Книги кои би ги препорачале

Член од
16 јули 2017
Мислења
108
Поени од реакции
169
Препорачајте ми езотерија - книги за смртта/животот после смртта :coffee:
 
Член од
1 април 2009
Мислења
653
Поени од реакции
557
Предлог книга што ви оставилa добар впечаток. Сакам на девојката да и подарам некоја, па што предлози имате? :)
 
Член од
2 ноември 2020
Мислења
454
Поени од реакции
633

Алхемичарот или таа за мата хари, од коелјо да биде мислам немаш промашај
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
"Алхемичарот" бе! "Вероника реши да умре" мене повеќе ми се допадна, само насловот не е баш романтичен.

Инаку "Шепнувачот" од Каризи или земи и било што од Сакам Книги, независно какви книги сака да чита. На Сакам Книги таргет им е женската читателска публика, ама они повеќе читаат и повеќе купуваат книги. :pipi:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

Многу е неблагодарно да постои „женска читателска публика“...Ја разбирам поентата ама мора да има некаква специфика: романтична е, сака уметност, драма, СФ, мистерии...
За мене книга со која погодуваш голем дел од женска популација е „Гордост и предрасуди“...
 
Не сум фан на романтични романи ама баш ќе ги погледнам и двете.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Многу е неблагодарно да постои „женска читателска публика“...Ја разбирам поентата ама мора да има некаква специфика: романтична е, сака уметност, драма, СФ, мистерии...
За мене книга со која погодуваш голем дел од женска популација е „Гордост и предрасуди“...
Има, гледај што прават Култура, Матица и Сакам Книги. И од друга страна гледај кој и што чита по групите.

Има различни категории (за деца, јанг-адолт, машка, па и женска таргет публика), не знам зошто тоа ти прави проблем. :)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Има, гледај што прават Култура, Матица и Сакам Книги. И од друга страна гледај кој и што чита по групите.

Има различни категории (за деца, јанг-адолт, машка, па и женска таргет публика), не знам зошто тоа ти прави проблем. :)
Ненене далеку од тоа да ми прави проблем, само не ми е типично ако нпр барам за другарка подарок книга да барам во некој таков оддел :)
Специфика на личноста ми ја прави категоризацијата и определува жанр а не пол/возраста...
Инаку сосема е на место да постои некаква поделба...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.800
Поени од реакции
33.619
Последниве неколку години кај нас се појави некој вид помодарство, или не знам како да го наречам, од многу мамички и жени, кои кога требало да читаат не читале, ама сега демек читаат. Испоотворија по фејсбук еден куп групи во кои споделуваат и разменуваат книги со сомнителен квалитет, и дури и за нив се сомневам дека ги читаат. Ама дека ,,ин" е, мораат да ги имаат, за да споделат фотки на Инста, да се пофалат пред комшиката или да изгледаат подлабоки, зашто плиткоста им се чита на челото. Е, заради таквата ,,читателска публика", постојат Сакам Книги, Матица и Култура. Продаваат книги во кои најважно е корицата да е понаџиџана, за убаво да изгледа на Инстаграм фотките, а внатре што пишува и со каков јазик го пишува, е помалку важно. Тоа е тривијална книжевност, лимонатки, книги без особени уметнички и естетски вредности што лесно се проголтуваат, а не вредат ни малку.

Затоа се создава перцепција за женска читателска публика кај нас, нешто што, разбирам, навредливо е за оние кои читаат уметничка литература, а се жени. За тоа @Dumbledore така се изрази, и искрено и јас го делам истото мислење со него. Иако, реков, не значи дека на секоја жена ќе и се допадне тоа.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ненене далеку од тоа да ми прави проблем, само не ми е типично ако нпр барам за другарка подарок книга да барам во некој таков оддел :)
Специфика на личноста ми ја прави категоризацијата и определува жанр а не пол/возраста...
Инаку сосема е на место да постои некаква поделба...
Не е оддел, туку цела книжара. :D

На метро ги принтаат Рајли и Алимпиќ. Ама гледај по групите. Соодносот е 10-1 жени-мажи. Но и таму основно мерило е побарувачката за она што да се преведе/донесе. Плус секогаш најпродавани книги од Купикнига се баш љубовниве романчиња. :D
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Не е оддел, туку цела книжара. :D

На метро ги принтаат Рајли и Алимпиќ. Ама гледај по групите. Соодносот е 10-1 жени-мажи. Но и таму основно мерило е побарувачката за она што да се преведе/донесе. Плус секогаш најпродавани книги од Купикнига се баш љубовниве романчиња. :D
Се ми е јасно... Ама да си знаете со оваа методологија на @Dumbledore му се паѓа „Монологија-Тошо Малер“...@Zlatikevichius, „Уради сам“ а мене не ми гине Nora Roberts... ;)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
...и не значи дека се само љубовни. Повеќето се, всушност, трилери.
Ама гледај ги листите последниве 2-3 години што ги пласираат и издавачките куќи и Купикнига во однос на тоа што е најпродавано. :D

Баш кога бев во Матица, самата жена ми кажа дека Рајли не е за мене! :(

Нема везе, ако сум повредил одредени чувства секако дека се извинувам.
Автоматски споено мислење:

Се ми е јасно... Ама да си знаете со оваа методологија на @Dumbledore му се паѓа „Монологија-Тошо Малер“...@Zlatikevichius, „Уради сам“ а мене не ми гине Nora Roberts... ;)
Влези во групите. Имаше околу 10.000 членови едната и види кои книги се вртат. Лично влегов за препораки и веќе не ги отворам групите. :(
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Нема везе, ако сум повредил одредени чувства секако дека се извинувам.
Ниту во еден момент немаше врска со чувства и навреди, си дискутираме..
Јас и кога одам за себе да купам некоја книга, одам нпр да си најдам нешто интересно (а дома веќе имам 10 што чекаат да бидат прочитани) и наместо нов наслов начекувам книга од Меша Селимовиќ или Борхес и тое е тоа...
продолжете си, отидовме офтопик :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ниту во еден момент немаше врска со чувства и навреди, си дискутираме..
Јас и кога одам за себе да купам некоја книга, одам нпр да си најдам нешто интересно (а дома веќе имам 10 што чекаат да бидат прочитани) и наместо нов наслов начекувам книга од Меша Селимовиќ или Борхес и тое е тоа...
продолжете си, отидовме офтопик :)
Јас имам цел плакар непрочитани. :( Ама колку профит прави Бегемот (која го преведува Борхес) и колку Матица? Колку се читаат тие книги, тоа е вистинското прашање? Дали има пазар за нив? Јас читам стручна литература плус трилери, на пример. Нема врска, зборувам за тоа како ги перцепирам издавачките куќи, но и логиката зад она што го издаваат. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom