Лефкада

Член од
23 јуни 2011
Мислења
9.771
Поени од реакции
3.325
Нема да ти треба превоз од Агиос Никитас до Пефкулија, блиску е, километар ипол...ама не вреди според мене да се иде на таа плажа, премногу камења во вода. Милос/Катизма/Порто Кацики ти се задолжителни, за каваликефта/мегали петра би ти препорачал да ги избегнеш поради патот, па кое ебење е тоа човече, за назад не дај боже да има коли од спротива...за рентање скутерчиња во агиос има колку ти душа сака
Кај го тераш да оди по патот. Ќе го згази кола.
 

Емкаа

крофни од драго.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.124
Поени од реакции
9.264
Дајте контакт од некој смештај Лефкада. До понеделник сме тука ама многу ни се свиѓа, сакаме уште неколку дена да истераме.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
9.651
Поени од реакции
11.563
Дајте контакт од некој смештај Лефкада. До понеделник сме тука ама многу ни се свиѓа, сакаме уште неколку дена да истераме.
Virginia Studios

 

Емкаа

крофни од драго.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.124
Поени од реакции
9.264
Член од
15 август 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дали има еднодневна тура од Нидри до Парга?
 

Емкаа

крофни од драго.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.124
Поени од реакции
9.264
Ајде и јас да постирам моја "рецензија" за Лефкада. Тргнавме на 5ти август со букирани 7 вечери во Нидри, но продолживме уште три во Лефкас. Доколку останевме 7 дена мислам дека ќе ни беше ептен набиен распоредот и немаше да стигнеме да видиме се. Така да мое мислење е дека 10 дена се совршени доколку сакате опуштено да искусите се.

Првиот ден стигнавме во Нидри околу 14 часот, се сместивме и се комиравме до кај 18. Слеговме на плажата таму колку да се разладиме, ок е плажата не е нешто посебно. Вечерта излеговме низ Нидри па пак комирање.

Вториот ден, Катизма. Тука некаде прочитав дека има еден паркинг кој кошта 5 евра, но доколку продолжите надолу има друг паркинг кој кошта 3. Не :D Го натерав мм да вози до долу, слеговме долу веќе скроз на паркингот и место слободно немаше. Една варијанта беше некако да излеземе од гужвата која веќе се беше створила долу на паркингот и да паркираме горе на ридот. Друга варијанта беше да паркираме, но под услов да земеме лежалки кои коштаа 9 евра. Саатот беше веќе 1 попладне, надвор беше 40 степени, немавме клима, се каравме ете ти три евра паркинг, да си паркирав горе сега веќе на плажа ќе бевме, бла бла, па одлучивме да си платиме лежалки. На овој паркинг МНОГУ лесно може да направите фора, пошо типот што го држи паркингот ви вели паркирајте и одете на плажа земете лежалка. НИКОЈ не ве проверува дали сте ја зеле лежалката или не. Јас мислев дека на излегување ќе ни побара сметка, нешто шо било. Ништо. Значи паркирајте си и слободно постелете се на плажа.
Катизма ми се свиѓаше, мислам ок, лесно пристапна, ја посетивме уште еднаш во текот на престојот, но многу гужва. Бран немаше, мислам не беше мирно скроз морето но беа такви нормални мали бранчиња. На ниедна плажа немавме скроз мирно море, освен на Милос. Еве една слика од Катизма:

Kathisma.jpg


Вториот ден бевме на Милос. Спремна психички за патот кој води до плажата, се паркиравме кај Агиос Никитас ( more like на пола пат за Катизма ) и тргнавме. Паркингот кај Агиос Никитас ужас. Не знам ни дали се исплати да дојдеш порано за да најдеш паркинг место или стално се е зафатено. Почнавме да го искачуваме ридот и си викам топ, ова е лесно, шо викаа дека е тешко. Ама оди оди пусто нема крај. Ајде уште малце, уште малце, никако не се намалува. Плус пак 40 степени, саатот веќе 12, мислам мозокот ми чадеше веќе. Стигнавме на највисоката точка од каде има ПРЕДОБАР поглед на Милос
Milos.jpg

Пошто ова е највисоката точка, малце ми олесна и си реков сега за надолу е полесно. How about no. Патот е КОЗЈИ буквално, цело време кочев, така да овој дел од патеката ме умори повеќе од искачувањето :D На плажата стигнавме после 20 мин, жива вода двајцата, скоро пред шлогирање. Ваљда ова е нешто исто како после пораѓај кога мајките викаат дека боли, но се се заборава кога ќе го видиш бебето пошто плажата е НЕВЕРОЈАТНА. Останавме цел ден на плажата, морето беше тепсија, водата кристално чиста, плажата е огромна така да имате место да не се лепите до комшиите, имате и лежалки ама мислам дека беа 20 евра.
Според мене оваа и Егремни го делат епитетот најубава плажа на Лефкада.
За враќање се вративме со бродче, ептен касно заминавме, мислам околу 19:30 така да го фативме буквално последното бродче. После 18 часот приметив дека бродчињата од Агиос Никитас се поретки, иначе во текот на денот имате на 10-15 мин. Цената беше 3 евра.

Третиот ден, Агиофили. Се паркиравме Василики и тргнавме со бродче. Тука бродчињата се поретки, на секој саат. Исто читав на темава дека во еден правец картата е 3 евра. Сега беше во еден правец 5 евра, повратна 7. Така да зедовме повратна.
Агиофили има некако многу специфична боја на водата, плажата е преубава, но имаше многу гужва. Плажата е мала и реално мислам дека треба да се отвори патот за да биде достапна пешки бидејќи мене многу ми сметаше бродчето на секој саат, мириса на бензин а плажата е мала. Да биде затворена за бродчиња мислам дека искуството ќе биде многу подобро.

Agiofili.jpg

Четвртиот ден заминавме на крстарење. Каква превара ни се деси тука уште не можам да ги прежалам парите. Читав на темава дека има крстарење кои оди само на Егремни и Порто Катсики и сакав да го букираме тоа. Арно ама сите понуди ги поминавме, такво крстарење немаше. Не сакав да одам на крстарењата што нудат 7 плажи + Кефалонија во рок од 8 часа, сакав да ги посетам само тие две плажи. Нејсе, најдовме крстарење Егремни - Порто Катсики - Агиофили. Иако бевме на Агиофили, се нафативме на ова крстарење со Нидри Стар. Тргаше сабајле во 9:30, ние бевме таму во 8:45. Нидри Стар имаат три бродови, сите три наводно за различни крстарења. Се качивме во нашиот брод, фативме место, и чекавме да тргнеме. Кај 9:20 приметив дека веќе немаат место во големиот број кој одеше на големата тура и ги пренасочуваат луѓето во нашиот брод. Ок си викам ваљда се договориле и им кажале дека одиме на малата тура. Да напоменам, сите тури коштаат 20 евра. И тргаме, одиме Егремни. Плажата е нешто невидено, стигнавме први и немаше НИКОЈ, апсолутно НИКОЈ на плажата. Огромна е, бојата е нереално сина, преубава.

Egremni.jpg

За жал сите бродови пристигнуваат од прилика во исто време и се ствара огромна гужва, не може ни да се искапиш ко што треба пошто стално пристигнуваат нови бродови, мириса на бензин, луѓе колку сакаш. Се надевам дека ќе ги поправат скалите за да стане пристапна плажата за да навистина може да се ужива.
Еве како изгледа кога ќе дојдат сите бродови

Egremni_ships.jpg

Тука поседавме саат и пол што ми беше чудно бидејќи по програма имавме 2 и пол саати, но ајде си викам ќе надополнат Порто Катсики.
Се прелажав пошо таму застанавме цели 40 мин 50 метри од обала.

PK.jpg

Времето беше доволно за да скокнеш 2 пати од бродот. :D

Од тука требаше да тргнеме за Агиофили, но завршивме Кефалонија....па во пештерата, па Скала, па Скорпиос. Без никакво објаснување, без ништо, прописно не извозаа за сите пари. Многу ми беше криво, бродот беше пренатрупан, цело време навален на левата страна, чекавме по 15 мин за да се искрцаме и укрцаме и некако се беше на брзање.
Така да моја препорака, Нидри Стар НИКАКО.

Петиот ден, Мегали Петра. Плажата е убава но искрено мислам дека не вреди да се вози патот. Не дека не е асфалтиран, туку е тежок и напорен за возење. Цело време угорници, удолници, кривини, тесен пат.... Убаво е но не би отишла пак. Може ова е само мое искуство бидејќи ем бевме без клима во колата ем цел пат кривицата за патот ја кркав јас преку нервозата на мм :D
Се паркиравме МНОГУ високо на ридот и имавме бајаги за пешачење

MegaliPetra.jpg

MegaliPetra1.jpg

Не ни отидовме на таа плажата до неа бидејќи таму стигнавме во 2 часот некаде, пред тоа баравме 3 саати смештај во Лефкас за да го продолжиме патувањето и се на се бевме уморни. ( и искарани :D )

Шестиот ден заминавме на Пефкулија. Најлесно достапна плажа, но не ми се свиѓаше многу. Дента имаше малце бран па водата беше доста матна. Немам ни слика од плажата. Може во друга прилика би ми оставила поинаков впечаток.

Седмиот ден ја посетивме Катизма повторно. Премногу гужва, дури и повеќе од првиот пат.

Осмиот ден тргнавме повторно да ја посетиме Милос, но во Агиос Никитас на мм го касна оса ( вкупно на цел одмор него го касна оса два пати и мен еднаш, не знам дали сме до толку лепендеци или стварно имаше оси ), па се решивме да не ризикуваме и отидовме на плажичката во Агиос Никитас. Ок е, мала плажа, немаше баш место, начичкани сите еден до друг, но ме изненади водата. Беше ЕКСТРЕМНО ладна. Јас сум од Охрид така да малце ми се изместени границите за ладна вода, ама ова беше скроз друго ниво. Влегов и не можев да останам подолго од 5 мин, излегов.
Од тука заминавме за FlyMe, барот во склоп на Rachi ресторанот. Убаво искуство, но пак, премногу гужва. Моја препорака, има преубави таверни и барче на патот за Порто Катсики. Подобра варијанта би било на враќање од таму да се застане некаде за да се ужива во зајдисонцето отколку да се оди во гужвите во FlyMe. Не знаете која брканица беше кога сонцето почна да заоѓа, се туркаат сите буквално за слика, смешно е.

Деветиот ден, Порто Катсики. Патот не е толку заебан како за Мегали Петра, но има еден мал дел кој е тесен на кој може да помине една кола. Ние од Лефкас до тука патувавме саат и 50 мин. Го делам истото мислење за Мегали Петра, не поради патот, туку поради гужвата. Плажата е преполна, пренатрупана, а преубава. Лежалки беа поставени дури и во делот кој беше заграден заради опасност од лизгање на карпите, значи динга. Паркинг плативме 10 евра o_O .

Pk1.jpg

PK2.jpg


Сума сумарум, одморот беше малце напорен, но мислам дека вредеше. Плажите се извонредни, цел остров мириса на маслинка, има таква комбинација на зелена и тиркизна боја што мислам дека никаде на друго место не се доживува. Кога се вози накај западниот дел на островот, одма после селцето Tsoukalades, се отвара таков видик што мислам дека можев да седам на патот тука паркирана цела недела и само да гледам во далечината, и тоа ќе ми беше доволен одмор.

Tso.jpg

Можеби ние направивме грешка и отидовме во периодот кога имаше ем многу гужва, ем беше многу топло. Беше преполно со Италијани и Романци, температурата преку ден беше 40 степени, навечер 29. Дефинитивно следно би одела покасно, крај на август, почеток на септември.
Друга грешка ни беше што се сместивме Нидри. Сакав место каде што ќе може да излегуваме навечер, ама патувањето секој ден ни испадна толку напорно што излеговме се на се 2 - 3 пати, и тоа сосила. Доколку сте со сопствен превоз дефинитивно најдобра варијанта е Лефкас, тие три дена што ги поминавме таму мислам најрелаксирано ми поминаа. Реално смештајот во Нидри е поефтин, но не се исплаќа мрцварењето секој ден.
Би му препорачала на секој кој планира одмор тука да се опреми со чадор и мало фрижидерче. Во декатлон имате ранци како фрижидерчиња што се, едно такво наполнете го за цел ден и шибајте. Вода обавезно, заштитен фактор обавезно, јас цело време со 50ка се мачкав пошто пржи невидено. Со деца искрено не знам дали би се нафатила на вакво место иако видов многу фамилии.

Се на се добар одмор, никогаш не сум ја посетила оваа страна од Грција и морам да кажам дека ми се свиѓа повеќе од Егејското Море, а цените се исти, ако не и поефтини.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
13.449
Поени од реакции
30.251
Штета што ретко кој ја посетува според мое субјективно мислење најдобрата плажа (во поглед на достапност, немање гужва, а сепак преубава боја и поглед)- Галос.

Галос се наоѓа над Егремни, но патот за разлика од Егремни не само што не е затворен, туку по зејмотресот е реновиран, не е претерано тесен, има дестина серпентини од 180 степени ама по нов и мазен асфалт, паркинг бесплатен, широко нема шанси да нема место, има и лежалки и место без лежалки, не се набиени туристите едни до други како на другиве плажи, е сега нема ВЦ, тушеви, има само две подвижни комбиња што продаваат некои пијалоци и сл ама самото тоа што ја нема гужвата и комерцијализацијата како другите плажи за мене ја прави најдобра.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
9.651
Поени од реакции
11.563
@Емкаа - Јас пишував за тоа бродче Ionian Princess, не знам зошто не сте го нашле пошто Срби по истава моја препорака беа сега летово.

Топ сте си прошле, мада како што кажа @Bateman сте ги пропуштиле и Gialos и Avali, плажа најдесно од трите плажи под Каламици (М. Петра, Каваликефта и Авали). Има преубав бар над плажата, перверзии.

Инаку се слагам за тој погледот после Цукаладес, ја таму се заљубив во Лефкада на прв поглед.


Еве нешто мое од 2016, може ќе ти ги освежи сеќавањата, нешто што си заборавила да пишеш или сл.
Интересно е што не успеав да отидам на Егремни тоа лето, па се вратив 2017 на враќање од Кефалонија.


Ете ти и мој конечен предлог за лето 2020 и уште еден преубав остров на тој дел. Јонски vibe, а сепак далеку поразновиден и помасивен од Лефкада.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
13.449
Поени од реакции
30.251
А да, Кефалонија дефинитвно е на листата, уште поголема, истите преубави пејсажи и плажи.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
9.651
Поени од реакции
11.563
@Емкаа - Еве нешто напишано од мене на тој српскиот форум, се надевам ќе се пронајдеш и ти хахах

Taj vidikovac je nesto posebno ako prvi put idete na Lefkadu, posebno sto se nalazi na samom pocetku pogleda na more ako idete od Lefkasa t.e od pravcu Tsoukaladesa.
Da sumiram kako to ide t.e kako je bilo meni - stizes na Lefkadu. OK, nadjes smestaj (na istocnu obalu ili Lefkas ili Ag. Nikitas ili Tsoukalades), raspakujes se, kacis se u auto i krenes. Navigacija ti kaze idi kroz Tsoukalades i tako to. Ti vozis, vozis, sa leve strane je rid, sa desne suma (tu posle Tsoukalades-a). Onda nesto kao pocinje da se vidi prazan prostor i imas krivinu na levo. Vidis neku vodu, kazes - OK, pa to je more, dosli smo na ostrov. Onda malo dole vidis neki vidikovac sa desne strane puta sa puno prasine i nesto te zavuce da stanes na kratko. OK, stao si. Sunce pece, a tebi se samo kupa sto brze. ALI! Ali onda dodjes do ruba vidikovca i vidis NAJLEPSU PLAVU MORSKU BOJU koji si ikad video. Vidis i neko malo mestence u daljinu (Ag. Nikitas) izmedju ridova. Eto tu, jos na pocetku, znas da nisi pogresio sto si dosao na Lefkadu. Tu se zavrsava svaka sumnja, svako planiranje kako da dodjete na Lefkadu, sve nervoze, sav umor od vozikanjem kolima. Tu vec mozak ti kaze da uzivas u svom letnjem odmoru kao nikad do sada. Tu mozak ti kaze da sve brige koje mozda nosis sa sobom iz kuce, ostavis ih tamo - na vidikovcu. I sve to - za pola sata/45 min (ako si posao od Nidri-ja).
Ajde sada mi recite ko drugi ostrov na Balkanu moze da vas natera da se zaljubite u njega za pola sata...
E tako sam se ja zaljubio u Lefkadu dragi moji - na prvi pogled. Sve ostalo je samo bilo "dokazivanje" ljubavi
Kao sto neko rece - slike i video ne mogu nikako da dolove tu plavu boju.
 

Емкаа

крофни од драго.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.124
Поени од реакции
9.264
И оваа година размислувавме за Кефалонија, но ајде се решивме Лефкада да пробаме прво бидејќи е поедноставно за превоз.
Иначе истото што го пиша @STEALTH за укрцавањето во Фискардо ми го кажа и брачед ми, тој беше мислам две недели пред нас Кефалонија + Лефкада.
Гиалос не знам зошто не ја посетивме, сега гледам дека ја имам пинувано на мапс. :/
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
9.651
Поени од реакции
11.563
Не е страшно, само да се дојде малку порано (саат, саат и пол) пред тргнувањето на траектот за назад. Таман време да се прошета Фискардо, топ испаѓа така за доручок/кафенце таму.

Ми е криво за уште 2-3 места на Кефалонија што не успеав да ги посетам:

- изгуглај Platia Ammos, истата приказна како Егремни со разрушени скали
- светилников Gerokompos ( https://goo.gl/maps/FjA9ihpPQymyKfqy9 )
- манастирот Kipoureon
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
6.646
Поени од реакции
5.610
@Емкаа јас иам пишувано дека на Лефкада полн погодок е да си сместен у градот, само што поефтино е да си барате сами смештај
по сликава од Мегали Петра гледам доста сте ја одминале па сте се враќале назад зашо за пешачење и нема многу по козја патека ако паркирате на патот пред паркингот за Кеваликефта
јака превара ви напраиле овие од нидри стар, ко шо памтам само еден голем брод имаат за до Кефалонија шо оди другите се помали, сочуство за мрцварењето зашо и ја го јадев стапот подосадно амин



Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Емкаа

крофни од драго.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.124
Поени од реакции
9.264
@Емкаа јас иам пишувано дека на Лефкада полн погодок е да си сместен у градот, само што поефтино е да си барате сами смештај
по сликава од Мегали Петра гледам доста сте ја одминале па сте се враќале назад зашо за пешачење и нема многу по козја патека ако паркирате на патот пред паркингот за Кеваликефта
јака превара ви напраиле овие од нидри стар, ко шо памтам само еден голем брод имаат за до Кефалонија шо оди другите се помали, сочуство за мрцварењето зашо и ја го јадев стапот подосадно амин



Sent from my iPhone using Tapatalk
За Мегали Петра немаше место да се паркираме подоле, затоа се паркиравме толку далеку. Мислам дека бевме ептен во шпицот на сезоната кога и Италјаните имаат одмор па гужва имаше секаде.
Смештај сами си баравме посекако, но во Нидри беа многууу поефтини смештаите. Но памет за друг пат.
Нидри стар превараааа голема :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom