Лефкада

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
9.446
Поени од реакции
11.122

Мене Македонец ми го договори патувањето т.е од него ги купив картите во Нидри
 
Емкаа

крофни од драго.
Член од
14 мај 2008
Мислења
3.885
Поени од реакции
8.004

Мене Македонец ми го договори патувањето т.е од него ги купив картите во Нидри
Абе овој ни понуди Егремни - ПК - Агиофили. Со дрвен брод беше ама србин ( или барем мн добро збореше српски ) . Сите ги поминав таква тура само за двете плажи не најдов.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
9.666
Поени од реакции
3.238

Мене Македонец ми го договори патувањето т.е од него ги купив картите во Нидри
Јоцо дебелиот?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
6.324
Поени од реакции
5.269
Ресторанот Рачи што се наоѓа во Ексантиа почнале да работат со резервации, иначе место јок
ке си чекате зајдисонце на терасата или у барот ако имате среќа место да фатите колку да не биде патот за џабе

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
5 август 2008
Мислења
555
Поени од реакции
179
Еве ја мојата рецензија од Лефкада :aplauz:

Период: 13.08-22.08
Сметување: Агиос Никитас

1 ден.
Пристигнување околу 11ч на плажата Пефкулија пред Агиос Никитас. На видиковецот пред спустот до Пефкулија сликање кадри, селфиња, колата у позадина со морето итн. Плажата беше ОК како за прв ден да се избањаш и одмориш од патот додека чекаш да се чекираш во смештајот. Пристигнување во Агиос Никитас, паркирање на 500м после влезот во Аг.Никитас.
Една многу важна работа околу паркирањето, пошто јас бев целиот у паника 1 месец пред поаѓање токму заради тоа :anco: Јас секогаш наоѓав паркинг горе на магистрала по улицата на околу 500м после влезот и тоа секогаш на исто место, и секогаш имало на тој дел место да бираш кај сакаш да паркираш по магистралата и од едната и од другата страна. Најбитно е да се враќате од плажа со кола во Аг.Никитас околу 20ч. Тогаш е најрастеретено заради тоа што туристите на Милос коишто според мене преку ден ја прават гужвата веќе се тргнати накај своите смештаи низ островот, а уште не се дојдени шетачите коишто ја прават гужвата навечер.
IMG_20190813_114824.jpg

2 ден.
Катизма. Важно е да стигнете пред 10ч за да си фатите паркинг и да избегнете гужва на паркингот. Има место колку сакате за паркирање, а имате и опција да си платите паркинг под сенка во некој од кафичите. Тој ден беше мирно морето, водата беше супер за бањање, плажата е и долга и широка, така што има место да си поставите сопствен чадор. Цело време имаше падобранци што се спуштаа дирекно на плажата преку некој параглајдинг клуб.
20190814_092302.jpg

3 ден.
Милос. Патот до таму е качување, на почеток по скали, а после тоа по козји патеки. Од највисоката точка на ридот има преубав поглед над целата плажа. И спустот е по козји патеки, па затоа моја препорака е да си носите патики. Имаше луѓе со папучи, апостолки кои видоа малце мака особено на спустот. Отприлика со просечна кондиција се стига за 15тина мин. Ако нема бранови имате опција да си фатите бродче од Агиос Никитас и за одење и за враќање. Плажата е дива, ама на еден дел имаше поставено лежалки со чадори и послужуваа кафе и пијалоци. Морето беше разбранувано уште од сабајле па до израз дојдоа нијансите на плаво:cool: Е, ама после 17ч имаше големи бранови и никој немаше во морето. Тешко беше воопшто да влезеш затоа што брановите одма те буткаат и како на некој начин да ти викаат „седи си надвор сега се нашите 5 мин.“. Патот за назад не ми се виде напорен затоа што стандард се враќавме покасно и не те удира сонцето во глава.
20190815_094517.jpg

4 ден.
Мегали Петра. За мене оваа плажа беше број 1 на Лефкада (y) Патот до таму е преку селцето Каламици, и надоле е пат со доста кривини, така да внимателно со брзината и цело време нога на кочница. За да стигнете на плажата имате 2 опции, едната е да ја оставите колата горе на некоја ширинка покрај пат, па по една патека излегувате директно на плажата. А другата опција е да паркирате на плажата Каваликефта, и на лево преку камења и мали карпи да стигнете до Мегали Петра. Јас ја одбрав првата опција преку патеката. Стигнавме на плажа околу 9.30ч и имаше само 10тина души. Песочна, мирна плажа без многу гужва и галама. Плажата е голема, имаше и бранови ама подносливи за бањање. Исто е важно да си одите од плажа покасно после 19ч за да избегнете гужва по пат до Каламици (и потестувам за да стигнете во Аг.Никитас околу 20ч за да си фатите паркинг и да не ве боли глава;) ), затоа што патот ем што е угорница и кривини ем е доста тесен и разминување на 2 коли претпоставувам дека е прилично заебано.
20190816_104043.jpg

5 ден.
Авали. Исто возите по патот за накај Мегали Петра, ама вртите десно на едно исклучување и сте на пат кон Авали. Плажата е дива, кога стигнувате на плажата ако сте ко мене во 9.30 ќе начекате кампери во шаторчиња коишто тогаш се будеа, можда ја ги разбудив...кујзнае:unsure: Просечна плажа, од брановите имаше исфрлено некои треви и алги на брегот, а водата ОК за бањање. Толку за оваа плажа, ништо посебно али убаво е да се посети.
IMG_20190817_095846.jpg

6 ден.
Крстарење со брод Macedonia Palace. Првично требаше со Ioanian Princess за да бидеме 3ч на Егремни ама поради сплет на околности со туристичката агенција, мораше да одиме со Macedonia Palace. Се поаѓа од Нидри, локалниот водич не спроведе до приватен паркинг којшто не се плаќа. Да си дојдете 15мин. пред договореното време со водичот за да имате паркинг и да си фатите убаво место на бродот. Не сум љубител на вакви тури ама ај мораше заради Егремни па тргнавме. Прво одите на Егремни ве остава 30-40 мин. се бањате се сликате и толку. Второ, одите на Порто Кацики на 100м од брегот застанува и тука се бањате. Убава атмосфера има на самиот брод, музика ѕенѕање, капетанот и вработените играат на палуба додека се бањате. После одите во Фискардо на прошетка. Ама у 14ч на најжешкото не е баш за шетање, се вртиш 15 мин. низ градчето, па седнуваш на кафе 30 мин. и се качуваш на брод. По пат за накај Лефкада застанува на уште 1-2 плажи на кратко. Се на се добро беше организирано.
20190818_110242.jpg

7 ден.
Порто Кацики. Имате вожња околу 1 саат од Аг.Никитас. Патот е со кривини ама е широк и добро е за вожња. Паркирате горе на еден паркинг којшто е слободен и околу 10ч кога пристигнавме имаше уште 5-6 слободни места така да ако сакате колата да си ја оставите на безбедно побрзајте рано сабајле да сте таму:motorce: Се симнувате по 100 скали и плажата рано е целата под сенка. Голема е ама после 12ч се прави гужва ко у Калитеа у шпиц сезона. Мене реално не ми сметаше гужвата пошто навикнат на гужви од други места на Халкидики па ми беше ОК. Е водата тука е нестварна, поготово ако ти се погоди да нема бранови, пливаш прилично во длабокото и дното сеуште кристално чисто се гледа. Така да водата прва лига, незаменлива.
20190819_114628.jpg
8 ден.
Мегали Петра по втор пат.

9 ден.
Милос по втор пат.

10 ден.
Катизма по втор пат и околу 16ч правец за накај Скопје:vrtioci:

Сума сумарум, како за прв пат Лефкада е супер за авантура, доживувања, одмарање очи, мир и тишина на повеќето плажи итн. итн (y)(y)(y) Не успеав да ги посетам Агиофили и Гиалос иако имав намера. Али следен пат здравје. Паркинг за тие 10 дена никаде не платив :kuracc:

Агиос Никитас е супер местенце за сместување заради тоа што е релативно блиску до плажите на западната страна :) Не успеав само да ја посетам градската плажа, викаат убава била. Навечер местото е раздвижено до кај 24ч. Мало место со една улица на која има 3-4 маркетчиња, 15тина таверни и кафичи.

Тоа е тоа во кратки црти за Лефкада - Август 2019 год. :)
 
Attachments

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
9.446
Поени од реакции
11.122
Барчето над Авали е едно од најопуштените места од тој стил што сум ги видел од животов.
Исто како од филмовите за Јамајка што сме гледале или така нешто...

За Милос - враќањето назад е полесно пошто стрмното трае многу кратко за разлика од кога се качува од Никитас.

Супер си прошол, мада ќе те нервирам ако ти кажам кои места си пропуштил да ги посетиш :P
 
За барчето да, особено на зајдисонце шо убава атмосфера имаше. Топ!
Качување-спуштање не ми игра улога пошто и онака се осеќам физички спремен. Ја размислував дури и за Егремни пешки, ама не зависеше само од мене.

Кажи кои места, да не барам наназад да те читам, пошто знам дека имаш пишувано доста на темава. Иначе нема што да се нервирам, пошто си поминав најубаво:roker:
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
9.446
Поени од реакции
11.122
Не бе, се зезам дека ќе се нервираш, секако топ си прошол.

И јас кога стигнав првиот ден - отидов на Пефкулија до крај на денот и плус видиковецот, така да - се препознав.

Си пишал веќе - Гиалос, Агиофили. Јас би ги додал и Микрос Гиалос (плажа на југот) светилникот на крајниот југ, црквата Св. Илија ( https://goo.gl/maps/Cos2YP1BNAA8EL6N7 ), Рахи ресторанот (не пиша дали си бил), како и полуостровчето Гени на истокот (како некој контраст на плавиот запад)...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
6.324
Поени од реакции
5.269
@Fantastico јас кога бев крај на август имаше кантина на Милос, бидејќи трет пат ми е на Лефкада не ми е интересно да пешачам за погледот, си одев со бродче и нев снабден со све така да немав потреба да идам да бидам шо има у кантината а беше кај спустот на повисокиот дел
алал нека ти е како издржуваш толку време на плажа, и јас идев околу 10 наутро али до 5-6 седев макс.
за Агиофили и не жали зашто у шпицот е пренатрупана и не е тоа тоа а имаш прилично за возење па згора на тоа да одиш со бродче зашто ризик е со своја кола

За Рахи ресторанот во Август знам дека со сигурност нема место, па немаше ни поента да тепам пат до таму колку да сликам и да поседам пола саат. За Микрос Гиалос знам дека лош бил патот, мада и да би бил добар не верувам дека ќе вртам до толку низ островот кога имам супер плажи на запад. На источниот дел бев само тој ден кога беше крстарењето, во Нидри прошетавме, отидовме и до водопадите. Убаво беше кај водопадите за шетање, пошто како во џунгла се осеќаш...Tomb Raider style :)

За плажа и море идам:icon_lol: Па ти си идеш од плажа кога почнува најубавиот период за сончање, излегување од под чадор, прошетка по брегот, зајдисонце, сликање....Е баш тогаш нема гужва заради тие што седат до 5-6 максимум ;) :jeeee:

За Агиофили не жалам пошто претпоставував дека има многу народ на толку мало плажиче, Немав намера да се возикам до таму, за на крај да се разочарам дека нема да биде тоа-тоа. А првично ми беше на агенда со бротче.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
9.446
Поени од реакции
11.122
Нешто си грешка за Микрос, одличен е патот (со по некоја лакт кривина), доволно широк и асфалтиран за две коли. За 5-6 минути се стигнува од главната магистрала.

Последно уредено:
Член од
12 декември 2010
Мислења
6.324
Поени од реакции
5.269
За Рахи ресторанот во Август знам дека со сигурност нема место, па немаше ни поента да тепам пат до таму колку да сликам и да поседам пола саат. За Микрос Гиалос знам дека лош бил патот, мада и да би бил добар не верувам дека ќе вртам до толку низ островот кога имам супер плажи на запад. На источниот дел бев само тој ден кога беше крстарењето, во Нидри прошетавме, отидовме и до водопадите. Убаво беше кај водопадите за шетање, пошто како во џунгла се осеќаш...Tomb Raider style :)

За плажа и море идам:icon_lol: Па ти си идеш од плажа кога почнува најубавиот период за сончање, излегување од под чадор, прошетка по брегот, зајдисонце, сликање....Е баш тогаш нема гужва заради тие што седат до 5-6 максимум ;) :jeeee:

За Агиофили не жалам пошто претпоставував дека има многу народ на толку мало плажиче, Немав намера да се возикам до таму, за на крај да се разочарам дека нема да биде тоа-тоа. А првично ми беше на агенда со бротче.
на мене ми е најубаво за сликање па наутро, таман сонцето кога е на исток и посекако нема да дремам под чадор на најтоплото, абе од вода не искачам
изгледа многу сум хиперактивен па затоа ко претепан сум и не ми се доседува, како и да е секој различно, многу па има што си идат за ручек па си доаѓаат у 5

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
13 јануари 2016
Мислења
59
Поени од реакции
37
Дечки да прашам дали има некој начин да се стигне до катизма од агиос никитас со автобус?
позз
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
6.324
Поени од реакции
5.269
Дечки да прашам дали има некој начин да се стигне до катизма од агиос никитас со автобус?
позз
има
ако си без кола можеби подобра опција ке ти се вилите послем А.Никитас па на 20мин пешки ке ти е Катизма а и А.Никитас

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
На врв Bottom