Книги кои би ги препорачале

Член од
2 ноември 2020
Мислења
454
Поени од реакции
633
Затоа класиците што вредат да ги имаш и читаш повеќе пати ги нема да си ги купиш туку мора да бараш по библиотеки или пдф на англиски. Инаку и трилер е добар жанр. Сум ги поминал сите од Ден Браун и ми се допаднаа, скоро од Фицек една, не беше лоша едно време планирав и Борнов Идентитет ама ми станаа досадни некако без поента. Уште на 60 страни знаеш како ќе заврши и што ќе биде пресвртот па сменив малку. Кажа дека е девојка можеби и шовинистички од моја страна што му го препорачав Коелјо, јбг јас не би и дал Modern man in search of a soul па да ја носам на душа.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.252
Поени од реакции
14.557
Последниве неколку години кај нас се појави некој вид помодарство, или не знам како да го наречам, од многу мамички и жени, кои кога требало да читаат не читале, ама сега демек читаат. Испоотворија по фејсбук еден куп групи во кои споделуваат и разменуваат книги со сомнителен квалитет, и дури и за нив се сомневам дека ги читаат. Ама дека ,,ин" е, мораат да ги имаат, за да споделат фотки на Инста, да се пофалат пред комшиката или да изгледаат подлабоки, зашто плиткоста им се чита на челото.
Ќе ја сликаат книгата, обавезно со кафе и нешто благо (што поскапо тоа подобро), со најчест коментар: "сега ја почнувам, ваше мислење?" :)

Па кога веќе почнуваш да ја читаш што бараш мислења или зошто не ја дочиташ па да ставиш ти мислење? Али како што напиша, важно е да се пофали, да изгледа дека многу читаат и да собере некое лајкче.
 
Член од
2 ноември 2020
Мислења
454
Поени од реакции
633
Срам ми е да кажам ама имаше еден период и јас сликав на стори. Само белетристиката. Антихрист, Кафка и сличните никако.:)
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
Ќе ја сликаат книгата, обавезно со кафе и нешто благо (што поскапо тоа подобро), со најчест коментар: "сега ја почнувам, ваше мислење?" :)

Па кога веќе почнуваш да ја читаш што бараш мислења или зошто не ја дочиташ па да ставиш ти мислење? Али како што напиша, важно е да се пофали, да изгледа дека многу читаат и да собере некое лајкче.
Тренд се тие слики и не можам да ги избегнам. Стварно, не ми е јасно што е со благото до книга... Не знам што е поштетно по здравје, дали срање литературата што ја читаат или тие шеќерите што ги конзумираат успат, да му се слоши на човек :D
 
Член од
28 јануари 2021
Мислења
3
Поени од реакции
1
Dali imate da preporacate nekoi dobri knigi od zhanrot nauchna fantastika ili pak drama, ko za covek sto dolgo vreme pauziral so citanje knigi ( nekade otprilika 1va sredno)
 
Член од
1 февруари 2021
Мислења
22
Поени од реакции
48
Кое дело би ми го препорачале од авторот Ернест Хемингвеј или Марк Твен :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.390
Ко што викав јас порано, да се сликам со роцангла, ВД-40, шака чварки со везена пиперка сосе џигерицава на Џорџ Клуни од 80ти и наслов нешто ала АлимпиЧ/Мирјам и као коментар „уживанции“ да убацам у тоа групите.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.065
Јас секогаш ја препорачувам Quo vadis од Сјенкјевич. Книга која ме восхитува со дијалози, филозофски размисли, како и речиси пластично насликаниот Рим од времето на Нерон. Сосема ме пренесува во тоа време. Двапати сум ја читала со пауза од 15 години измеѓу.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Кое дело би ми го препорачале од авторот Ернест Хемингвеј или Марк Твен :)
Ако баш ништо немаш читано од Марк Твен почни со „Том Соер“ и „Хаклбери Фин“. Од Хемингвеј „За кого бијат камбаните“.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Кое дело би ми го препорачале од авторот Ернест Хемингвеј или Марк Твен :)
Од Твен последно што читав и ми се допадна е "Мистериозниот странец" од ПНВ Публикации. Нема ни 100 стр книгата, се чита за саат време. :)
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.482
Поени од реакции
5.576
Последниве неколку години кај нас се појави некој вид помодарство, или не знам како да го наречам, од многу мамички и жени, кои кога требало да читаат не читале, ама сега демек читаат. Испоотворија по фејсбук еден куп групи во кои споделуваат и разменуваат книги со сомнителен квалитет, и дури и за нив се сомневам дека ги читаат. Ама дека ,,ин" е, мораат да ги имаат, за да споделат фотки на Инста, да се пофалат пред комшиката или да изгледаат подлабоки, зашто плиткоста им се чита на челото. Е, заради таквата ,,читателска публика", постојат Сакам Книги, Матица и Култура. Продаваат книги во кои најважно е корицата да е понаџиџана, за убаво да изгледа на Инстаграм фотките, а внатре што пишува и со каков јазик го пишува, е помалку важно. Тоа е тривијална книжевност, лимонатки, книги без особени уметнички и естетски вредности што лесно се проголтуваат, а не вредат ни малку.

Затоа се создава перцепција за женска читателска публика кај нас, нешто што, разбирам, навредливо е за оние кои читаат уметничка литература, а се жени. За тоа @Dumbledore така се изрази, и искрено и јас го делам истото мислење со него. Иако, реков, не значи дека на секоја жена ќе и се допадне тоа.
Има една мудрост од Јовица Михајловски од бушава азбука, не знај тој што чита туку тој што знај што чита. Мислам дека доволно објаснува.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.854
Поени од реакции
36.889
Dali imate da preporacate nekoi dobri knigi od zhanrot nauchna fantastika ili pak drama, ko za covek sto dolgo vreme pauziral so citanje knigi ( nekade otprilika 1va sredno)
Вака прва што ми паѓа на памет е серијалот Foundation на Исак Асимов. Интересни идеи, екстензивно развиен свет, лесни, забавни книги, баш скоро ги завршив со читање сите и ми беа баш супер. Во Академска книга ги имаш сите заедно со prequel и sequel книгите кои ги има напишано дополнително после првичните три книги. Издавачки центар Три има нешто преведено на македонски ама мислам дека беше само една книга преведено. Ја би ти препорачал на англиски да ги читаш зашто не се ни нешто многу тешко напишани и се разбирливи.
 
Brave new world. Пишувана како фикција, денешно време голем дел вистина
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Вака прва што ми паѓа на памет е серијалот Foundation на Исак Асимов. Интересни идеи, екстензивно развиен свет, лесни, забавни книги, баш скоро ги завршив со читање сите и ми беа баш супер. Во Академска книга ги имаш сите заедно со prequel и sequel книгите кои ги има напишано дополнително после првичните три книги. Издавачки центар Три има нешто преведено на македонски ама мислам дека беше само една книга преведено. Ја би ти препорачал на англиски да ги читаш зашто не се ни нешто многу тешко напишани и се разбирливи.
"Фондација" и "Фондација и империја" се преведени од Три. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom