КАЈГАНА ТОП 250 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
161. Spotlight (Tom McCarthy, 2015)

161.jpg
Јас само што го изгледав Spotlight, најсериозниот кандидат за Оскар годинава. Сѐ си е на место во филмов, ама буквално сѐ што можев да замислам, ама приказната некако не допре до мене. Нема некаква инспиративност како многу други слични за луѓе/тимови кои го измениле светот или измениле нешто во светот. ОК, да, респект за тимот на Spotlight за подвигот кој го направиле, убаво е прикажано сето тоа, секој нивни потег, но некако ни подвигот, ни актерите, ни филмот не пренесоа никаква емоција кај мене. Овој е еден од оние технички и од секој друг аспект совршени филмови кои имаат сѐ, само немаат душа. За сега, барем четити од веројатно номинираните за Оскар за мене беа подобри од овој. Сѐ уште The Revenant ми е број еден. Еве ја и листата, update-увана: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/my-2015-ranked/
I'm slipping. Vtor screener, posle Creed.

Spotlight.

Uf.

Aх Злате. Конечно го заменив Ио.

Понекогаш мислам дека воопшто не пишувате од лично искуство, како патерн рецензии да имате за добри/лоши филмови. Kaко може да имам тотално обратно мислење од се што си напишал - стварно е за проучување. Да почнам од тоа за кое заслужуваш да си нафрлиме по некоја навреда ако почнеме: како не ти пренесоа емоција? Нема да го бранам ставот. Дури донекаде е реторичко прашањето... Невозможно значи.

Друго, филмот има but душа. Никакви технички аспекти не беа презастапени па да го прават истиот убав, убаво прикажано... камерата побогу се тресеше како од аматер, неубави кадри, ништо воочливо, акцентирано... филмот беше ептен raw онака, чиста приказна преточена за впивање во еден здив. Обично кога филмовите надминуваат 2 часа губам концентрација и можеби е ултра клише ама тука гледав и гледав и гледав. Fucking immersive. Не знаев дека е најсериозен кандидат, али би бил среќен ако зема. Неверојатно прекрасна драма. Марк Рафало за споредна обавезно! Одличен тим на актери. Одлична приказна. Одлично прикажано.

Јас никогаш не сум чувствувал вака гадно чувство, ваков гнев а да бидам задоволен и благодарен за тоа.

5/5 без трепнување.

Само уште едно не ми е јасно, пред транзицијата да биде целосна и да почнам да те третирам Иовски...

КАКО, онака како побогу Martian второ место, овој тринаесетто?

Дури Ио го заебава Martian. :)
Очигледно си под импресии уште , сигурен сум дека не е 5/5 по твои стандарди, Spotlight е супер филм ама според мене барем нема rewatch value како некои други годинава.

За недела/две му спушташ 1-1ипол оцена минимун.:smirce:
Tocno. Ne bi go gledal pak. Vizuelno ne nudi nisto, a za cuvstvo nema sansi isto da iznudi.
Ali koga nesto vaka ke me zadovoli, a precesto ocenuvam bazirano vrz cuvstva, ne gledam zaso ne bi mu dal 5/5.
Da, ne e One Fle Over the Cuckoos Nest 5/5, ama na godisen span, kako za 2015 - tolku..

Uostalom vaka kriticki ako sme nastroeni celo vreme, ke staneme @Anon, edna 10ka od 200 filma. :D
Се чувствувам ко писател што не знае како да започне со првата реченица од нов роман. Сто пати ја избришав. Вака сега: јас shaky camera најмногу мразам во филм, доколку е без поента, т.е. ако ми смета додека гледам. Тука не ја ни забележав, што значи - може да пројде. Од технички аспект мислев на убавата музика на Хауард Шор, убавото сценарио, монтажа, звук... После - немаше годинава друг филм чиј актерски тим беше толку добар и комплетен како тука. Да, Руфало (со Сталоне за Creed) најмногу заслужува да земе награда за актер за споредна улога. Башка и го обожувам актерот, еден од најомилените ми е. Значи реков - буквално и да немам замерка за филмов. Ама не ме допре. Буквално. Значи ни се грижев за некого, ни навивав за нешто да се случи, ни заплакав, ни се насмеав, ни морници ме полазија, ни пеперутки во стомак ми се разбудија, нити пак главава ми експлодира... Ништо. Едноставно не беше доволно инспиративен за да побуди било каква емоција кај мене. Што знам, може само до периодот кога сум го гледал е. Може уште сум под импресии од ремек делото на Кишловски од утрово. Од мене само седмица (што на мојата скала не е воопшто лоша оценка). А филмовите во листата се подредени според оценката која сум им ја дал. ;)

А за Martian, не знам, мене ми се допадна. Некако неумесна ми делува споредбата со Interstellar, зашто се две различни категории, затоа нема да го споредувам. Ио мислам дека го хејта Дејмон повеќе, отколку Martian, ама нема везе. Инаку јас си имам свој став, не го следам Ио или тебе, никогаш и не сум ве. За Martian кај мене признавам дека имаше влијание и тоа што силно посакував вистински кам-бек на Скот, па малку го засили впечатокот фактот што конечно барем тој се врати назад. Друг пат ќе дискутираме за него, ОК?[DOUBLEPOST=1452553864][/DOUBLEPOST]
Ете, гледаш, до тебе е! :pos:[DOUBLEPOST=1452553985][/DOUBLEPOST]
Аха, те фатив! Па тоа го зборувам бе вот-е. Кај прочита нешто друго?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
160. Psycho (Alfred Hitchcock, 1960)

160.jpg
Аaah, класика. Иако веќе видено во понови oстварувања слично искористена идеата во најразлични варијанти, сепак задоволително. Хичкок, секоја чест за креирањето на тензија која ќе те држи до самиот крај. Факин мастерпис. Приказната започнува со девојка која краде 40.000 и се обидува да побегне, узпат мора да преспие во ефтин мотел каде приказната почнува да се одвиткува. Не верувам вистинските филмофили/филмомани го имаат пропуштено, сепак кој го нема гледано, препорачувам, 10/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
159. The Thing (John Carpenter, 1982)

159.jpg
Можевме и во хорор, но може и тука. Група научници на Антарктикот се соочуваат со „Нешто“ кое го презема нивниот лик и ги убива. Мало ремек дело за тоа време на John Carpenter. Kurt Russel во главната улога.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
158. A.I. Artificial Intelligence (Steven Spielberg, 2001)

158.jpg
* Години наназад,Стенли Кјубрик имал филмски проект во развој-за робот којшто сакал да стане момче.Од кога починал,Стивен Спилберг го превзема проектот и го прави A.I. Artificial Intelligence
A.I. Artificial Intelligence е лекција како се прави филм со вештачка интелигенција.
Дејвид е има 11 години. Тежок е 40 кг. Висок е 130 цм. Има кафена коса. Неговата љубов е вистинска. Но тој не е.

Софистицирано дете-робот тежнее да стане “вистинско“ дете за да ја придобие љубовта на неговата човечка мајка.

Филмов е закон, посебно крајот. Режисер,the one and only-Steven Spielberg.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
157. 12 Angry Men (Sidney Lumet, 1957)

157.jpg
Како се трефнало со Zeegerman сме гледале два култни филмови од ист режисер...:)
Морам да признам филмов ме воодушеви. А ќе си речеш што има интересно во филм во кој цела приказна се состои од 12 поротници затворени во една просторија? Во тоа е шмекот на старите филмови. Глумата и самите агли на снимање се сосем поинакви. Уживав 1 и 30 минути во оваа драма.

Накратко за приказната. 12 поротници треба да одлучат дали е виновно едно 18 годишно момче за убиството на својот татко. Ако го прогласат за виновен ќе оди на електрична столица. Во просторијата 11 луѓе влегуваат убедени дека момчето е виновно, а само еден поротник се сомнева во тоа. На незадоволство на другите одлуката ќе се пролонгира, а единствениот кој уште на почеток се сомнева во вината на момчето ќе почне да образложува зошто стои на тоа мислење. Прашањето е, какви аргументи се потребни и дали се воопшто доволни за да се разубедат цврсто убедените поротници?
Одлична изведба.
9.5 само зашто не постои ништо совршено..:)
„12 ГНЕВНИ ЛУЃЕ“ е филмска класика која сѐ уште воодушевува со својата свежина и е предмет на постојани освежувања во вид на „римејк“ верзии. Одбраната и обвинителството си ја завршуваат својата работа, а на сцена стапува поротата која треба да реши дали младиот човек е виновен или не за убиството на сопствениот татко. Проблемот изгледа едноставен, но сепак поротникот бр. 8 ќе побара заеднички да ги разгледаат фактите и сведочењата. Понатамошната дискусија ќе ги изнесе на виделина предрасудите, очекувањата и личните драми на секој од поротниците, како и нивното субјективно гледиште на убиството. Нивната одлука ќе значи живот или смрт за обвинетиот.

Феноменален филм. Не само што ви го препорачувам, туку и ве убедувам обавезно да го погледнете. :P
Доказ дека за добар филм не е потребно незнам ти какво напнато сценарио, ниту пак незнам каква костимографија, а уште помалку специјални ефекти. Лично за мене едно ремек дело од 1957. Се работи за порота од 12 мажи на кои е оставена судбината на едно дете кое е обвинето за убиство на неговиот татко. Филмот разработува психолошки 12 карактери. Беспрекорна глума и добар дијалог.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
156. Fury (David Ayer, 2014)

156.jpg
Воена драма од Втора светска. Бред Пит изгледа се пали да глуми у овакви филмови. 1945 е, сојузничките војски веќе се на територијата на Германија и чистат град по град. Пит е наредник на шерман тенк наречен Furry, у некаква си америчка девизија.
Како и во Inglorious bastards, и тука Бред мрази наци-војници, особено на срце му лежат сс-официрите.
На една клучка по борба со германски Тигар, газат на противтенковска мина и остануваат неподвижни, додека во меѓувреме ѝм се приближува пешадија од сс-војници. Наместо да го напуштат тенкот и да се спасат, решаваат да останат и да го бранат до смрт.

Филмот е бааѓи подобар од тоа што може да се стекне како впечаток од напишаното. Најдобар филм што сум го гледал со тематика: тенковски битки. Добра акција, добри ефекти, глума на ниво и одлична постпродукција.
Од мене има 9.5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
155. Oldboy (Chan-wook Park, 2003)

155.jpg
Има недела дена откако го гледав филмов, а си ветив себе си дека ќе чкртам рецензии одвреме навреме, ќе бидам попедантен него порано.
Ете, и покрај потребното време за да ти легне кој било филм (отприлика неколку дена) и да си ги собереш емоциите па да напишеш конечен впечаток - јас стварно не знам дали филмот ми се свиѓаше или не. Можам да речам дека и ми се свиѓаше и не ми се свиѓаше.
Имав големи очекувања (а ништо немав прочитано околу филмот) и отприлика не ми ги исполни до скроз очекувањата кои ми беа најавувани - како филм кој е еден од најдобрите трилери воопшто.
Мислам дека Олдбој не е филм посветен баш на тој жанр, трилерот, туку содржи повеќе елементи, од кои некои не ми се свиѓаа.

Како прво, филмот изобилува со одреден број насилни сцени кои според мене немаше никаква потреба да бидат толку сликовито потенцирани. Слаб сум на желудник, особено кога вака ненајавено ќе ми се случат сцени кои не ги очекував во филмот. Мада и јас сум глупав, се знае дека азијците се малку психа раса, и најголем фетиш им се 30 годишни азијки кои личат на мали момичиња и истите уринираат на јавни места.

Убаво е тоа што целиот филм е како една симфонија, цело време слушаме класична музика (мислам Вивалди нешто) и сето тоа добро споено, маестрално дури, мелем за уши. На страна насилните сцени, се друго уживав додека гледав. Прекрасен склоп на музика, емоции и слика. А сликата е најдоброто нешто во Олдбој, покрај саундтракот.

Тука еден спојлер за тоа што не ми се свиѓаше, а морам да го спомнам
Не ми се свиѓаше пресвртот во филмот, а па некое време пред да се случи го предвидов (знам, знам, јак сум... :D). Не ми се свиѓаше затоа што поентата која негативецот ја искажа, немаше никаква смисла. Како може еден човек да потроши 15 години во искажување на една поента и да го направи Олдбој негативец, затоа што, и тоа беше најглупата работа во филмот - Олдбој заборавил на гласините кои ги пуштил. Како може да заборавил нешто по кое се покренала голема фама. А и кој би заборавил таков момент од животот? Да биде сведок на такво дело? Сето тоа ми немаше смисла. Значи Олдбој едвај се сети на сите работи од студентскиот живот. :D
Негативецот, исто така. Не можеле да најдат некој друг што би бил отприлика на годините на Олдбој за да препознаеме дека се генерација, некоја 78ма со 79та или како беше. Додека Олдбој остаре за сто години, овој негативецов не остаре ни еден ден!

Сепак, многу ми се свиѓаше крајот! Олдбој има преубав крај, преубава завршна сцена и многу симболика во неа! Те тера да се згрозиш од човекот, од луѓето воопшто. Да се чувствуваш гневен и гнасен, затоа што знаеш дека тоа што го искуси Олдбој-от, може да биде приказна од било кое општество во светот. Трансформацијата на една невина душа и сите работи кои го направија виновен, тоа е таа симболика која ми се допадна и по која нема да го заборавам филмот.
Ваквите филмови се паметат.
Но сепак, покрај тие неколку маани што можеби изгледаат насила од моја страна, а немав таква намера, филмот не ми е од оние филмови кои ќе ги вметнам најгоре во мојата листа на култ.
Се мислев дали тука или во предлози, ама сеедно, кој ќе го заинтересира ќе го гледа.

Позитивна работа у тоа што Холивуд се повеќе ме разочарува со новите филмови е што почнав повеќе да се интересирам за филмската индустрија надвор од САД, во случајов станува збор за корејски филм :)

Приказна за тип што го киднапираат и го држат затворен 15 години. Ќе излезе со една цел, да се одмазди на тој што му го направил тоа, но наместо одмазда, ќе почне да ја бара причината за неговото киднапирање. Мистерија, драма, језиви сцени, интересна приказна, одлична глума, одлично снимен филм.

П.С. за филмов дознав дека е втор филм од трилогија (The Venegance Trilogy) од коа го изгледав, иако мислам дека нема поврзаност на деловите, сепак можеби некој сака да ги изглеа и другите два филма (знам дека јас ќе го направам тоа) :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
154. Primal Fear (Gregory Hoblit, 1996)

154.jpg
Од каде да почнам? Од Ричард Гир или од Едвард Нортон? Хммм, ајде од поглавната улога.
Ричард Гир мене и воопшто не ме фасцинира со некоја посебна улога што ја има во филмов, оној што е маестрален во филмов е Нортон. Негов прв дебитантски филм и ете ја новата ѕвезда на психо трилерот.
Primal Fear е филм кој со еднаква напнатост ќе започне и ќе ве одржи цел филм, воедно и со појака еуфорија ќе заврши.

Трилер баш од оние кои ги сакам, слагалицата за момент си мислиш дека е пополнета и доаѓа нешто ново и повозбудливо.
Ве молам, препорака од мене - не го гледајте коверот на филмот, не читајте ништо околу филмот, само спуштете си го на вашиот PC и гледајте го со некој пријател. Ќе ве воодушеви
9/10
Oва е филм за сите „филмаџии“ кои наместо да се опуштат и уживаат во мистериозните-драма-трилери, тие се потат до самиот крај обидувајќи се да го пробијат филмот. Па, овој е само за вас, супер ќе се осеќате, иако е малце заплеткан, шаблонскиот тек не е изоставен. Доста проѕирно.

Приказната е за тинејџер (ЕDWARD NORTON!!!) кој е обвинет за убиство на свештеник со повисок статус во општеството, и каде big-shot адвокатот (Richard Gere) ќе го зема случајот како про-боно. Понатаму не продолжувам, за да не
спојлерирам
но топло препорачувам. Солидна глума, просечна приказна. Кој не би. 8ка ради Нортон. Иако после Fight Club, секој филм со multiple personality dissorder ми е смешен и предвидлив, па дури и од него.

4@0
Навистина не ми е јасно како ми избегал филмов досега да не го гледам а секогаш ми бил на дофат, а и неколку пати емитуван на тв и тоа од нашиве националниве. Обично не пишувам рецензии оти сум мрза за тоа, еве ја првата која ќе е кратка но доволна.
Филмов повеќето го немаат гледано,а кој не го гледал нека го гледа. Приказна која до самиот крај не знаеш како ќе заврши и кога си сигурен во својот заклучок тука те чека пресвртот да ве тресне на земја. Гир е одличен но Нортон е феноменален, секоја му чест.
Плус филмот има одличен саундтрак.
Оценка од мене 10. Пресуден беше крајот кој е различен од мнозинство филмови, а и паѓам на добар саундтрак.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
153. The Machinist (Brad Anderson, 2004)

153.jpg
^ да се надополнам со Кристијан Бејл.

Препоракава ми е од Џимеј пред гарант година време, уз пакет со Hard Candy, Memento и остали психо трилерчиња што вредат. Овој не го изгледав тогаш. Нема да пишувам за приказната да не откријам некое спојлерче ама филмот е лудило. Цело време се осеќа некоја тензија, нешто мистериозно but you just cant put a finger on it, прикажано на доста бавен и смирувачки начин. Морбидно, би било зборчето што би го искористил за атмосферата. Приказна 10. Глума 10. Филмов 10. Обожавам такви.

Едит: Еве нешто од imdb, за тие што не го погледнале (не верувам да има такви) да ги заинтересира.

"The Machinist" is a film about a man who hasn't slept in a year, and he starts thinking that he's losing his mind, when he starts seeing hallucinations, and his perception of reality becomes twisted. He's haunted by a co-worker that no one else can see, and keeps finding post-it notes with secret messages on his fridge..
The machinist (2004)
Како и претходните филмови што ги гледав (Barton Fink, The Tenant), големината на овој филм се сфаќа на крајот. И тогаш сфаќате дека пак сакате да го изгледате филмот, и дека второто гледање ќе биде боље. Тоа е за мене добар филм, што би го задржала на компјутер за да го глеам пак. Интересно е како Christian Bale ослабел 63 pounds, ниеден друг актер не ослабел толку за некоја улога.
Спојлери.
Главниот мотив е вината, главен предизвикувач на се` што се случува. Во извесна мера потсеќа на Fight club. На 2 пати ја покажаа The idiot од Достоевски, ваљда овој лик се поистоветува со тој. На едно место пишува Crime and punisment, па лесно може да се напраи споредба меѓу овој лик и Раскољников.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
152. The Holy Mountain (Alejandro Jodorowsky, 1973)

152.jpg
Епа тоа е... крајно селективна публика. Јодоровски не се обидува да биде прифатен од сите, тој вели дека филмовите прво ги прави за себе, заради тоа што го возбудуваат. Случајно е станат популарен преку Ел Топо, па еве ако има 75-80 години човекот има само 5-6 филма зад себе... Ама сите му се до срж, незаборавни (по добро или по лошо). Во The holy mountain алхемичарот го прашува крадецот дали сака злато, и овој треба да се исере во еден овал така, па после од гомното прават злато. Крајот на филмот ти вели уствари еве се камерите, се е илузија, се досега што го кажав во филмот веќе не важи. Нема ништо понатака.
Мене тоа ми се допаѓа најмногу. Не мора да биде објективен, не мора да биде вистинит. Денес читав интервју од режисерот на Ида, Павел Павликовски, тој кажува дека филмот за него е една субјективна вистина, една приказна која што го инспирирала што не значи дека е вистинита...
Бергман на субјективен начин си ја претставува смртта...
Ej, go hejtas be? :D Najgolemoto bogohulie i natripanost so mnogu boi. Dvosmislenost i kuropeckanje, plus breaking the fourth wall.

Whats not to like? :ojeaa:


Pa sledi masakrot! :ojeaa:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
151. Three Colors: Blue / Trois couleurs: Bleu (Krzysztof Kieslowski, 1993)

151.jpg
Одличен е. Иако има, како што велиш, објасувања за многу апстрактни категории, Blue е за слободата, всушност. Трилогијата е замислена така што секој дел одговора на една од боите на француската револуција, сина - бела - црвена, а со тоа и на еден од елементите на мотото на револуционерите - „Слобода, Еднаквост, Братство“. Но Кишловски не би бил Кишловски ако темите не ги поставил така што нема да биде директно воочливо тоа. На пример, за „Слобода“ би можел како тема да земе бегство од затвор, a la „The Shawshank Redemption“ style, но тој се одлучил за мајка која од петни жили се обидува да се ОСЛОБОДИ од болните сеќавања по огромната загуба во животот, но неуспешно. Исто е и во другите два филма од трилогијата. За мене, сепак Blue е најдобриот од сите! За колку само моменти, кадри, елементи, симболи и метафори во филмов може да се дискутира... Кишловски е маестрален!
Е стварно Кисловски е мајстор, не мислев дека ќе налетам на нешто подобро од неговите Double life of Veronique или Decalogue...
Blue нема плот, по содржаен распоред еден од најсиромашните, визуелно, наративно, еден од најдобрите.

Кисловски низ неговиот светоглед преку главниот лик објаснува животни апстрактни категории како љубов, слобода, депресија, јад итн, и на сите им става по еден прашалник.
That's about it.

Пре-предобра разработка на главниот лик. Жулиет Бинош маестрална... најверојатно Ирене Јакоб има доста учено од неа, неверојатни сличности имаат една со друга. И двете врвни глумици.

9/10
Од Кишловски гледан само Плавиот, прекрасен филм
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
150. Letters From Iwo Jima (Clint Eastwood, 2006)

150.jpg
.После Flags of our fathers, го гледав Letters from Iwo Jima. На имдб имат оцена 8.1, ама и тој потценет филм. Зш го велам ова за двата? Затоа што заслужвет чиста 10ка.
Писма од Иво Џима е филм кој излезе неколку месеци после Flags of our fathers. Писма од Иво Џима е филм исто режиран од Клинт Иствуд. Во овај филм се работи за истата битка на Иво Џима, ама овој филм е од страна на јапонците. Во филмов нема амерички говорења, само јапонски. На дивидито имаше вграден англиски субтајтл. Овој филм ми се бендиса појќе него првиот дел. Ама мора по хронолошки редослед, овој втор да го гледате.
Ќе видите дека во една војна немат добри и лоши, туку и двете страни се соочени со тоа дека крајот е тука. Многу потресна воена драма, му ги препорачувам секому овие два филма во пакет.
Едноставно ко ќе гледаш ваков филм ја осеќаш неговата магија, зборувам поточно и за двата филма. Ги гледав пред една и нешо недела, првиот филм по втор пат, вториов прв пат, и верувајте, уште сум под импресии.
Бел бумбар и предлог од мене да гледате добра воена сага.
10/10 (двата)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
149. Kingdom of Heaven (Ridley Scott, 2005)

149.jpg
Одличен историски филм. Приказна за тогашниот свет, животот во средовековието, моралот, политиката на црквата и големите луѓе (витезите).
Започнува со еден витез како пристигнува дома да си го види сопствениот син. Го убедува да заминат во Светата земја, место каде грешникот станува светец, селанецот - трговец, витезот - крал
Морам да признам овој филм се издвојува од неговиот „брат“ по режисер (Гладиатор) со тоа што тука помалку се застапено еден човек-херој. Многумина се тука херои.
Во еден дел од филмот еден од хероите добро ја кажува причината за војните (било од едната или од другата страна)
. И за крај би го препорачал за оние кои ги сакаат историските филмови кои ја покажуваат реалната слика. Топ 3 најдобар историски филм кај мене.
Само што го изгледав филмот. Одамна немам погледнато некој историски филм и овој ми се погоди баш како што сакав да погледнам некој.

На кратко во филмот приказната е поставена за време на крстоносните војни од 12 век. Ковачот Балиан (Orlando Bloom) од француско село заминува во Ерусалим. Пред работ нз смрта на неговиот татко тој му ветува дека ќе стане вистински витез и дек верно ќе служи на кралот и секогаш ќе помага на беспомошните. По смрта на кралот власта паѓа во погрешни раце и судирот помеѓу муслиманите и христијаните се заострува. Новиот крал ја губи својата војска, а Балиан иако има возможност да се отргне од Ерусалим тој останува да го штити знаејќи дека е невозможно да победи.

Вреди да се погледне моја оцена 9/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
148. Into the Wild (Sean Penn, 2007)

148.jpg
Го имав гледано филмов пред подолго време. Тогаш немав некои позитивни импресии за филмот, но саундтракот го слушав многу често. Мислам дека тогаш не ми се допаѓаше толку зашто имаше многу време потрошено на снимање природа and stuff. Не знам зошто тоа ми било проблем, а и требало да го очекувам тоа за survival филм. Shame on you, kiddy Pluh. Не ми се верува да е до расположение. Од секогаш сум сакал филмови со нарација, хејтерски, со преживување...
a quote^, as is tradition

Многу работи ми се допаѓаат во филмов. Нарацијата, саундтракот, измешаниот редослед на настаните, снимањето на природата (hah), хејтањето на општеството, драмата, хуморот (FYI, Зак Галафарахсдахд ги импровизирал сите негови делови зашто немало ништо за него во сценариото). Интересно што е според книга и е based on a true story. Два и пол саати трае филмов и ни малку не ми се здосади. Цело време ми беше задржано вниманието.
Главниов лик хејтер "woaah im so better then u i dont need cars and shit my parents suck society sux man!!". Добро, знам дека не пишуваат така, посебно не паметни хипстери како овој што читаат толку многу книги од тие автори. Добра посветеност на Емили за ликов. Физичката трансформација, немал stunt doubles... Одлични споредни ликови, претставени повеќето карактери надвор од клише општеството.

Пораката што ја праќа филмов, се разбира, е во главно хејтерска (SOCIETY SUX MAN) со спровнати мини-пораки за родители, школување, љубов...

Види бе колку сум добар, не ни сум сигурен дали е спојлер и пак го ставам у спојлер таг! Ќе ме расипе филмов, пичка ќе станам... :D

Не знам дали ми се допаѓа или не што на крајот направија "happiness only real when shared". Знам дека тоа е реалноста, знам дека е невозможно за обичен смртник да го направи тоа што го направил Крис irl или во филмов, ама бар да останел HC хејтерски до крај филмов бе! Баеѓи тажен крај инаку. КРИС УМИРА (eте, да не биде за џабе спојлер тагов)

Поради хејтањето во филмов на општеството и неговите искривени стандарди, влегувањето во топ4 омилени филмови (покрај fc, revolver, man from earth ofc) ќе отиде Society како мојот трети h8 у потпис. Ае аирлија нека е па праќајте предлози за хејтерски филмови ако имате :D

btw не знам како ми одат рецензииве, am i doing it right?
Ова е прекрасен филм. Едноставно мора да го гледате. Се базира на вистинска приказна во која еден студент по име Крис решава да ја остави цивилизацијата зад себе, ја дава целата заштеда во добротворни цели и решава да го запознае светот на поинаков начин. Неговиот сон е Аљаска. Тој прави се што е можно за да ги избрише трагите на своето постоење, создавајќи псевдоним за себе ( за време на патешествието започнува да се нарекува Александар) и тргнува на пат до својот сон. Крис ужива во својот пат и запознавањето со луѓето попат, редовно забележувајќи ги своите патешествија во дневник.

Прво, морам да го испофалам главниот актер Emile Hirsch. Актеров има една таква харизма па тоа е чудо. Просто ќе ве магнетизира за екран. Одлично ги доловува емоциите, а и прекрасно ја прикажува филозофијата застапена во филмот. Мене дефинитивно ме освои со изведбата. Она што е најважно, ме натера да се соживеам со него. Само, се изнамачив мислејќи од каде ми е познат, се мислам дека има играно како помлад во некоја од сериите кои ги давале на нашиве телевизии.

Филмот има посебна филозофска нишка, која Крис ја негува за време на целиот свој пат. Несомнено е дека тој самиот остава впечаток дека бега од нешто, но и дека оди во пресрет на авантурите кои ги нуди животот. Во суштина тој не го сака материјалниот свет и го анулира неговото дејствие врз него со самото свое преживување во филмот. Крис не ја сака човековата зависност од предмети кои се непотребни. Сосема храбро турка до својата цел иако речиси и да не наидува на разбирање кај останатиот свет за својата постапка, освен кај сестра си. Тој сака да ја спознае дивината и веројатно да се спознае сам себеси во неа.

Мислам дека филмов сериозно ќе ве замисли, а и е доволно привлечен за да ве натера да поверувате дека ви е потребно многу малку за да бидете среќни.

П.С: Браво за Шон Пен, се покажа како одличен режисер.
Холивуд уште еднаш...

Две страни се борат во мене околу овој филм, ѓоа Едвард Нортон во primal Fear, Рој или Арон, Арон или Рој, го менувам моето мислење секоја минута околу тоа, на кој начин да го гледам овој филм, зошто едното гледиште ќе помине, а другото не. Имав големи примедби во однос на приказната која не ме убеди, а бидејќи е биографска, побарав некои податоци и на мое големо разочарување, it's Hollywood again, Холивуд и неговите епски херојски приказни, и таму кај што ги има, а особено таму кај што ги нема.

Па така, ако се обидам да го тргнам на страна фактот дека ова е биографска приказна, филмот ќе помине. Кога не би бил биографски, би рекол дека филмот е над просекот. Почнувајќи од Emile Hirsch, кој одглуми добро, соодветно на улогата, па до убавите пејсажи од дивината, неколкуте добри споредни улоги и потргагата на еден човек по некаква сопствена слобода и мир... Ќе пројдеше сето тоа, иако ќе имав замерки на должината на филмот, а ќе имав и некои замерки кои секако ги имам без разлика на гледиштето, а ќе бидат спомнати во другиот дел од текстот. И се разбира, крајот, ваков каков што е, ќе ја задоволеше мојата потреба за избегнување на уште еден холивуски булшит крај и ќе бев среќен. Ќе му дадев нешто измеѓу 7 и 8 и ќе го препорачав на оние кои сакаат побавни филмови, драми и пореални авантури. И ако вие можете да го занемарите фактот дека се работи за биографска приказна, оваа рецензија можете да ја прекинете овде.

Проблемот е, мене не ми штимаше нешто, па побарав некои факти по интернет, но ќе се навратам на тоа подоцна, а прво ќе пишам за работите кои филмот ги погодил. Се разбира, знам дека секој биографски филм е неточен, приказните се надувани, спектаклите се поголеми спектакли... Тоа е нормално, ама за настани кои се случиле многу поодамна и за кои постои нецелосна документација итн... Ова што се случуваше во филмот е нешто друго: глорификација на лик за кој во најмала рака е дискутабилно дали го заслужува тоа, ете да не го отфрламе комплетно. Кого ние славиме во филмов и ако нашиов лик е херој, во што се состои неговиот хероизам?

Не го гледам делото, а причините се неиздржани. Тоа ми е онаа замерка која ја спомнав, без разлика дали е биографиски или е фикција. Крис имал проблеми со родителите додека растел. Многу се карале. Покрај тоа имал и еден „голем“ проблем, технички гледано, испаднало дека тој и сестра му се вонбрачни деца. Тоа е тоа во суштина. Покрај овие лоши работи, родителите на Крис му обезбедиле финансиски добар живот и образование. По дипломирањето, Крис ги дава заштедените пари во добротворни цели и тргнува да живее во дивината, читај: да биде храна за мечки и остали животињи.

Сега да се разбереме, има милиони деца што ги имале маките на Крис со родителите, а многу е мал бројот на тие деца кои ги имале придобивките на Крис. Причината за бунтовност е во ред, но ни отприлика блиску до ваков чекор, кој сам по себе е глупав, необмислен, и не решава ништо.

Да не зборувам дека во неговите скоро две години отсуство од дома, со кое решава на некој начин да ги казни родителите, не наоѓа за потреба ниту еднаш да ја побара својата сестра која го сака најмногу на светот. Бидејќи и јас имам сестра која ме сака најмногу на светов, знам колку е ова идиотски, и треба навистина да се наоѓаш во некаква чудна состојба на умот за цели две години да не испратиш порака.

Понатаму тешки спојлери:

И не само тоа: Крис не знае ништо за дивината, за да има било каква шанса да преживее, дури и дивината да е онака пристојна како во филмот. А според дијалозите и дневникот, не знае многу ни за општеството кое го мачи, како и повеќето од нас. Единствено што кажа беше во стилот: знаеш, долу лошо, лицемери, родители, политичари, горе добро... Тоа и онаа сцената кога со пријателот викаа: Општествооо, општествооо... многу длабока сцена...

Ваквиот наш јунак немаше проблем да им дели совети на многу повозрасни од него кои беа среќни што некој конечно ги просветлил. Умира во напуштен минибус, според филмот, од затруеност, по што нема сили да си најде храна или да продолжи понатаму. Според лекарските наоди, колку што прочитав, немало никакво труење, и докторот имаше дадено изјава дека ако ги имал при рака истите капини од кои јадел Крис, без проблем ќе ги изедел. Официјално, Крис починал од глад. Трагично, најблиското место било оддалечено околу 30 километри и ако во недостаток на храна на време тргнел, без поголеми проблеми ќе преживеел. По неговата смрт, околу 200 луѓе (од оние кои пријавиле) го посетиле местото, кампувале по 1-2 недели и сите без проблем го нашле патот за да си заминат.

Искрено, жал ми е за човекот. Да загинеш без никаква потреба во таков самоубиствен поход е навистина жално. Но филмот требало да се фокусира на состојбата во која навистина се наоѓал човекот кога се нафатил на тоа, а не да го величи како херојски акт и да му оддава почит.

Ете толку за ова. Сега ако ме извините, имам за гледање уште една биографска приказна за алпинист и уште на старт имам проблем: ги мразам будалите, его-манијаци кои мислат дека се нешто посебно затоа што се качиле повисоко од другите. Се надевам дека ќе ме изненади, не му давам никакви попусти.
Филмов е според вистинска приказна која ќе ве шокира. Се работи за едно младо момче кое откако ќе дипломира ќе одлучи да остави се што има и да го помине неговиот живот во дивината, на патот кон неговот остварувањето ќе му се случат многу нешта кои што ќе му го сменат начинот на размислување.
На имдб има 8.2 ја би му дал чиста 10ка без сомнение, едноставно филм кој мора да го погледнете, а откако ќе го погледнете ќе барате како јуткави клипови од автобусот на јутјуб... :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.104
Поени од реакции
37.567
147. Back to the Future Part II (Robert Zemeckis, 1989)

147.jpg
Го гледав по 168-пат, Back To The Future 2. WOW.......кој ѕвер од филм, колку е само интересен, cool, посебен! абе најбољи лик е Фокс, онака воодушевен ја гледаш секоја сцена, го обожаваш, навиваш за него! перфектен тинејџер. Цело време си викаш, how cool is that? :cool: доктор Браун? исто така легендарен лик....совршенство.

Колку добро склопен филм тоа е нешто неверојатно! Robert Zemeckis? :cuc:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom