Во врска со вакцина за сезонски грип (октомври, ноември). Дали ќе мора да се направи тест за ковид пред вакцинирање и дали ќе има проблем со ковидот (во смисол во догледно време со вакцината за ковид или ако човек скраја да е, се зарази од ковид по примање на вакцината за грип)? Има ли некои испитувања во врска со овие два вируси и нивните потенцијални вакцини?
... по логика на нештата мора да се докаже дека се нема коронавирус па да се прими вакцина за сезонски грип, значи тестовите се обавезителни, ама прашање колку истите се специфични, штом телото има покачена антитела не смее да прима друга вакцина ќе дојде до збунување на имунолошкиот систем и може полоша беља да се направи,
како да има некое клиничко испитување меѓу двата вируса и нивните потенцијални вакцини, кога уште не се доставени вакцините за сезонски грип, нит пак кажуваат дали се исти вакцините или пак се други поради мутирање на сезонскиот вирус од минатата година да речеме, па има нови вакцини за сезонски грип, а не пак вакцини против коронавирус,
инаку добро размислуваш и добро прашуваш, ама ај кој да каже, овие од Институт за јавно здравје се ангажирани околу протоколи и епидемиолошки тестови за коронавирус, а сезонскиот вирус некако го заборавија!
а не гледам дека има некој јавен тендер за снабдување со вакцини за сезонски грип изгледа све тоа ќе биде со закаснување, како што е све друго во моментов!