Македонски филмови

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Баш ме интересира како странец би го доживеал Бал-Кан-Кан. Сепак да се разбере филмот требаат некои предзнаења за политичките односи, стереотипи и историја на Балканот.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.777
Поени од реакции
7.515
Ново ДВД со пет македонски дигитално реставрирани филмови

Интересно би било да се купат сите овие ДВДа до сега издадени за домашна колекција :tvg: но би требало да има онлајн продавница за да бидат повеќе достапни низ државава и за странство.
Штета што овие ДВД изданија се достапни само во Скопје да се набават. Не секој има време и може да отиде до Скопје да си купи ДВД издание.

Најдобро е да се пуштат или онлајн за гледање или онлајн продажба а исто така најдобро е дистрибуција низ цела држава да ги има во продажба пример со весник со доплата или во некој книжари.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ќе има и реставрирани кратки филмови. Тоа би било интересно да се види, пред се' зашто за кратките филмови од порано се знае скоро ништо. Пример за тоа е и краткиов "Исчезнувањето на Сузана Арсова" за кој Гугл не вади никакви резултати.

Сепак сметам дека кога веќе почнаа со долгометражните филмови, требаше да ги истераат прво нив. Не се голем број, па да не можат да ги средат.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Прескапи се за наши стандарди - 500 денари филм! Ако не се лажам, околу 10 имаше претходно реставрирани, плус овие 5 = 15. Тоа се 7500 денари, повеќе од половина од нашиот минималец.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Прескапи се за наши стандарди - 500 денари филм! Ако не се лажам, околу 10 имаше претходно реставрирани, плус овие 5 = 15. Тоа се 5500 денари, повеќе од третина од нашиот минималец.
Не би дал 500 денари за 5 филма од кои барем 1 е со cutiest pie Неда Арнериќ?
Океј и ја напраив грешка :D
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Грешка во пресметките погоре. Се исправив. :D
Автоматски споено мислење:

Или ако одиш по комплети - Љубиша и Столе се по 1500, Кирил Ценевски е 1000 + не знам овој комплет колку би бил, ама дека се 5 филма, веројатно 1500, пак. Значи сепак 5500. :P

@Shawn Spencer , реставрирани се и кратки филмови. Има комплет од Манаки, плус во комплетот од Столе Попов има негови кратки реставрирано.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Грешка во пресметките погоре. Се исправив. :D
Автоматски споено мислење:

Или ако одиш по комплети - Љубиша и Столе се по 1500, Кирил Ценевски е 1000 + не знам овој комплет колку би бил, ама дека се 5 филма, веројатно 1500, пак. Значи сепак 5500. :P

@Shawn Spencer , реставрирани се и кратки филмови. Има комплет од Манаки, плус во комплетот од Столе Попов има негови кратки реставрирано.
Не ми текнува за Столе, ама знам дека имаше неколку кратки во комплетот на Љубиша.

Ова ДВД што го промовираат сега, реставрацијата е завршена одамна, сега само ги ставиле филмовиве на еден диск. Знам Жед го гледав реставриран во Кинотека уште пред 3 или 4 години, а ги даваа реставрираните верзии и на Жед и на Колнати сме Ирина на Наша Тв. Другите три филма се реставрирани уште порано.

За пофалба е целава реставрација и обид за зачувување на филмовиве, ама некако не работат понатаму на нивна промоција.

Да ги купиш мораш да отидеш во Кинотека, наместо да ги дистрибуираат по трафики или да направат сајтче за онлајн продажба.
Откако ќе ги реставрираат ќе пуштат една проекција од филмовите, наместо бар една недела да ги пуштат да ги видиме на големо платно.

МРТ ко шугав канал не му текнува да ги пушти реставрираните верзии на својот канал во HD. А врти едни исти амерички шлајмови по 3-4 години.

Не знам колку е точно, ама прочитав некаде дека македонските телевизии имаат законска обврска да ги прикажуваат домашните филмови и ги добивале без пари. Ако ова е точно, тогаш МРТ е за уште поголем стап и критика.

А ДВД изданијава што ги снимаат иако се фенси и со шмек направени се само добро нашминкани ДВД изданија со резолуција до 576 пиксели. Блуреј уште е виша технологија за нас.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Јас, најискрено, од поодамна се мислам дали да почнам да ги купувам...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Јас, најискрено, од поодамна се мислам дали да почнам да ги купувам...
Реално не се скапи. 1000-1500 денари цело издание од 5 филма, испаѓа дека купуваш по 200-300 денари филм. Е сега пак ќе кажам на тие ДВД изданија резолуцијата е мала, џабе што е џам сликата, кога ради резолуцијата мене не ми прават многу ќеф.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Го гледаше некој Хомо во Синеплекс? Се мислам дали да одам, ама некако ме смрзи. За Тенет од Нолан не отидов да направам кластер, па за Хомо...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Мене не ми се оди ради корона срањево. Здравје, ќе се чека 5-6 години да го пуштат на Телма. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom