Последен гледан филм со кратка рецензија

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Боби[Мкд];3815026 напиша:
Прегледај го приврзокот 35393

Филмов е страва, наречете ме како сакате ама многу ми се допадна, појма си немав за што се работи ниту рецензија имав прочитано и појма си немав што ќе се деси, приказната е тука со скоро многу други филмови поврзани со студената војна и со русија и америка но овој филм сепак има нешто посебно што те држи у неизвесност до крај.
Koj помисли дека Винтер работи за нив а? А?
Може има претерано многу бегства од невозможни ситуации но сепак тоа е филм и не жалим за потрошеното време. Му давам 10-ка. :)


За разлика од овој, експендаблс е булшит во вистинска смисла на зборот, старци напумпани со стероиди, бљак.
Анџелина Џоли во Salt е како Џејсон Борн со вагина. Ист филм, само далеку по напумпан со невозможни сцени...
Приказната е одлична, но некако не доработена до крај. Мене ми се допадна, иако очекував малку поинаков крај.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.503
Поени од реакции
33.652
After Life (2009)



Филмот започнува ветувачко. Си реков конечно некоја пооригинална идеа. Доста комплексна приказна каде и самиот режисер, сакајќи да ни даде погрешни хинтови, во спротивни насоки да не однесе, и сам се губи за на крај да се извади аматерски. Не сум некој голем фан на Liam Neeson, но верувајте тој ми беше каков-таков плус. Oнака морбидна смиреност, што доловува од ефектот кој филмот очајно сака да го долови. Christinna Ricci има премногу добри цицки за такво мало тело. Повеќето време е гола или полугола, но не доволно висока, секси за да му дадам повисока-површна оценка на филмот. Да не ве оставам без ич од приказната, и од страв од спојлери, еве што и од имдб ќе прочитате: A young woman caught between life and death... and a funeral director who appears to have the gift of transitioning the dead, but might just be intent on burying her alive. Бавен драма-трилер со хорор елементи. 5/10 од мене.

Останува на вас ако имате слободно време да го погледнете и процените. Но, не го ставајте многу високо како приоритет.
 

Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
Попладнето го гледав филмот Let The Right One In-хорор.
Интересна приказна за девојче вампир што убива, ама ќе се заљуби во едно момче што живее до нејзиниот стан, тие имаат по 12 години и секојпат тој кога ќе има проблеми таа му помага. Малку е мрачен и внимателно треба да се гледа за да се разбере убаво, малку е чуден :) ама интересен!
 
В

Вори

Гостин




:cuc:

Не знам само како досега не го гледав филмов,а читав и слушав многу пофалби за него.Иако да ви кажам искрено,крајот ми беше познат,сигурно го имав гледано пред многу време на некоја од теливизииве.

Енди Дуфрен(работник во банка) е неправедно осуден за наводно убиство на неговата жена и нејзиниот љубовник.Судот одлучува да го пикне в затвор доживотно.
Во затворот го запознава Ред(Морган Фримен)кој за некое време му станува многу добар пријател.
Филмов се испреплетува со разни случки,животот на затворениците во еден затвор каков што е Shawshank,идиотско настроени надзорници и кретен од управник.
Друго не кажувам,освен што ви препорачувам да го гледате филмов и тоа во што поскоро време.

Еден од најдобрите што сум ги гледал досега,и прво рангираниот(можеби и заслужено)на imdb!
Тим Робинс=крал!Одлична глума,точно ја доловува атмосферата таква каква што е.Му симнувам капа.

Оценка:10/10

И повеќе од заслужена.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Brokeback Mountain



Brokeback Mountain спојува двајца млади каубои,сезонски работници кои ги чуваат овците на планината повеќе месеци.Живеејќи заедно меѓу нив се разгоруваат страстите и започнуваат љубовна романса која трае до крајот на нивните животи.Филмот е ремек дело,must see само за слободоумните членови :)

8/10,само поради некои здодевни сцени
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
images.jpg

Piranha 3D (2010)

...како што пишува на постерот ''Sea, Sex and Blood'' само тоа ''Sex'' (шо лажат ?? :)) заменете го со ''Boobs'' / ''Titts''

+ Ричард Драјфус, Кристофер Лојд
+ доста грозни сцени,
+ цицки :vozbud: (in-your-face! :icon_mrgr)

- проста приказна и такви, неинтересни ликови
- клише - знаеш кој ќе умре, кој не

5 / 10
Можда е висока и оваа оцена, ама за тепање време е добар...Ојдов да го гледам оригиналот :salut:

666.jpg

30 days of night 2 : Dark Days (2010)

Првиот дел не беше одличен али беше ОК филм, имаше добра атмосфера, и се разликуваше од останативе вампирски филмови, плус се држеа до стрипот (кој е супер, барем првите броеви, после тоа го усраа...).

У вториов дел решиле да забегаат бајги од стрипот и да направат промени, се разбира, на полошо. Само почетокот и крајот ги задржале и тоа се единствените добри моменти у филмов.

- глупи дијалози,
- акција, акција, акција, без некоја содржина и логика, (ме потсeти на ''Resident Evil 4 Afterlife'' кое срање од филм)
- некои добри, интересни, заебани, ''die-hard'' ликови од стрипот се просто претставени, како неважни ликови, за сметка на некои нови, досадни

..требаше да се држат до стрипот како првиот дел, на кој би му дал најверојатно 7, а вториов дел од мене добива :

2.5 / 10

t.jpg

Monsters (2010)

Пошто сум у некоја ''СФ/Хорор фаза'' :), земав да го гледам филмов, пошто мислев дека е СФ и - се заебав...искочи романтика авантура. Поради нискиот буџет, чудовиштата од насловот не се ни гледаат убаво...Возбудливи моменти - нула. Чекаш цело време да се случи нешто, ама...ТАПА филмов. Како што спомна некој на ИМДБ, филмов е микс од ''Before Sunrise'' и ''Godzilla''.

4 / 10

uu.jpg

Inception (2010)

...или - Матрикс-от на Нолан со Џемс Бонд елементи.

Нема да го објаснувам, не бев бајги време на форумов, сигурно 1000 души го имаат рецензирано и спомнато, гледам има и своја посебна тема.
Само ќе кажам - преценет филм, барем мене така ми делува, се залетаа сите затоа што видоа поразличен филм од останативе просечни што искачаат, исто како што се залетаа по ефектине од Аватар.
Идејата е добра, ама реализацијата така-така, се заплеткува филмов у приказната после некое време, и тотално изгубив интерес како у ''Shutter Island'' пола саат пред крајот, кога ќе почне ептен споро да се одмотува.
Чак и ''The Following'' ми се свиѓа повеќе од ''Inception'' , не знам што оцена би му дал, најверојатно :

7 / 10
 
В

Вори

Гостин



Прилично добар филм.Во главните улоги се Џералд Батлер и Џејми Фокс.Глумата на Батлер беше одлична,а Џејми имал и боље улоги.

На Клајд(Батлер)двајца никаквеци му ги убиваат жената и девојчето.За таквиот чин,тие добиваат не многу големи затворски казни.
После 10 години,почнува осветата на Клајд.
Филмов можеби ќе добиеше поголема оценка,да не беше
глупиот крај...ја па навивав Батлер да им ебе матер на сите,па можда затоа и не ми се свиѓа.
.Како и да е,не залудно потрошени 100 минути...

Оценка:8/10
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Gone with the wind
gone-with-the-wind.jpg
Иако трае 4 саати толку е добро направено содржински што ти го држи вниманието. Нема ни премногу кулминации па да се изгуби смислата на филмот, нема една кулминација па после тоа да не е ни битно што се случува. Е овде е толку добро обмислена приказната Американска калсика во која се раскажува за романтиката меѓу Скарлет (која е феме фатал) и Ред кој е боем. Дејствието на филмот е за време на Граѓанска војна и некое време после тоа. Американците го сметаат за еден од најдобрите филмови секако при бидејќи ја возвишува Америка. Иако стварно добро е опишано тој историски период, мене ме занеме глумата и приказната.

Vertigo
vertigo.jpg
Детектив кој страда од акрофобија зема случај каде треба да следи жена под сомневање дека полудува и може да си наштети на себеси затоа што верува дека е опседната од духови. Филмот е на Хичкок и е култен филм, глумата е неверојатна, приказната исто така.
И двата филма се must see. Ја имаат онаа префинетост што ја даваат глумците, а што ја нема во новиве филмови.
10/10

Scent of a woman
Scent_of_a_woman.jpg

Средношколец привремено негува слеп човек додека неговото семејство е отсутно. Слепиов го носи малиов во Њу Јорк каде планира да помине со добра храна, вино, жени, коли... Не се согласувам со култната сцена од филмов, има доста подобри извадоци од тоа.
90% од дијалогот во филмов може да се подели на неверојатно добри цитати. Глумата на Пачино во филмов е ненадминлива.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Robin Hood

Ридли и Расел Кроу, не може да биде промашување, дефинитивно проверена комбинација :). Вчера го гледав Робин Худ, одличен впечаток, фантастични сцени, глумата над ниво, једино ми фалеше малку подобра музика во филмов, другото се беше океј. Приказна е на ниво, нема да раскажувам затоа што повеќето ја знаат, она што вреди во филмов беше сценографијата, тој дел мене најмногу ми се допадна.
Брзо ми поминаа саат и кусур, затоа што филмот имаше добар тек и добро поврзување на настаните, а увек кога гледам филм на Ридли Скот обично ми поминува брзо, пример Американ Гангстер x).
Го препорачувам на сите, посебно на фанатиците на овие историски драми. Еве го и најјакиот трејлер...
 

nameleess

N/a
Член од
9 јануари 2010
Мислења
299
Поени од реакции
25
the green mile

раскажување на еден стар човек кој бил чувар во затвор во одделот за смртни казни, за еден случај кој му го сменил жвотот животот... ја му давам 10/10 ако кажам нешто друго ќе го расипам филмот
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Најпосле стигнав да го гледам Аватар

Многу интересни визуелни ефекти и достигнувања на технологијата, вклопени во една типична холивудска приказна во која преку љубовта се прикажува победата на доброто врз злото. Незнам, можеби сум меѓу последните што сум го гледал, но ако има сеуште такви, вреди да се погледне како еден убав одмор од секојдневието.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Salt (незнам само зошто не slut да се вика :( )

Прво го глеав филмов ради тоа што го имав спуштено а и затоа што беше среда вечер и нејќев да се оптеретам со некое добро филмче кое заслужува да се гледа за време на викенд.
Филмов е класична холивудска акциона патка,руси против амери ,и уште со самото спомнување ви напрајв спојлер
затоа што кој секогаш тепа во вакви ситуации си знаете,иако слабо се надевав дека нема така да заврши...

Лоша глума,нема лајкбл ликови ,анорексична џоли против а лот оф цајкани ,циа,руски шпиуни да не продолжувам...Само неможам да сфатам како една Џоли која успеа да ме дирне (допре де на нашки) во changeling ми глуми буквално лудило во филм во кој се препотив додека го изгледав ...

и на крај да не бидам погрешно сфатен за момците и девојките кои сакаат акциони филмови како оние со Весли Снајпс и тнт слободно нека го гледаат...
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Jonah Hex

jonah-hex-poster.jpg


Се работи за човек на кога му ги убиваат жената и детето а тој останува жив и потоа бара одмазда. По блиска средба со смртта добил една необична моќ, да ги оживува мртвите на кратко...

Најидиотски филм што го имам гледано досега, по идиот од ова немам сретнато!

1/10 - Само затоа што Меган Фокс ја има во филмот, инаку -5/10 без неа.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Splice (2009) - IMDb

филмов имав намера да го спуштам али јебено го немаше на торентиве и благодарени на неколку кајганџии се потсетив,го спуштив и го гледав.
Сторијата -Двајца научници,малце поинаков експеримент,малце излегува надвор од контрола ,
секс со експериментот
и тако даље.
Малце поинаков филм али сепак полн со клишеа ...добар за тепање време и невреме :)

6.5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom