Еве ја мојата рецензија од Лефкада
Период: 13.08-22.08
Сметување: Агиос Никитас
1 ден.
Пристигнување околу 11ч на плажата Пефкулија пред Агиос Никитас. На видиковецот пред спустот до Пефкулија сликање кадри, селфиња, колата у позадина со морето итн. Плажата беше ОК како за прв ден да се избањаш и одмориш од патот додека чекаш да се чекираш во смештајот. Пристигнување во Агиос Никитас, паркирање на 500м после влезот во Аг.Никитас.
Една многу важна работа околу паркирањето, пошто јас бев целиот у паника 1 месец пред поаѓање токму заради тоа

Јас секогаш наоѓав паркинг горе на магистрала по улицата на околу 500м после влезот и тоа секогаш на исто место, и секогаш имало на тој дел место да бираш кај сакаш да паркираш по магистралата и од едната и од другата страна. Најбитно е да се враќате од плажа со кола во Аг.Никитас околу 20ч. Тогаш е најрастеретено заради тоа што туристите на Милос коишто според мене преку ден ја прават гужвата веќе се тргнати накај своите смештаи низ островот, а уште не се дојдени шетачите коишто ја прават гужвата навечер.
2 ден.
Катизма. Важно е да стигнете пред 10ч за да си фатите паркинг и да избегнете гужва на паркингот. Има место колку сакате за паркирање, а имате и опција да си платите паркинг под сенка во некој од кафичите. Тој ден беше мирно морето, водата беше супер за бањање, плажата е и долга и широка, така што има место да си поставите сопствен чадор. Цело време имаше падобранци што се спуштаа дирекно на плажата преку некој параглајдинг клуб.
3 ден.
Милос. Патот до таму е качување, на почеток по скали, а после тоа по козји патеки. Од највисоката точка на ридот има преубав поглед над целата плажа. И спустот е по козји патеки, па затоа моја препорака е да си носите патики. Имаше луѓе со папучи, апостолки кои видоа малце мака особено на спустот. Отприлика со просечна кондиција се стига за 15тина мин. Ако нема бранови имате опција да си фатите бродче од Агиос Никитас и за одење и за враќање. Плажата е дива, ама на еден дел имаше поставено лежалки со чадори и послужуваа кафе и пијалоци. Морето беше разбранувано уште од сабајле па до израз дојдоа нијансите на плаво

Е, ама после 17ч имаше големи бранови и никој немаше во морето. Тешко беше воопшто да влезеш затоа што брановите одма те буткаат и како на некој начин да ти викаат „седи си надвор сега се нашите 5 мин.“. Патот за назад не ми се виде напорен затоа што стандард се враќавме покасно и не те удира сонцето во глава.
4 ден.
Мегали Петра. За мене оваа плажа беше број 1 на Лефкада

Патот до таму е преку селцето Каламици, и надоле е пат со доста кривини, така да внимателно со брзината и цело време нога на кочница. За да стигнете на плажата имате 2 опции, едната е да ја оставите колата горе на некоја ширинка покрај пат, па по една патека излегувате директно на плажата. А другата опција е да паркирате на плажата Каваликефта, и на лево преку камења и мали карпи да стигнете до Мегали Петра. Јас ја одбрав првата опција преку патеката. Стигнавме на плажа околу 9.30ч и имаше само 10тина души. Песочна, мирна плажа без многу гужва и галама. Плажата е голема, имаше и бранови ама подносливи за бањање. Исто е важно да си одите од плажа покасно после 19ч за да избегнете гужва по пат до Каламици (и потестувам за да стигнете во Аг.Никитас околу 20ч за да си фатите паркинг и да не ве боли глава

), затоа што патот ем што е угорница и кривини ем е доста тесен и разминување на 2 коли претпоставувам дека е прилично заебано.
5 ден.
Авали. Исто возите по патот за накај Мегали Петра, ама вртите десно на едно исклучување и сте на пат кон Авали. Плажата е дива, кога стигнувате на плажата ако сте ко мене во 9.30 ќе начекате кампери во шаторчиња коишто тогаш се будеа, можда ја ги разбудив...кујзнае

Просечна плажа, од брановите имаше исфрлено некои треви и алги на брегот, а водата ОК за бањање. Толку за оваа плажа, ништо посебно али убаво е да се посети.
6 ден.
Крстарење со брод Macedonia Palace. Првично требаше со Ioanian Princess за да бидеме 3ч на Егремни ама поради сплет на околности со туристичката агенција, мораше да одиме со Macedonia Palace. Се поаѓа од Нидри, локалниот водич не спроведе до приватен паркинг којшто не се плаќа. Да си дојдете 15мин. пред договореното време со водичот за да имате паркинг и да си фатите убаво место на бродот. Не сум љубител на вакви тури ама ај мораше заради Егремни па тргнавме. Прво одите на Егремни ве остава 30-40 мин. се бањате се сликате и толку. Второ, одите на Порто Кацики на 100м од брегот застанува и тука се бањате. Убава атмосфера има на самиот брод, музика ѕенѕање, капетанот и вработените играат на палуба додека се бањате. После одите во Фискардо на прошетка. Ама у 14ч на најжешкото не е баш за шетање, се вртиш 15 мин. низ градчето, па седнуваш на кафе 30 мин. и се качуваш на брод. По пат за накај Лефкада застанува на уште 1-2 плажи на кратко. Се на се добро беше организирано.
7 ден.
Порто Кацики. Имате вожња околу 1 саат од Аг.Никитас. Патот е со кривини ама е широк и добро е за вожња. Паркирате горе на еден паркинг којшто е слободен и околу 10ч кога пристигнавме имаше уште 5-6 слободни места така да ако сакате колата да си ја оставите на безбедно побрзајте рано сабајле да сте таму

Се симнувате по 100 скали и плажата рано е целата под сенка. Голема е ама после 12ч се прави гужва ко у Калитеа у шпиц сезона. Мене реално не ми сметаше гужвата пошто навикнат на гужви од други места на Халкидики па ми беше ОК. Е водата тука е нестварна, поготово ако ти се погоди да нема бранови, пливаш прилично во длабокото и дното сеуште кристално чисто се гледа. Така да водата прва лига, незаменлива.
8 ден.
Мегали Петра по втор пат.
9 ден.
Милос по втор пат.
10 ден.
Катизма по втор пат и околу 16ч правец за накај Скопје
Сума сумарум, како за прв пат Лефкада е супер за авантура, доживувања, одмарање очи, мир и тишина на повеќето плажи итн. итн



Не успеав да ги посетам Агиофили и Гиалос иако имав намера. Али следен пат здравје. Паркинг за тие 10 дена никаде не платив
Агиос Никитас е супер местенце за сместување заради тоа што е релативно блиску до плажите на западната страна

Не успеав само да ја посетам градската плажа, викаат убава била. Навечер местото е раздвижено до кај 24ч. Мало место со една улица на која има 3-4 маркетчиња, 15тина таверни и кафичи.
Тоа е тоа во кратки црти за Лефкада - Август 2019 год.
