Македонија-Хрватска 21.01. (26-29)

Како ќе заврши двобојот на Балканските велесили?

  • победа на Македонија

    Гласови: 74 58,7%
  • нерешено

    Гласови: 19 15,1%
  • победа на Хрватска

    Гласови: 33 26,2%

  • Вкупно гласачи
    126
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
VS


Додека со Босанците, Србите и Словенците се имаме сретнато повеќе пати во изминативе години, со најдобрата екс Југословенска ракометна репрезентација ги немаме одмерено силите на официјален натпревар, уште од 1998 година.

Квалификации за ЕП 1998:
Македонија-Хрватска 31-29
Хрватска-Македонија 37-27

ЕП 1998, натпревар од групите:
Хрватска-Македонија 28-21

Во три дуели имаме солиден скор од една победа и два порази. Може е време да се израмниме во победи? :D
Хрватска имаше една огромна доминација во годините после 1998, па и во денешницата може да се каже дека секогаш е во топ 4 фаворити за златен медал на без разлика дали се работи за европско или за светско првенство.
Сегашниов нивен предводник, Славко Голужа, е тренер кој лично не ме импресионирал со водењето на репрезентацијата и мислам дека состав како нивниот заслужува подобар селектор. Тоа што им недостасува во овој состав за сериозно да им ги замрсат сметките на Французите, Данците и Шпанците, дефинитивно е играч како што беше Балиќ. Мајсторот на терен, човекот кој им ја водеше цела игра и ги разигруваше другите. Како замена за Балиќ почнаа да го гледаат Карачиќ, кој конечно доби шанса во составот на Хрватска. Досега и ние и Хрватите изигравме натпревари со противници од кои не може да се процени колкав е највисокиот дострел на нашите репрезентации. Хрватска денеска го торпредираше Иран, но затоа играше два израмнети натпревари со репрезентации како Тунис и Австрија кои знаат да бидат незгодни, но сигурно се далеку од светскиот крем. Од досегашното евидентно е дека доста добро разигруваат на крилните позиции, и токму од овие позиции се и најопасни.
Левите крила Штрлек и Нинчевиќ досега имаат скор од 17 гола од 19 удари, додека десните крила Чупиќ и Хорват се засега најдобрите стрелци во екипата со скор 33/41. Чупиќ има 19 погодоци на три меча, додека Хорват 14, Штрлек 13 на спортивната страна.
Предводници на бековската линија се добро познатите Домагој Дувњак и Марко Копљар, кои засега имаат искомбинирано 19 погодоци, надополнето со комбинирани 18 асистенции. Дувњак е засега најдобар асистент со вкупно 11 асистенции. По повредата на Лацковиќ, дупката на левата бековска позиција е пополнета со играчот на Цеље кој игра одлична сезона во ЛШ, Иван Слишковиќ. а се комбинира и со Бичаниќ, како и некој од бековите на кои левата бековска позиција не им е типична. Карачиќ доста често знае во Вардар принудно да одигра и на друга позиција, па може и он и Дувњак може да бидат на теренот и еден од нив да игра како лев бек, а некој на природната централна позиција.
Лошо за нас е што овојпат како противници ќе имаме ракометари кои се пробивни, а од друга страна и одлични шутери. Копљар и Дувњак знаат да бидат и големи трошачи на топки, но само ако изиграме одлична одбрана која ќе ги натера самите да шутираат од каде стигнат. Сепак, со нашава моментална одбрана, не сум сигурен колку добро ќе може да се справиме.
Младите Слишковиќ и Степанчиќ на десната позиција, се одлични за резервисти, па дури и да не им оди на првотимците можат достојно да ги заменат. За квалитетите на Степанчиќ сме се увериле во натпреварите од СЕХА лига, каде што во дресот на Загреб честопати ги решетал мрежите на Вардар и Металург заедно со Мандалиниќ. Самото тоа што одамна е желба на фановите на Вардар, зборува за неговиот несомнен квалитет. Сплет на пробивност и одлични шутери, со одлични крила и добро познатиот и искусен џин на пикерска позиција, Игор Вори.
И Вори и тоа волесината Муса се огромни пикери, па ако не му оди на едниот, другиот ќе може да покрие. Според мене, мислам дека на овој меч повеќе шанса ќе добие Карачиќ. Кариерата на Игор е во нагорна линија, игра одлична сезона во Вардар и одбраната со Јоновски-Велко-Никола му е одлично позната од дуелите на Вардар и Металург.
Не знам каква одбрана би поставил Обрван, ама се надевам дека има некој џокер во ракавот. Тоа што знам е дека мора да го искористиме недостатокот од играч кој би им бил мастермајнд во играта, како што некогаш беше Балиќ. Често пати сме виделе дека Дувњак и Копљар знаат да се заборават од шутирање, доколку им проработи инаетот. Треба да се игра поостро на нив, да се испровоцираат да шутираат, но од друга страна никој од нашите голови не е некој кој би бранел такви удари. Да го имавме Станиќ или Штербик, ќе можевме да поставиме една таква тактика :D
Премногу сме статични во одбрана, Георгиевски толку лесно го сецнуваат со финти, така што секое разиграно противничко крило би сакало таков одбранбен играч на своја страна. Тука надежта ми е во Борко, кој знае одлично да кине шутеви од крило и со тоа да ги натера Хрватите да ја сменат својата тактика и брз проток до крилата.

Во нападот не очекува гранитна одбрана пред нас и како и секогаш за вакви противници, опција број еден ми е Миркуловски. Секако, ако не оди, спуштај топки до Столе и нека вади пенали :icon_lol::kuracc:
Доколку Кире изигра натпревар како денешниов, тогаш немаме што да бараме. Затоа задутре ни треба Кирца во најдобра можна форма, а мислам дека овојпат ќе распали. Ги изнафалив Хрватите, но како и од почеток на првенствово, така и сега, тврдам дека Македонија немала повеќе опции за напад од моментов. Да не се повторувам, одлично сме покриени на секоја позиција и сметам дека можеме да ја пробиеме таа одбрана особено што мислам дека треба да таргетираме кај Гојун кој лесно знае да направи глупави исклучувања. Мора да се изнудуваат исклучувања од Гојун, Вори и Дувњак, а имаме коњи за трчање во ваква битка, пред се Миркуловски и Прибак, а богами и Наумче знае со тие шутевите во паѓање да извади две минути. Она што според мене е слаба страна на Хрватска се нивните моментални голмани. Алиловиќ има лоша сезона, потиснат од стартната постава на Веспрем, на првенството е очаен со само 28% на одбранети удари.
Има одбрането само 21 шут од вкупно 75, додека статитстиката на Хрватска ја подобрува Ивиќ со 45% одбранети удари. И со ваков скор, сепак се за нијанса подобри од нашите голмани :pos:
Интересно, Алиловиќ фатил скоро пола од шутевите од крило, што сепак е значителен процент, но затоа од 6 метра го избушиле, а и од 9 метра има скор 14/35.
Колку за споредба, Борко е уште полош со скор 9/26 од 9 метри :)

Како што знаеше да каже Сарачевиќ, играчите на двете репрезентации одлично се познаваат, истото важи и за селекторите, па горе-доле не може да има многу тајни во играта. Сарачевиќ рече дека Хрватска има подобри индивидуалци, а Македонија игра подобро како колектив. Се надеваме дека ќе проработи инаетот кај некој од индивидуалците од Хрватска, со што би влегол во серија грешки, а тоа да го искористиме добро.

Хрватска е тестот кој конечно ќе покаже дали сме дораснати за повисок пласман :sakasuste:
Од друга страна, сигурно по мечов низ порталите ќе се дискутира дали Македонија требало да оди со сите сили на победа против Хрватска или да се чува за последниот дуел со Австрија кој е клучен за второ место.
Од сегашен аспект знам дека победа над Хрватска ни носи ЗАГАРАНТИРАНО ПРВО МЕСТО, така да ме заболе дали понатаму ќе бидеме втори или трети (за во случај да загубиме од Хрватска при даден максимум, а потоа да влеземе издишани против Австрија, што по некоја логика би значело дека они би биле фаворити во тој дуел).
Така да, одиме на победа :oeoeoe:

Ако бев сигурен во три победи од првите три дуели, овојпат ќе останам резервиран со тоа што мислам дека Хрватска е за нијанса подобра и е фаворит на дуелов. Да речеме давам шанси 55-45 за Хрватите, ама потајно очекувам да ги плеснеме :D

п.с. ако постира некој што ги ебам, ќе ги сечам, одма оди на бан листа :kezec:
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147

Али добар е воведот у секој случај (y)

И дај анкетава да видиме кој за кој гласал, да им јадеме бурек на тие што гласаат за Хрватска :D

:oeoeoe: (уште не е сменето со сонцето од Кутлеш :( )

#Газиме
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403

Од сограѓанката! Син и (постар човек) работи во Телекабел, често ѕвонеше на фиксен да го бара на работа, а он беше/е монтер што не се прибираше во канцеларии :pos:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
8 коефициент за Македонија, е за инат ќе тепаат. :cool:
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Ќе тепа Хрватска мада интересен кофициент и даваат на Македонија на кладилница... :unsure:
 
M

Mario Gómez

Гостин
На добар ден би ги плеснале, али сите мора да придонесат. Борко да има еден од министерските денови, барем од крило, крилата стандард да изиграат и Кирца и Мојсо да распалат.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Мора да тепат, но на последните 2 натпревара не одиграа на нивото на кое треба да се игра против Хрватите кои не де Тунис или Иран кој не намачи. Им посакувам среќа и посакувам да го остават она лавовското срце на терен.

МАКЕДОНИЈАА!!!!
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.385
Тактика против Хрватска, шутирај им само доле.
Само 3 одбрани од 44 шута имаат таму

Прегледај го приврзокот 112290
Да беше толку лесно... Треба да се стигне до позиција, па да се шутне.
Инаку, секое дете кое тренира година дена ракомет знае дека голманите се најранливи долу, а најбрзи во реакциите во средишниот дел на телото.

До сега на сите натпревари гласав - победа на противникот па испадна супер. Гласам за Хрватска, ама ќе биде ептен тешко овој пат у пизду матер. Очекувам да не дупнат со најмалку 5 гола.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
E ja na site prethodni glasav deka ke pobedime, i pobeduvavme. I sega taka ke bide :D
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Ке не тепаат тоа е јасно како ден , да се надеваме дека не повеќе од 5 гола.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Да беше толку лесно... Треба да се стигне до позиција, па да се шутне.
Инаку, секое дете кое тренира година дена ракомет знае дека голманите се најранливи долу, а најбрзи во реакциите во средишниот дел на телото.

До сега на сите натпревари гласав - победа на противникот па испадна супер. Гласам за Хрватска, ама ќе биде ептен тешко овој пат у пизду матер. Очекувам да не дупнат со најмалку 5 гола.
Не дека е лесно ама кога веќе имаш отворена шанса каде што можеш да бираш кај ќе шутираш, да се избере она место кај што голманите се најслаби. И има разлика од голман до голман, пример Густавсон или Прост барем секоја трета топка доле ја фаќаат а Хрвативе се ептен лоши таму..

Ако одбраната изигра добро кај нас и Борко биде во форма имаме шанси, Хрватите не се баш најсјајни во одбрана + голманите им се во лоша форма.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Јас на ниту една анкета досега не гласав и победивме. Ни сеа не гласам.
Инаку едвај го чекам натпреварот, не знам дали дека имам премногу за учење или шо, ајде нека врви времето.:гик:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Со оваа игра нема шо да барaме со Хрватите,да бидиме реални...
Не ги потценувајте,големите селекции ретко на почеток на првенство ја покажуваат својата вистинска сила...
Иако ги води тиквар,и тоа невиден тиквар:kuracc:,иако немаат ростер како порано,не сепак се велесила,посебно спрема нас...и не смееме да се залетаме,да се прецениме....
Малку и ни ја "креваат"цената,не фалат по медиуми,ништо не е ова случајно,и тие знаат како се игра оваа "игра"...:cool:
Во многу полиња се далеку понапред од нас...
Прво одбраната,висина,подвижност,густина,во сите сегменти се пред нас....
Иако во моментот можеби имаме некоја предност на голман,сепак Мирко не е препознатлив....да се надеваме дека и во среда ќе се бара на терен...:kezec:
Второ брзата транзиција и контрата и полуконтрата...крилата,кои до перфекција ја имаат
Трето индивидуалците,креаторите на играта,да не речам генијалците Дувњак,а ете од ова СП одлично се надополнува и Карачич....
За жал ние такви игра неаме,играч кој ќе ја земи топката од нашето поле,ќе ја претрча цела противничка зона,и ќе реализира...
Ова е таа брза транзација..Хрватите го имаат Дувњак,Французите Карабатиќ,тие се играчите кои делат....
Кај нас под транзиција се подразбира ако промаши противникот и да ја земи Борко да ја фрли кон крила..:X3:
Јас не памтам кога сме извеле една брза,полуконтра,...ама реално и неаме такви играчи ние,нашиот стил е сосема подруг...
Долги години ја следам Хрватска,речиси и да немам пропуштено нивни меч на големите натпреварувања и на прсти се бројот поразите на Хрватска во групната фаза...
Посебно не губат од послаби селекции,освен поразот од Аргентина пред 12 години,не памтам кога изгубиле последен пат од послаб тим во групна фаза(ако памети некој нека дополни)...
Толку се моќни и сериозни,едноставно не ти даваат да играш,туку ти наметнуваат нивна игра,е сега ако си маж играј,а ретки се тие селекции како Франција и Данска кои можат да ги надиграат..
Е сега факт е дека веќе ги немаат некои од играчите од времето,плус некои и остареа,но сепак сеуште се велесила....
Нека одморат сега нашите утре,нека спремат нешто,да измислат нешто ново,зошто ако ја повториме макар и половина од оваа претстава денес не ни бега висок пораз...
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom