Докторов става 6 маски за да покаже дека маските не го намалуваат нивото на кислород кога дишиме...
*Face coverings / masks don’t reduce your oxygen levels!*
god.dailydot.com
... препорачливо е за самозаштита да се почитуваат мерките со ставање на заштитна маска, ама само во критични моменти во движење кога не можеме да одржиме растојание и во гужви во маркети,банки,пазар каде не може да се одржи растојание кое ќе ни обезбеди сигурност без носење на заштитна маска!
...тоа значи носење заштитина маска одредено време на одредено место, а не постојано насекаде, иако во наша близина нема никој, а сето тоа да се оправда со ваков пример дека носење на 6 маски не ни го намалува внесот на кислород т.е. сатурацијата ќе ни биде на нормално над 95% - 99 % со некој си млад доктор (прашање дали е доктор со толку алки на рака за време на работа),
како и да е, кабелот од апаратот е доста подебел од кабелот на оксиметарот на прстот што цело време го движи горе доле, како ги става заштитините маски, ако е доктор треба да знае дека при мерење на сатурација ПРСТОТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДВИЖИ, ниту раката, а прстот НЕ треба да биде ниту испотен или влажен или ладен за да измери точна сатурација, а не вака нишање на раката натака навака, што кабелот на оксиметар и те како се движи, а тој од мониторот не се помрднува и е многу подебел од тој кабел на прстот, а во текот на цело видео ама ниеднаш не го покажа тоа врзување на прстот со мониторот што дава до сомневање дека воопшто не е поврзан,
... таман работа да се намали сатурација со поставување на шест маски за време од 5 минути, тогаш при нурнување под вода би умреле што не дишеме и го задржуваме здивот, да носи шест маски, да покаже кабелот како е врзан со монитор - прст, да не го движи прстот и така да седи најмалку пола час, ќе се види благо намалување на сатурација, така требаше да сними дечкото видеото што тешко да е и доктор...
кај второто видео, секој доктор знае дека при поставување на заштитна маска со ластик околу уво, потоа не се допира самата маска на средина, ниту пак смее така да лупа со пластичниот врв на оксиметар во осетливиот стаклен дел од мониторот како да е школска табла, а во оксиметар има осетлива ќелија со инфрацрвени зраци и тоа неколку пати додека го движи прстот со оксиметарот таму ваму што при мерење како рековме порано треба да биде во мирување раката и прстот, не би рекла дека и овој дечко со реп е доктор или не си ја познава ниту апаратурата ниту начин на мерење,
...секое објаснување на заштитина маска треба да биде реално, а не вака со сомнителни видеа, ставил шест маски за 3 минути и треба да се покаже сатурација да опаѓа? таман работа, опаѓање ќе биде во подолг период и тоа со една маска веднаш телото ќе реагира да се тргне истата, а не вака за неколку минути и со мрдање и лупање на прстот со оксиметар, така ли ќе мери и пулсот со мрдање? затоа му отиде над 100 пулсот, дури и еден лак на ноктот или нешто друго намачкано на прст дава погрешни резултати...