Книги кои би ги препорачале

Член од
14 март 2014
Мислења
473
Поени од реакции
1.163
Предложете ми македонски роман со елементи на медитеранизам.
:)
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
За љубителите на фантазија, па и сите останати би сакала да ја препорачам: Mythago Wood.

Многу ретко давам шанса на ваков жанр бидејќи не сакам да си ја уништам мојата претстава за ЛОТР и Хари Потер.:unsure: (глупост, знам)
Од Митаго и Холдсток сум воодушевена и дефинитивно планирам да си ги ги најдам и останатите делови од серијата за магичната Рихопска шума. Приказната за шумата е толку добро разработена (барем во овој дел), што можат да се најдат елементи од археологија, психологија, социологија и др, што за мене беше полн погодок. Од друга страна книгата е динамична и непредвидлива, едвај чекав да имам малку време да можам да читам понатаму. Најмногу ми се допадна концептот за архетиповите на херои и хероини кои што човештвото во даден момент ги создало и останале до ден денес во познатите легенди и како истите се преточени во ликови од романот кои живеат во Рихопската шума каде времето функционира многу различно од она во обичниот свет.

Ќе и се вратам повторно!
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
Мотивациски книги се имам изначитано во животов, и секогаш сум се обидувала да применам нешто од напишаното. Не знам дали функционираат советите, ама мислам дека во повеќето од нив има по некоја убава реченица, ако не повеќе.
„И во ѓубрето ќе најдете храна“ - прашан за мислење за „ефтините“ романчиња рекол Џим Рон, човекот кој уште жив беше проглaсен за легенда во мотивациските говори. :)
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
9.551

toa e najcesto scenario, premnogu citanje premalku primenuvanje. isto i jas, ne brojam kolku imam procitano, od tia na knizarnica tri, moze 80-90% gi imam sobrano, plus eden ton digitalni.
od primena samo tie dvete koi gi postirav, i mal del od tie na robin sharma so e primenliv za mene.
za mene se funkcionalni, sekoj si ima svoe mislenje i iskustvo.
 
Член од
4 ноември 2012
Мислења
23
Поени од реакции
31
Здраво,нов сум на темата..Кажете ми предлог книга ?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.477
Поени од реакции
35.938
Здраво,нов сум на темата..Кажете ми предлог книга ?
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
9.551
dali nekoj go cital serijalot fondacija od isak asimov, da spodeli mislenje/recenzija ?

gledam deka vo knizara tri, ima 2 dela, a so guglav dava deka 3 dela se vo serijalot, pa se mislam dali da gi kupuvam makedonskite, ili da baram na angliski komplet site 3
 
Член од
24 мај 2018
Мислења
7
Поени од реакции
5

Како љубител на СФ најтопло ти го препорачувам серијалот. За да уживаш, мислам дека треба да ја читаш на англиски или српски. За жал нашите преведувачи (со чест на исклучоци) се...
Ги имаш сите книги на српски од библиотеката Поларис на нет. Изгуглај, па симни ги од торент. Зоран Живковиќ, уредникот има направено одличен избор на СФ дела, преводите се одлични.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.742
Поени од реакции
2.558
dali nekoj go cital serijalot fondacija od isak asimov, da spodeli mislenje/recenzija ?

gledam deka vo knizara tri, ima 2 dela, a so guglav dava deka 3 dela se vo serijalot, pa se mislam dali da gi kupuvam makedonskite, ili da baram na angliski komplet site 3
Да ги читаш. Оваа година би требало да излезе и третата од трилогијата. Имај предвид дека не е роман, собрани раскази се на иста тема.
Ги имаш сите книги на српски од библиотеката Поларис на нет.
Да не го имаш или некој да го има првото издание од Поларис СФ цд-ромот? Не ми се отвора цедето, а не сум го префрлил на хд со време.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.741
Поени од реакции
994
dali nekoj go cital serijalot fondacija od isak asimov, da spodeli mislenje/recenzija ?

gledam deka vo knizara tri, ima 2 dela, a so guglav dava deka 3 dela se vo serijalot, pa se mislam dali da gi kupuvam makedonskite, ili da baram na angliski komplet site 3
Колку шо знам серијалот Фондација ( Задужбина ) од Асимов се 7 книги но како главни се 3 . Серијалот е одличен ( ги имам прочитано сите 7 дела ) , но како што кажа некој погоре ти препорачувам да ги прочиташ српските ( или англиските ) изданија на серијалов , бидејќи за жал македонските преводи на било кој СФ роман се КАТАСТРОФА . Јас ги имам читано српските во издание на едицијата Поларис . Исто така ти препорачувам и други два серијали од Исак Асимов а тоа се серијалите насловени Царство и Роботи ( Царство се 3 книги а Роботи се 6 книги ) .
Автоматски споено мислење:

Да ги читаш. Оваа година би требало да излезе и третата од трилогијата. Имај предвид дека не е роман, собрани раскази се на иста тема.
Да не го имаш или некој да го има првото издание од Поларис СФ цд-ромот? Не ми се отвора цедето, а не сум го префрлил на хд со време.
Ми се чини дека ги има негде на нет и двете цедиња на Поларис , т.е. ги имаше до пред 7-8 години . Јас ги имам спуштено на ХД пред 7-8 години .
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2018
Мислења
7
Поени од реакции
5
Да ги читаш. Оваа година би требало да излезе и третата од трилогијата. Имај предвид дека не е роман, собрани раскази се на иста тема.
Да не го имаш или некој да го има првото издание од Поларис СФ цд-ромот? Не ми се отвора цедето, а не сум го префрлил на хд со време.
Ги имам и двете, старото и новото. Новото има плус 67 книги.
Автоматски споено мислење:

Поларис CD v2
додатокот

Книгите ти се во епуб формат, идеално за Киндл, мобилен или слично...
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.742
Поени од реакции
2.558
Ми се чини дека ги има негде на нет и двете цедиња на Поларис , т.е. ги имаше до пред 7-8 години . Јас ги имам спуштено на ХД пред 7-8 години .
Ги имам и двете, старото и новото. Новото има плус 67 книги.
Второто го имам, првото ми треба. Она без изданијата на Кентаур, каде што книгите се во текст фајлови.

Ај ако го имате, прикачете го некаде.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.995
Фаренхајт 451

Претпоставувам дека повеќето тука ја прочитале книгата или барем го изгледале филмот.
Интересно книгиче, необично. Се гледа глорификација на книгата, како преносител на знаењата и како двигател на општеството. Книгите биле палени низ историјата, започнувајќи од антиката, кон средниот век од страна на црквата и конквистадорите, кон нацистите во WWII. Книгата била забранувана низ студената војна, а одредени книги се забранети и денес. Причина била стравот од идеите и содржината на книгата.
Не сакам да давам премногу спојлери, ама не се работи само за пожарната бригада која уништува книги, туку и за општественото уредување и слепото верување во власта. Затоа овој роман важи за антиутопистички.
Мене крајот малку ме разочара. Некако беше избрзан, но може е само прашање на вкус.

Американски психопат

Оваа книга НЕ ја препорачувам.
Прво, премногу се занел писателот во опишувањето на дневните активности на Бејтман (психопатот), второ премногу не замара кој каква облека носел и трето, премногу не замара кој што нарачал (за јадење/пиење). Секогаш истата приказна, секогаш тие непотребни описи. Очекував повеќе акција, затоа што оваа книга ја сметаат за скандалозна, на ниво на Маркиз де Сад! Очекував повеќе психологија. Процесот на мислење и дејствување. И очекував поинаков наратив. Да не се занел во предолгите непотребните описи, оваа книга би била далеку подобра.
 
Член од
1 мај 2021
Мислења
187
Поени од реакции
758
Хазарски речник од Милорад Павиќ.

Од самата проза и структура на делото па се до идеите кои ги содржи во себе, едноставно неверојатна.

Американски психопат

Оваа книга НЕ ја препорачувам.
Прво, премногу се занел писателот во опишувањето на дневните активности на Бејтман (психопатот), второ премногу не замара кој каква облека носел и трето, премногу не замара кој што нарачал (за јадење/пиење). Секогаш истата приказна, секогаш тие непотребни описи. Очекував повеќе акција, затоа што оваа книга ја сметаат за скандалозна, на ниво на Маркиз де Сад! Очекував повеќе психологија. Процесот на мислење и дејствување. И очекував поинаков наратив. Да не се занел во предолгите непотребните описи, оваа книга би била далеку подобра.
Фактот што ти биле досадни (како на мене) и веројатно само си ги прелистал или скокнал истите тие описи (исто и ја) е самата поента на истите. Бејтмен е човек кој се дави во плиткост, и многу нормално дека повеќе би го интересирале такви паушални ствари него нешто побитно.
Исто така, многу од јадењата кои ги опишува се буквално луди (риба со мармалад од кромид? Mud soup?), што оди во прилог на тоа што Патрик има тотално изгубено контакт со јавето, и живее во некоја си своја фантазија.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.995
Фактот што ти биле досадни (како на мене) и веројатно само си ги прелистал или скокнал истите тие описи (исто и ја) е самата поента на истите. Бејтмен е човек кој се дави во плиткост, и многу нормално дека повеќе би го интересирале такви паушални ствари него нешто побитно.
Исто така, многу од јадењата кои ги опишува се буквално луди (риба со мармалад од кромид? Mud soup?), што оди во прилог на тоа што Патрик има тотално изгубено контакт со јавето, и живее во некоја си своја фантазија.
Премногу зборови троши буквално за секој негов пријател што носи, каде излегува и што нарачува. Ќе беше во ред да се сконцентрирал само на главниот (анти)херој. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom