Македонија-Хрватска 21.01. (26-29)

Како ќе заврши двобојот на Балканските велесили?

  • победа на Македонија

    Гласови: 74 58,7%
  • нерешено

    Гласови: 19 15,1%
  • победа на Хрватска

    Гласови: 33 26,2%

  • Вкупно гласачи
    126
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 август 2012
Мислења
3.565
Поени од реакции
6.219
Ако некогаш сме имале шанса да му парираме на Хрватите тоа е дефинитивно на ова светско.Ако пред дуелот со Тунис бев песимист , сега сум оптимист.
Сега притисокот е на нивна страна,за разлика од претходните три меча кога беше на наша.Тие се фаворите на хартија а ние немаме што да изгубиме.
Го гледав нивниот меч против Австрија и ништо посебно не изиграа.Алиловиќ е тотално вон форма - па се надевам дека нема да го прославиме како денес овај Босанецот.Еве денес гледам нешто Ивиќ добро бранел против Иран,ама како и да е голманите не им се стандардни.
На лев бек Бичаниќ не е нешто посебно,па на моменти пробуваше со варијанта Карачиќ на лев бек, Дувњак на централен ама и тогаш се мачеа.
Вори не е на нивото од пред 3-4 години исто и Муса кој е одличен дефанзивец но не и офанзивец.А Копљар исто така е изгубен во последно време и ретко се решава на шут од 9 метри,многу често оди или на асистирање или решава од 6 метри,што неможам да размерам за играч 210 сантиметри.Сепак нивна најјака страна се крилата и Дувњак.Иако овие левите Штрлек и Нинчевиќ знаат да влезат во серија на грешки ,сепак на десно Чупиќ и Хорват совршено се надополнуват.
Е сега кај ни е шансата.Да имавме голман како Станиќ,Штебиќ или некој друг,на кој и кога не му е денот има мин.15 одбрани ќе беше друга песна,вака најпоќе зависиме од Борко.Доколку има свој ден ќе биди многу полесно и шансите се поголиме во спротивно тешка работа.Во одбраната треба да му оставаме повеќе простор за игра на Копљар кој ми е некако нерешителен.
Но сепак според мене на овај меч дефинитивно ќе зависи од нашата игра во напад.Ако на Киро не му оди , односно успеат да го запрат како денес босанците,гледаме го фаќа нервоза па почнува да шутка и од неизградени позиции , тоа значи дека ќе треба само да ја повлечат зоната оти знаат дека Мојсо,Жути Прибак не можат да ги пробијат со удари над зона тогаш тешко ни се пишува.Јас се надевам декаќе му тргни на Киро со што хрватите поќе внимание ќе му посветват на него,со што поќе простор за игра би имале останатите.Во варијанта да не му оди што побрзо треба да влези Вугринец,не да си игра Обрван со задолжвањето што го имал за репрезентацијата,оти ако ни се одлепат нема враќање.
Сепак мислам дека Обрван ептен добро ги знај хрватите и знај како да ги пробие.За успех на овој меч ни требат мин 15-16 одбрани на голманите.и Лазаров со 8-9 гола и мин.процент 60-70% како и сигурно од пеналите и да се надеваме дека нема да му ја враќаме формата на Алиловиќ.Сепак играме против репрезентација од топ 4 во светот и ќе ни треба многу поќе од само среќа.

п.с. Мада за мене е најважно да ја избегнеме Шпанија а против сите други што вркстуваме имаме 50-50 шанса макар бил тоа и Катар и тоа што се домаќини.Едино мене кај Катар ме плаши Шарич ништо друго. А Хрватите сакам да ги плесниме ради курчење не ради нешто друго :cool:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Во напад Столе е клучна фигура. Нема пиркер што не се изнаиграл против Хрватска.Ќе мора се да реализира и да изнудува многу седмерци.
Иако чисто се сомневам дека Голужа ќе стави некој играч на него подлабоко и сигурно ќе игра стандардна одбојка мислам дека Кире нема премногу да се изнаигра. Ако се спои блокот на време ќе попие доста банани.Сепак ако успее да го пројде Мирко ништо нема да му фати кога ќе стигне да го спушти шутот доле.Ивиќ е друга приказна и има спуштање на земја како Омејер,ама Голужа речиси никогаш не му дава шанса на него иако според мене е осетно подобар голман од Алиловиќ.
Ако не му иде на Кире друг играч што би можеш нешто од бековите е Наумче кога ќе дојде до 8 метри и да упати шут од место. Тоа му е негова игра,а Австријците и Тунижаните така дадоа пола од головите.

Во одбрана ќе мора да се излага подлабоко на Копљар (секогаш има проблеми со помали играчи кои му излегуваат подлабоко) и да не се дава на Дувњак и Бичаниќ да играат 1 на 1.
Секако најважно би било да се трча одма назад после премен гол и промашен шут. Тоа само не гледам како Македонија со 2-3 измени може да го неутрализира. Контрата и полуконтрата им се страшни. Посебно десните крила на Македонија немам поим како ќе ги стигнат Штрлек и Нинчевиќ.

p.s Колт - Копљар воопшто не е потрошувач на топки. Дувњак да, си шутира ич не да не му чуе,ама Копљар дури е и премногу рационален.

p.p.s Не го потценувајте и Мирко до толку. Он беше тој што го откажа Тунис и донесе победа.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2010
Мислења
4.694
Поени од реакции
6.045
Хрвативе ќе не декласираат, треба да се надминеме и да изиграме феноменално би рекол оптимално ниво би било во нападот како против ТУнис да одиграме, а одбранта да ја има надјобрата утакмица на првенстовов во среда, заедно со некој од голманите, за да имаме какви такви шанси за победа.
Според мене за да успееме да ги сопреме Хрвативе најбитно ќе биде со лежење на терен да ги сечеме во таа нивна трназиција, таман за тоа мајсотр е Миркуловски,а и Столе и Наумче знаат добро да реагираат во такви ситуации.
Што повеќе ја умртвиме играта и со наспати на нападот и одбранта како што пишав погоре, ќе имаме шанси за победа. Им дозовлиме да се растрчаат ќе не ишамараат како мали деца, 40 комада не ни бегаат.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
според мене целата работа веќе е завршена. шпанија е избегната, така да: сосема небитно дали ќе ни падне катар, словенија или бразил или со други зборови сосема небитно дали ќе бидеме први, втори или трети во група. можеме да бидеме први, и да ни падне словенија и да не` елиминира, или можеме да бидеме трети и да ни падне катар и да го поминеме.
познавајќи ги какви се нашиве, иделано би било да одиграме машки, добро против хрвативе, резултатот небитен. исто и против австрија. ако случајно тепаме наредниве две, црно ни се пишува во осминафинале имајќи во предвид каков балкански менталитет сме.
(ова под услов да теоретски не можеме да бидеме 4ти, во случај на два порази)

работата е завршена, чекаме кој ќе ни падне во осминафинале. добро е и да се поштедат нашиве малку. приоритет сега е четвртфинале.
единствена придобивка од победа против хрватска и австрија е во евенталното четвртфинале да избегнеме тешкаш. друга причина за гинење не гледам. ама до таму да се стигне на тој начин потребни се уште 3 победи по ред, вупно 6. колку и да сме добри (или не) такво нешто е тешко да се случи.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.127
ради малер како против Тунис, сега гласаме за Хрватска.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Конечно дочекав дуел со Хрватска! Еве сме играле у 1998, али ја тогаш ко копиљ под ракомет подразбирав женски ракомет, машки слабо пратев така да на мечот воопшто не се сеќавам. А откако почнав да пратам машки ракомет активно, мерак ми беше меч со Хрватска и воала, редно беше веќе! :popce:

И тоа ги начекуваме кога можеби имаат најхаотична ситуација. :sneaky:

Не би пишувал анализи, но би се осмелил со мојата маленкост да кажам дека на две, можеби и три позиции сме не подобри, подобри е претежок збор, но би рекол позитивно поразлични од нив. Нешто со кое сигурно многумина ќе негодуваат, пошто и звучи малку претерано.

Првата лесно да се претпостави, пикерската, каде што напаѓачки сме дефинитивно подобри. То ест Столе сам е подобар од Вори (Никола и Муса не ги рачунам). Затоа во одбрана, знаеме што може да значи Вори.

Втората е десен бек. Овде пак тврдам дека сме подобри. Копљар е одличен бек, дури и често критикуван повеќе од потребното, се бара премногу од него. Од него се бара да биде Лазаров, а он е Вугринец, барем мене ми е на тоа ниво на квалитет. Степанчиќ пак несомнено е еден од најдобрите млади десни бекови, ама има уште многу до нивото на Ренато, за Кире да не збориме.

Така да Кире + Вуги >>>>>>>>>>>>>>> Копљар + Лука

Третата и онаа за која ќе имам најмногу согласувања е срцето на теренот, централната.
Домагој Дувњак е еден од најдобрите светски ракометари во последниве 2-3 години. Како бек е одличен, ама како плејмејкер е не многу воочлив. Бројот на асистенции не го кажува тоа секако, но неговиот стил на игра воопшто не ми е оној стил кој треба да го има еден класичен среден бек. Повеќе влече накај сув лев бек, него плеј.
За разлика од него, Карачиќ е тоа што е прав плејмејкер во сите сегменти на таа позиција, баш него го гледам како клучен играч на Хрватска кој може да им го даде завршниот фил на нападот.

Кога ќе ја земеме во предвид комплетната индивидуална јачина, Игор и Домагој се класа над нашиве, пошто нашиве двајца се неспоредливо послаби шутери од дистанца. Но што ми беше поентата. Сакав да кажам дека во креативната страна на плејмејкерите ние сме подобри. Прибак и Миркуловски заедно имаат подобра техника од таа на Карачиќ и Дувњак, па гледано од тој аспект сме во мала позитива.

Ова се работи кои можно е да немаат улога на двобојот, али ете, конечно дочекав можност да се искажам. :kuracc:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
Коњаник стави некои слики со статистика вака ептен нападно изгледа многу текст без прекин, Томасино стајл :D

Е овој меч ќе ни покаже дали можеме да се носиме со најдобрите. Реално Хрвативе за мене лично не се ни меѓу топ4 екипи на Светсково и покрај тоа што се носители на група.
Што значи дека во еден ваков дуел имаме и те како реални шанси за позитивен резултат.
Нашиве секако играат поопуштено кога нема императив над нив што значи најинтересните утакмици на светсково допрва не чекаат.

Хрвативе малце да се анализираат лесно може да им се најдат слабостите кои што и не се така тешки за забележување.

Очекувам Столе да го користиме повеќе утакмицава, бидејќи можеби на крај би можел да испадне клучен за добар резултат.
Друго,голманиве. МОРА да се седне Борко ако не му иде после прво полувреме како денеска на пример. Диви е и те како добар голман и може да испадне џокер во утакмицава..секако ова ако Борко не се разбрани како што знае.

За мене голманите ќе ја решаваат утакмицава, првите 10 мин од првото и второт полувреме може многу да решат..ако почне полувреме Хрватскиов голман со пар одбрани господ нека ни е на помош..

Очекувам конечно да имаме напната утакмица во која што за секој напад ќе се нервираме (последниве 2 утакмици не ги сметам за такви, се знаеше дека ќе тепаме и покрај тоа што 2-3 гола беше разликата) и дека на крај може токму последниот напад да решава за поените од мечов.

Сепак ако испадне да изгубиме јас лично би идел на попуштање против Австрија и идење на 3то место.

Хрвативе покрај се, се екипа што може да ја победиме и се надевам дека позитивен резултат (веќе) утре може да ја зголеми самодовербата на играчите..што искрено појма немам дали е добра или не многу добра работа.

За победа, за Македонија, за прво место, за испраќање другарки на плоштад.

НАПРЕД !

:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Овој натпревар за разлика од другите нападот ќе биде клучен. Ако играме сигурен напад, без многу технички грешки, изблокирани шутеви може да се надеваме на возбудлива завршница. Во спротивно крилата нивни ќе не избушат у контри и полуконтри. Друга работа е да играме со што помалце измени одбрана-напад. Како ќе го изведеме тоа незнам ама мора да се најде некоа решение. Не се плашам од позициониот напад на Хрватите, иако ги немам гледано на првенствово од тоа што можам да го прочитам има доста критики за тој дел од играта. Што значи ќе треба ептен да се надминеме себеси, да имаме висок процент на реализација,да го успориме темпото на натпреварот, да ги сведеме техничките грешки на минимум како и самиот натпревар на што помалце голови. Богами тешка работа, али не и невозможна.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Ајде да не измислуваме топла вода сите знаеме кој се Хрватска во светскиот ракомет.Ама веруам дека со квалитетна и борбена игра имаме шанса за успех.Критично може да биде високите играчи што ги имаат хрвативе,многу е веројатно да не го видиме голот,затоа до израз треба да дојде брзиот проток на топка и,играта еден на еден на Мојсо и Жути.И секако Борко да има свој ден,за шутеви од бек знаеме дека е тиња,ама гледам за крилата станал доктор,како си ги дупи:cuc:,се надевам дека Штрлек и Чупич ќе фатат комплекси од него,така што ќе мора по бајачки да ги носат:D.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
според мене целата работа веќе е завршена. шпанија е избегната, така да: сосема небитно дали ќе ни падне катар, словенија или бразил или со други зборови сосема небитно дали ќе бидеме први, втори или трети во група. можеме да бидеме први, и да ни падне словенија и да не` елиминира, или можеме да бидеме трети и да ни падне катар и да го поминеме.
познавајќи ги какви се нашиве, иделано би било да одиграме машки, добро против хрвативе, резултатот небитен. исто и против австрија. ако случајно тепаме наредниве две, црно ни се пишува во осминафинале имајќи во предвид каков балкански менталитет сме.
(ова под услов да теоретски не можеме да бидеме 4ти, во случај на два порази)

работата е завршена, чекаме кој ќе ни падне во осминафинале. добро е и да се поштедат нашиве малку. приоритет сега е четвртфинале.
единствена придобивка од победа против хрватска и австрија е во евенталното четвртфинале да избегнеме тешкаш. друга причина за гинење не гледам. ама до таму да се стигне на тој начин потребни се уште 3 победи по ред, вупно 6. колку и да сме добри (или не) такво нешто е тешко да се случи.
Како сеа да одиграме машки, резултатот да е небитен и нашиве да се поштедат малку? Се негираш себеси. Или имаме различно поимање на „машко“ играње, не знам како може машки и добро да одиграш а да те декласира некој.

Нејсе, вакви мислења имаше во изобилство на ЕП 2012, како и на ЕП 2011 кошарка. Во првиот случај, ај бе тури им петелот на Данска, да се штедиме со нив, да ги тепаме другите две. Што се деси? Не се штедевме со нив, бевме на раб на победа, не успевме али сврзавме 3 победи понатаму. Како тоа беше можно?

А не па сеа кога имаме еден фаворит и факинг Австрија преостанато. Сакаме големи достигнувања а не си го тргаме овој менталитет на „доста беше целта е остварена, сеа што биде нека биде“. Абе штом имаш шанса, гази!
 
Член од
15 декември 2014
Мислења
73
Поени од реакции
25
Сакав да кажам дека во креативната страна на плејмејкерите ние сме подобри. Прибак и Миркуловски заедно имаат подобра техника од таа на Карачиќ и Дувњак, па гледано од тој аспект сме во мала позитива.
[/quote]
Не ми се веρува што пρочитав:ајнапиво::lolzz:не си сеρиозен нели?жути само и само во глумење може да е подобаρ од дувњаκ точκа κρај!
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.098
Поени од реакции
25.129
Што ќе се дешава со Ацо, ќе игра? Зашто мислам дека само со доделен циректен црвен картон го пропушта следниот дуел, а не со црвен картон добиен од три исклучувања, или грешка сум нешто?

Иначе со Хрватска очекувам конечно одбраната да го подигне своето ниво, зашто во минативе три натпревари они се најслабото нешто во оваа репрезентација. Под ова мислам тандемот Ацо-Велко конечно да проработи како што беше тоа во Србија и Борко конечно да се разбрани и да си го потврди епитеот кој му беше доделен, министер за одбрана.

Очекувам позитивен резултат, победа со 1-2 разлика.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom