филм! Ако не се лажам, околу 10 имаше претходно реставрирани, плус овие 5 = 15. Тоа се 5500 денари, повеќе од третина од нашиот минималец.
Или ако одиш по комплети - Љубиша и Столе се по 1500, Кирил Ценевски е 1000 + не знам овој комплет колку би бил, ама дека се 5 филма, веројатно 1500, пак. Значи сепак 5500.
@Shawn Spencer , реставрирани се и кратки филмови. Има комплет од Манаки, плус во комплетот од Столе Попов има негови кратки реставрирано.
Или ако одиш по комплети - Љубиша и Столе се по 1500, Кирил Ценевски е 1000 + не знам овој комплет колку би бил, ама дека се 5 филма, веројатно 1500, пак. Значи сепак 5500.
@Shawn Spencer , реставрирани се и кратки филмови. Има комплет од Манаки, плус во комплетот од Столе Попов има негови кратки реставрирано.
Не ми текнува за Столе, ама знам дека имаше неколку кратки во комплетот на Љубиша.
Ова ДВД што го промовираат сега, реставрацијата е завршена одамна, сега само ги ставиле филмовиве на еден диск. Знам Жед го гледав реставриран во Кинотека уште пред 3 или 4 години, а ги даваа реставрираните верзии и на Жед и на Колнати сме Ирина на Наша Тв. Другите три филма се реставрирани уште порано.
За пофалба е целава реставрација и обид за зачувување на филмовиве, ама некако не работат понатаму на нивна промоција.
Да ги купиш мораш да отидеш во Кинотека, наместо да ги дистрибуираат по трафики или да направат сајтче за онлајн продажба.
Откако ќе ги реставрираат ќе пуштат една проекција од филмовите, наместо бар една недела да ги пуштат да ги видиме на големо платно.
МРТ ко шугав канал не му текнува да ги пушти реставрираните верзии на својот канал во HD. А врти едни исти амерички шлајмови по 3-4 години.
Не знам колку е точно, ама прочитав некаде дека македонските телевизии имаат законска обврска да ги прикажуваат домашните филмови и ги добивале без пари. Ако ова е точно, тогаш МРТ е за уште поголем стап и критика.
А ДВД изданијава што ги снимаат иако се фенси и со шмек направени се само добро нашминкани ДВД изданија со резолуција до 576 пиксели. Блуреј уште е виша технологија за нас.
Реално не се скапи. 1000-1500 денари цело издание од 5 филма, испаѓа дека купуваш по 200-300 денари филм. Е сега пак ќе кажам на тие ДВД изданија резолуцијата е мала, џабе што е џам сликата, кога ради резолуцијата мене не ми прават многу ќеф.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.