Македонија-Хрватска 21.01. (26-29)

Како ќе заврши двобојот на Балканските велесили?

  • победа на Македонија

    Гласови: 74 58,7%
  • нерешено

    Гласови: 19 15,1%
  • победа на Хрватска

    Гласови: 33 26,2%

  • Вкупно гласачи
    126
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
C

Castiel

Гостин
Не се летајте многу....да имаме шанси имаме некои минимални... се надевам и ја на победа....ама реалноста е друга...сепак ќе остане да видиме...
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.570
Поени од реакции
6.230
Стари волци се овие Хрватите. И самите знат дека се фаворите ама си пуштат изјави:
1. Шанси 50-50
2. Не сме изненадени од Македонија то су врхунски играчи
3.Сега кај и да е Чевларот ќе се јави со изјава тоа е благодарејќи на мојот труд во мом Металургу :icon_lol:А
А овие напатените наши новинари се само си пренесват.Види на хрватски портали ништо нема за мечот , ама зато на Македонските портали преплавено од информации уште од 6 сабалје :pos:.

Ќе биди весело:D
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Две многу битни работи треба да се десат за да тепаме, а тие се:

Човеков да не го разбраниме во првите десеттина минути.



И втората изузетно битна ствар е "Кралот на ноќниот живот" или такозвани ЧОМБЕ да биде пристутен у сала :cool:

 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
ене го позади брат му на Столе :D
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Каква Хрватска. Наша е победата!:)

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!:oeoeoe:
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.229
Поени од реакции
14.523
Голужа е најпотценет слекетор, веројатно во историја на ракометот.

Гледам дека и во Македонија се пренеле стереотипите од Хрватска. Можеби нема нешто многу памет во него и кога би имал фирма не би го запослил, но ако имам ракометен клуб тогаш би го земал.

Да не беше од Херцеговина и да беше некое мангупче од Сплит или Загреб, сосема поинкава слика ќе правеа медиумите за него.

Башка и тој некој чуден хрватски менталитет, кој преовладуваше претходните десет години, каде плукаа скоро по секого.

Веќе некое време не пратам многу нивни форуми, но сигурен сум дека уште плукаат по Голужа затоа што не игра одбрана 3-2-1, а кукаат зошто не се повикани Балиќ, Домениковиќ, а можеби уште и по Метличиќ. :D
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.332
Поени од реакции
5.326
Пораз не ни бега :)
какви 50-50 шанси какви бакрачи остајте го Голужа шо збора :D
Факт е дека Хрватска ништо посебно не изигра до сега, во одбрана се ранливи и не играат нешто посебно во дефанзива и тоа треба и тоа како да го искористиме особено со игра на пикер преку Столе и влезојте на Миркуловски за да изнудва 7м. Ама пак од друга стана тие во напад се топој и доста ефикасни го имаат еден од подобрите бекој во светот Домагој Дувњак, сега одлично се вклопи и играчот на Вардар Игор Карачиќ а на десната страна е Марко Копљар, на крилата се Штрлек и одличниот Чупиќ и на пикер џинот Вори.

За оваа утакмица имам 2 варијанти, или ќе се мачат со нас како со Австрија и Тунис и ќе биди неизвесна утакмицата до 60та минута или пак ќе се разиграат сите и ќе се разбрани Алиловиќ кој на претходните 3 меча покажа дека е вон форма и ќе не торпедираат како Иран :)
Јас мислам со добар Лазаров и Мојсо, Жути си ја знај неговата функција само пенали да се прат над него, мора да форсираме повеќе пикер сега, крилата ни се одлични за да можиме да парираме колку-толку...
Иако мислам ќе изгубиме минимално не повеќе од 3 разлика...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.367
Поени од реакции
6.866
И јас одамна чекав да играме со Хрватска за да видиме до каде сме и конечно ќе ни се исполни желбата.

На прв поглед некој ќе рече за очекување е типичен балкански дуел. Ама не е така. Хрватска под Голужа игра според мене се само не балкански ракомет. Впрочем играта им е слична како на Данска и на некои други скандинавски селекции. Јака висока одбрана + убоита транзиција. Тоа донекаде им го диктира и ростерот и не е толку чудно. Чупиќ, Штрлек. Дувњак и Вори се играчите врз кои се темели оваа игра бидејќи играат во два правци и се одлични во транзиција. Плус и Коплјар и Слишковиќ играат во два правци, па можат и никого да не менуваат одбрана - напад што е голем плус.

Голужа можеби малку и претерано е исмејуван за стилот на игра, ама со овие играчи мене ми е донекаде и логичен. Проблемот е што самите играчи се такви што имаат одредени слабост во напад, а во цел овој период додека е Голужа тренер ништо посебно не уиграа за позициони напади, а знаат дека тоа им е слабата страна. Зошто им е слаба страна? Бидејќи главните играчи иако се многу високи не се којзнае какви шутери. Коплјар веќе долго време е повеќе подавач отколку шутер. Не дека нема солиден шут ама не шутира. Нешто како леворак Филип Лазаров е според мене (само што Коплјар е звер во одбрана, а Филипче не смееш ни да помислиш да го оставиш таму). Дувњак е солиден за среден бек, ама не е којзнае што а знае и тоа како да претера со форсирање. Не дека немаат класични разбивачи шутери (Слишковиќ, Степанчиќ), ама не ги играат. Главно служат за греење на клупата.

Клучот на натпреварот според мене не е во одбраната туку во нападот, поточно во техничките грешки (изгубените топки). Нема шанси да се одбраниме во транзиција доволно пати за да победиме ако губиме многу топки. Сме го сакале тоа или не, решението за оваа Хрватска е стилот на Червар - топката е злато.

Иако овие генерации на Македонија и Хрватска не играле едни против други, реално играта е и тоа како тестирана. Одбраната на Хрватска е 90% одбраната на ПСЖ - триото Коплјар, Вори и Гојун (всушност Хрватска по многу работи наликува на ПСЖ, сличен стил на игра, слични крила, разликата е едните го имаат Хансен а другите Дувњак). Реално и Вардар, а особено Металург имале доста добри натпрревари против оваа одбрана (дури и победи), па постојат реални причини за оптимизам. Стоилов ќе мора да ни биде главен играч ако сакаме победа, особено по оние ниски додавања какви што долги години играат Мојсовски и Миркуловски со пикерите во Металург. Тука е клучот. Ако тие додавања поминуваат без да губиме топки, а за тоа треба Миркуловски, Мојсовски, Прибак и Стоилов да имаат доста добри натпревари имаме солидни шанси да ги добиеме. А може да поминуваат бидејќи сите главни одбранбени играчи се доста високи и тешко бранат вакви ниски топки. Плус повеќе играат одбрана на блокирање на шутеви отколку да се туркаат со пикерите. Лазаров/Вугринец не верувам да се изнаиграат, макар што вообичаено на 5ка се најслабите одбранбени на Хрватска, а и Дувњак често се штеди и не се труди толку, ама сепак тешко ќе оди пробивање со скок шутеви од таму.

Да не се лажеме Хрватите имаат фантастичен тим. Освен на лев бек на сите други позиции имаат светска класа играчи, а имаат и соодветни замени. Ама никако не се непобедливи. Нема да го прогнозирам резултатот, ама сум доста оптимист во пресрет на натпреварот. И тоа оптимист сум од проста причина што мислам дека нашиот тим е незгоден противник за нив, а не затоа што мислам дека сме појака екипа моментално - далеку од тоа. Мислам дека хрватите ако некогаш биле ранливи да паднат против нас, тоа е сега на ова првенство и мора да се искористи тоа.

Она што е најдобро е што реално нашите треба да играат без било каков притисок. Ако победат супер, ако не ништо страшно.

Одиме на победа и потоа играње на втор тим против Австрија :zloo:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432

Јас не се сеќавам еден тренер на една странска репрезентација во било кој спорт да не испоштовал вака, отворено, без лицемерие. :cuc::cuc::cuc:[DOUBLEPOST=1421775632][/DOUBLEPOST]
Конечно дочекав дуел со Хрватска! Еве сме играле у 1998, али ја тогаш ко копиљ под ракомет подразбирав женски ракомет, машки слабо пратев така да на мечот воопшто не се сеќавам. А откако почнав да пратам машки ракомет активно, мерак ми беше меч со Хрватска и воала, редно беше веќе! :popce:
Јас се сеќавам дека ги тепавме 1-2 разлика во жешка утакмица во Кале и после на реваншот не размонтираа на мали парчиња, ама други времиња беа тоа. Сега и да изгубиме нема да биде некој дебакл. Тогаш за нив бевме топовско месо.
 
Последно уредено:

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Што ќе се дешава со Ацо, ќе игра? Зашто мислам дека само со доделен циректен црвен картон го пропушта следниот дуел, а не со црвен картон добиен од три исклучувања, или грешка сум нешто?

Иначе со Хрватска очекувам конечно одбраната да го подигне своето ниво, зашто во минативе три натпревари они се најслабото нешто во оваа репрезентација. Под ова мислам тандемот Ацо-Велко конечно да проработи како што беше тоа во Србија и Борко конечно да се разбрани и да си го потврди епитеот кој му беше доделен, министер за одбрана.

Очекувам позитивен резултат, победа со 1-2 разлика.
Леле како би ја чекал сам.....сфаку ноч
Абе, а да ја чекавме двајцата, јас ќе играм фластер наД неа. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom