Околу теориите на заговор дека АВИОНИТЕ "не прскаат со КОВИД"....смешно е! Било кој образован човек треба ова да го знае, проста физика е, не е научна фантастика.
Кратко објаснување.....за подетално постои соодветна литература.
Секој авион кој лета на висока надморска височина каде што воздухот е на температура од -38 степени и пониска остава видлива бела трага позади него. Тоа е чиста физика.
Секој мотор испушта водена пареа, како и останати честички односно останати гасови и честички од чад и метал. Кога овој збир ќе се помеша со ладниот воздух, водената пареа кондензира во капкички кои моментално се замрзнуваат во ситни ледени кристали и се задржуваат на небото извесно време.
Така да тие густи бели трагови што ги гледаме позади авионите се ледени кристали.
Понекогаш авионот воопшто не остава трага или истата е многу кратка. Тоа е знак дека авионот во тој момент лета низ релативно сув воздух. Во воздухот мора да има доволно молекули од вода за истата да кондензира и да се замрзне, со други зборови влажноста на воздухот мора да биде 100% или повеќе. На посув воздух сите ледени кристали одма испаруваат.
Дури и доколку воздухот е доволно влажен, можеби не е доволно ладен....тогаш нема траги.
На надморска височина помеѓу 28.000 и 40.000 стапки (8.5-12 км.) температурата на воздухот изнесува од -36 до -60 степени. Доколку авионот остава долга трага позади него, можеме да претпоставиме дека воздухот не само што е ладен туку е и многу влажен, што овозможува ледените кристали да се задржат подолго на небото. Доколку контурата на линијата се прекине и повторно продолжи, односно изгледа како една врста испрекината линија, авионот пролетува низ сув, па повторно низ влажен воздух.
Непосредно позади авионот има празен простор (нема видлива трага) во воздухот од околу 100 стапки (30 метри) што во суштина тоа е времето на смрзнување на топлата водена пареа и издувни гасови во кристални ледени честички. Секако секој мотор (два или четири) испушта своја видлива трага, кои потоа се спојуваат во една.
Многу останати фактори влијаат на времето на задржување на трагите и нивната видлива формација во воздухот. Сето тоа зависи од густината на воздухот, промената на температурата, јачината на воздушното струење односно ветер и останато. Истите траги може видливо да се спуштаат речиси до земја, зависно од моменталните воздушни услови.