Лефкада

Дискусија во форумот 'Грција' започната од Олимпија, 26 март 2013.

  1. Олимпија

    Олимпија Македонија во срцето!!!

    Член од:
    26 март 2008
    Мислења:
    5.606
    Допаѓања:
    9.070
    Лефкада или Лефкос е остров во Јонското Море, еден од најголемите што ѝ припаѓаат на Грција. Островот е поврзан со копното со автопат и висечки мост, а е најпознат во светот по прекрасните плажи од кои застанува здивот.
    [​IMG]


    Лефкада е прилично голем остров. Во насока север-југ е долг 35 километри, додека исток-запад, преку 15 километри. Вкупната површина на островот изнесува 336 километри квадратни. Највисоката точка на островот е планината Ставрота, која се наоѓа на средината на копнената маса и се издига до 1.158 метри надморска височина. Од Лефкада редовно сообраќаат фериботи до Кефалонија, Итака и Меганиси.
    Главниот град на островот, а воедно и административен центар на целата област е истоимениот град, Лефкас, којшто се наоѓа на северно-источниот дел од островот, на точката каде што јонскиот остров се поврзува со копнениот дел од Грција и на приближно 20 минути возење со автомобил од националниот аеродром Актион.
    [​IMG]
    Барањето соодветни зборови за да се опише убавината на скриениот јонски архипелаг станува залудна работа, по само неколку дена престој на него. Опкружувањето на природата која врз него и неговата околина се поиграла, правејќи чудесни комбинации помеѓу прекрасното море и зеленото копно, ја плени уметничката душа кај секој нејзин посетител. Сината лагуна со својата тврдина, морските спрудови кои се поигруваат со гледката кон него, островот го прават сосема специфичен.
    [​IMG]

    Јонскиот брег со скриените плажи е вистинскиот магнет кој во последните години го вброи во самиот врв на светските дестинации за одмор.
    Лефкада е најпрочуена според плажите од кои застанува здивот.

    Агиос Јоанис (Agios Ioannis)
    Оваа плажа се наоѓа најблиску до главниот град на островот, само три километри на запад, а сепак е една од најубавите. Пејзажот со златно-бели песоци на моменти потсетува на карипските плажи. Во позадина на плажата се гледаат остатоци од старите ветерници, што го прави искуството уште толку помагично. Со оглед на тоа што се работи за малку поветровита плажа, таа е втората најпопуларна помеѓу сурферите.
    [​IMG]

    Катизма (Kathisma)
    Eдна од најубавите плажи на островот и се наоѓа на 14 километри источно од главниот град Лефкада, недалеку од селото Агиос Никитас. Долгата плажа со бели песоци и море со кристално тиркизна боја е опкружена со импресивни карпи во позадина што го комплетираат пејзажот за вистинско уживање. Ќе уживате на песок или пак на некоја од бројните лежалки со чадор кои можете да ги изнајмите. На плажата има понуда на водени спортови, како и повеќе барови и ресторани за освежување.
    [​IMG]

    [​IMG]

    Каламици (Kalamitsi)
    За оние што сакаат помали и не толку посетени плажи, Каламици е вистинскиот избор. Се наоѓа на 15 километри југо-западно од главниот град, Лефкада, на источната страна од островот. Плажата се одликува со многу мек песок и кристално бистра вода, што ја прави совршена за релаксација. Недалеку од плажата има високи, но достапни карпи, кои поавантуристички расположените туристи знаат да ги искористат како скокалници.
    [​IMG]

    Каваликефта (Kavalikefta)
    Југозападно од Каламици се наоѓа прекрасната голема плажа со тиркизно море и бели каменчиња.
    [​IMG]

    Агиофили (Agiofili)
    Се наоѓа во близина на местото Василики, оддалечена 38 км од главниот град на јужниот дел на островот. Мала песочна плажа која нуди вистинско релаксирање, а водата е кристално чиста.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Eгремни (Egremni)
    На 30 км јужно од главниот град се наоѓа оваа убавица. Долга песочна плажа опкружена со импресивни пусти гребени. До неа се стигнува по 350 скалила надолу и навистина делува вртоглаво кога ќе се застане горе.
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Порто Кацики (Porto Katsiki)​
    Оваа плажа се наоѓа на 40 километри југо-западно од главниот град Лефкада. Не само што е најпозната на островот, туку од туристите е оценета како една од најдобрите плажи во целиот Медитеран. Од тие причини, Порто Кацики е речиси секогаш преполна, особено во шпицот на сезоната. До неа се стигнува со симнување по 80 скалила од карпата над прекрасната песочна површина. Ако доаѓате со автомобил, на ридот над плажата ќе најдете паркинг и снек-бар. До плажата можете да стигнете и со такси на вода, од Василики или Нидри.
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Бил ли некој од вас во Лефкада? Какви се вашите впечатоци?
     
    На Bateman, Krk1, Elena Salvatore и уште 20 други им се допаѓа ова.
  2. TM88

    TM88

    Член од:
    9 септември 2008
    Мислења:
    706
    Допаѓања:
    253
    Јас како што знам за да стигнеш до овие плаживе треба да идеш со кола или мотор да изнајмиш а викаат демек ако изнајмиш намрно пракаат некој да те чукне за да им платиш оштета...колку е вистина незнам
     
  3. khz777

    khz777

    Член од:
    26 октомври 2012
    Мислења:
    2.489
    Допаѓања:
    3.323
    Welcome to heaven .
     
  4. Ryan Giggs

    Ryan Giggs tearing you apart since 1991

    Член од:
    27 мај 2009
    Мислења:
    9.205
    Допаѓања:
    12.623
    тууу гледам сликиве и ме мава депресија .. па зар можеше во поголема тиња од град да живееме каде се е сиво гнасно и напнато :(
     
    На RedStarFan, TM88, mandak и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. Michael Myers

    Michael Myers

    Член од:
    18 јуни 2012
    Мислења:
    477
    Допаѓања:
    608
    Како помап бев во Лефката на семеен летен одмор. Најверојатно летово одам таму или Закинтос, ама поверојатно е Лефкада. :) Кој и да реши да го помине летниот одмор таму, нема да погреши.
     
  6. sankerce

    sankerce прогресиФ

    Член од:
    6 март 2009
    Мислења:
    3.050
    Допаѓања:
    4.935
    Ми го отвори денот дефинитивно. Батали тоа со Грците шо си иаме мака , ова е плажа човече... :) Мајами ни е у комшии бе ...
     
    На PurplePuma, RedStarFan, Смрт за зони и пајак воз. и уште 4 други им се допаѓа ова.
  7. Безидејазаник

    Безидејазаник

    Член од:
    24 јуни 2011
    Мислења:
    523
    Допаѓања:
    462
    Сликиве релаксираат со гледање, а не пак во живо. При првата поголема сума на пари одам таму, политика нека си водат во парламент, и тие што се платени за тоа, оваа убавина не се испушта.:)
     
  8. Мезнаеш

    Мезнаеш Pronto

    Член од:
    27 април 2011
    Мислења:
    2.256
    Допаѓања:
    2.920
    Бев тука али нажалост не ги видов повеќето од овие убавини од многу пиење XD
     
    На cige му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Acid

    Acid Администратор

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    33.545
    Допаѓања:
    26.043
    Поголема сума на пари? Одмор во Лефкада ќе те чини помалку од Охрид, а за тоа потпишувам со две раце :)
     
    На Makedonec_7, PurplePuma, Stefan-kobe и уште 9 други им се допаѓа ова.
  10. Пепси_

    Пепси_ Гостин

    Колку би чинел скромен смештај и општо еден одмор на Лефкада ?

    Ова е прекрасно,ама секој ден треба да шеташ колку е изводливо ?
     
    На Смрт за зони и пајак воз. му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Безидејазаник

    Безидејазаник

    Член од:
    24 јуни 2011
    Мислења:
    523
    Допаѓања:
    462
    Знам, сега ги видов аранжманите од минатото лето од 100 до 160 евра за 7 дена. Летото одам ако имам време.
     
    На Смрт за зони и пајак воз. му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Олимпија

    Олимпија Македонија во срцето!!!

    Член од:
    26 март 2008
    Мислења:
    5.606
    Допаѓања:
    9.070
    Аранжманите и за ова лето се веќе пуштени во продажба :)
    --- надополнето: 26 март 2013 во 20:45 ---
    Имаш веќе понуди од туристичките агенции, некои нудат сместување во Нидри други во Василики.
     
    На Смрт за зони и пајак воз. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. cleverguy

    cleverguy

    Член од:
    21 јануари 2009
    Мислења:
    468
    Допаѓања:
    291
    ^ Многу ми се допаѓа местово, ме потсеќа на Закинтос. Едноставно сакам да отидам на одмор и таму да има многу различити плажи и да посетам барем
    6-7 од нив минимум. Се надевам годинава ќе ја посетам Лефкада или Кефалонија :cool:
     
    На Олимпија и Смрт за зони и пајак воз. им се допаѓа ова.
  14. Смрт за зони и пајак воз.

    Смрт за зони и пајак воз.

    Член од:
    20 септември 2011
    Мислења:
    8.143
    Допаѓања:
    8.519
    Јас веројатно никогаш нема да отидам таму, но се радувам кога ќе видам нешто вака убаво
     
  15. macgowan

    macgowan Гостин

    Лефкада е феноменална за тој што сака активен одмор. На неколку сати возење имаме фантастично море и плажи.
    Јонско е бр.1!
     
    На Acid и Смрт за зони и пајак воз. им се допаѓа ова.

Сподели преку: