КАЈГАНА ТОП 250 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
221. Black Swan (Darren Aronofsky, 2010)

221.jpg
:cuc:

You are the man Darren, најдобриот "амерички" режисер кој ги сними најдобрите "неамерички филмови"

Black Swan - Близок начин на пристап и реализација со The Wrestler, само што флуидот помеѓу гледачот, реалната камера и надреалното е просто неверојатен, впрочем и самиот Аронофски ја признава сличноста помеѓу филмовите, опишувајќи ги борењето и балетот како "најниската и највисоката форма на уметноста". Е па драги мои баш тоа и го имаме овде, највисока форма на уметност која создава чувство и атмосфера на бизарност, беспомошност, конфузност, ежење, те носи низ темни ходници и ти го покажува стравот, преку тивките шепотења ја доловува паранојата, со еден збор те губи и ти ги ебе сите можни сетила ко да си на тешки спидови.
На многу суптилен и префинет начин е доловен стравот и болката на параноидната шизофренија, многумина се обидоа во таа мисија (Шатер Ајленд) користејќи мајндфак финти кои веќе застареа
, но за разлика од нив Дарен не го избра изненадувањето во приказната, тој воопшто не ни избра приказна, тој избра да создаде комплетно доживување кое интегрално ги прикажа халуцинациите и реалноста. Верувам дека ќе има доста луѓе кои ќе бидат незадоволни поради неконвенционалноста со која зрачи ова дело, но едно знам Натали Портман дефинитивно треба да земе оскар за најдобра женска улога оваа година, девојката просто се надмина себе си и ретко паметам да сум бил вака импресиониран од некоја женска актерка. Конкретно за филмот можам да кажам дека сцените со балетот се :drk: и нешто невидено до сега, визуелните и звучните ефекти се совршено вклопени иако не се толку јасно видливи и истакнати, односно се ненападни (барем во поголемиот дел). Кинематографијата од аспект на боите и сликата е мрачна и сосема прикладна за филмов, искомбинирана со музиката дава силен ефект на тензија (трибјут ту Полански). Па можам само да ви порачам гледајте го филмот.
А за Аронофски пак ќе се навратам и пак ќе го исфалам, според мене најгенијалниот жив режисер, ако не тоа, барем најдобриот од неговата генерација. Со овој филм тотално ме освои па ќе кажам дека може да се мери дури и со Фонтаната. Иако се објави дека ќе го режира X - men, јас со задоволство ќе го гледам и тоа и сигурен сум дека и таму ќе успее, затоа што се работи за режисер со муда кој го краси еклектичност и умее да го извади најдоброто од секој жанр. Уверен сум дека ќе зажалат многу што му го одземаа Бетмен и му го дадоа на Нолан, кој и не е ништо повеќе од просечен режисер.
Понекогаш се осеќам толку среќен, како на пример сабајлево кога го догледав филмов.
И веднаш се пуштив да напишам рецензија, која на жалост имаше несреќен завршеток и сега пак одново ја пишувам. :)

Black Swan на Darren Aronofsky доаѓа по само 12 години од неговиот првенец "Pi (1998)" и 10 години од извонредниот "Requiem for a Dream (2000)". Darren уште еднаш покажува дека може да се рамни со големите и квалитетни автори на сензационални дела кои по правило прикажуваат мајндфак ситуации.

Во психолошкиот трилер Black Swan, Натали Портман и Дарен Аронофски нудат извонредно добра и вознемирувачка приказна со сцени кои се доста квалитетно изведени во секој поглед.

Јас апсолутно многу го засакав филмов, пред се поради балетот, за кој Натали вложила многу додека научи да го игра толку добро. На почетокот на филмот ми се јави мала непријатност кон сцените кои покажуваат некои импресии на лицата од некои од споредните улоги, но полека се открива дел од приказната, и напнатоста станува се поголема.
Тешко дека би ја направил оваа рецензија без да го пофалам режисерот Дарен Аронофски, па и да спомнам дека е добра одлуката за соработка со Clint Mansell, авторот на музиката за сите филмови на Аронофски. Создадено е дело, најдоброто за 2010-та. :cuc::cuc::cuc:

Во претходните филмови на Аронофски се доста квалитетни, но за разликата на вкусови не се дискутира. За таа цел можам да кажам дека секако ќе се најде публика кај која и Black Swan нема да има некои импресии, посебно ако филмот се следи со едно око. Неговите филмови не се она што може да се каже дека мора да се очекува добар крај, или во текот на гледањето да се чувствувате пријатно, но кај сите тие филмови морате на моменти да се запрашате зошто е така. Реакцијата на гледачот е сосема очекувана во некои намерно оставени сцени во филмот, со додатни елементи или вметнување на нови статисти, со кратки вметнати сцени во кои можеме да забележиме дека се прави кратко навраќање кон друѓите дела на авторот, како сцената со трамваите тука и во Pi. Кој ги има гледано двата филма ќе знае што сакам да кажам. Такви сцени се намерно оставени и секогаш се добро изведени.

Филмовите на Аронофски не се секогаш добро примени од публиката (особено The Fountain (2006), кој беше критички и комерцијално изоставен), но ваквите филмови нормално дека ќе бидат почитувани од фановите.

Очекувам Black Swan да се закити со оскар во неколку категории. Аронофски е заслужен за номинација, Портман исто, како и целата екипа, посебно да ги споменам Мила Кунис, Винсент Кесел и Барбара Херши. Клинт Мансел, одговорниот за мизиката во филмот.

Ова е филм кој вреди да се гледа, гледајте го кога сте добро одморени, очекувајте дека нема да гледате забавна драма, но сепак прекрасно дело.
10/10.
Не сум свесна уште што гледав сега. Ова е најдоброто нешто што воопшто го имам гледано. Мајндфак мастерпис. Совршена приказна, одлична актерска екипа, перфектен саундтрак.
Аронофски:cuc: Секоја чест и за Натали, заслужува пофалба за посветеноста и трудот кој го вложила за подготовката за оваа улога.
Нина е балерина која живее во некој си свој розев свет креиран од мајка и, третирана како девојче од 10тина годинки. Ја добива главната улога во Лебедово езеро, да ја портретира девојката претворена во Белиот лебед, но истовремено и злата девојка Црниот лебед. Постојано е под притисок совршено да го претстави Црниот лебед, кој е вистинска спротивност на она што таа е вистински. Во студиото кога доаѓа Лили, идеалниот Црн лебед, Нина почнува да попушта, гледајќи ја Лили како конкуренија...
На крај Нина го достигна совршенството и за неа приказната имаше среќен крај, го достигна долгопосакуваното.
100че/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
220. The Wolf of Wall Street (Martin Scorsese, 2013)

220.jpg
Само што го гледав. Врвот на Ди Каприо во својата кариера. Самиот наслов си кажува се, џабе ќе се напрегам да пишувам рецензија. 3 саати поминуваат во еден здив. Црна, многу јака комедија на Скорсезе.

После филмов, многу луѓе животна желба ќе им биде да станат брокери.
10/10.
Ова ми е последниот гледан филм од номинираните за Оскар, иако меѓувремено гледав неколку безвезни за кои не вреди да пишувам...:)
Ги немам гледано сите номинирани, али после ова можам да кажам дека овој е дефинитивно мојот фаворит за Оскар за најдобар филм за 2013, најдобра главна машка улога и евентуално најдобра режија...(според мене..)
И после Shutter Island го мислев истото што и сега- Ди Каприо :love: и Мартин Скорсезе се неверојатна комбинација! Иако малку бев зачудена кога видов дека филмот трае 180 мин, ама после 30-тата мин. ми стана јасно дека нема да трепнам до крај, освен што морав еднаш до кујна да отидам по вода...:)
Ова е за мене филм што не те замара психички и не мора до бескрај да мозгаш за да разглабаш некои психотични и двосмислени сцени, едноставно филм што не те полни со негативна енергија, а истовремено крајно интересен и оригинален во секоја ама буквално во секоја од тие 180 мин...Ако кажам дека ова е филм за згодниот милионер Џордан, соопственик на огромна брокерска фирма, филм за животот исполнет со кеш, дрога, забави, жени - ништо не сум кажала - дефинитивно мора да се види...
Човекот со огромно срце, колку и да направи срања во животот, колку и да пропадне во кал, останува со огромно срце и за него секогаш ќе се најде излез...:)
Препорачувам на сите што обожаваат филмови, поготово на тие што со нетрпение ги очекувате Оскарите...:)
Според досегашните импресии филмот или го мразиш или е убиствена комбинација на Скорсезе и ДиКаприо.
За жал припаѓам на првата група, одамна немам гледан толку плиток филм со купишта импровизации.
Ко што пишаа другите пред мене 3 саати дрога, пари и секојдневни групњаци со фото модели, го изгледав целиот филм само од почит кон Скорсезе.
Ама подобро и не може да се очекува кога филмот е правен според книгата на типацот, кој според мене бил и доста скромен, слободно можел да напише и дека нафуран сексал марсовки на Венера, ќе го имало и тоа во филмот.

Еден од коментарите на Имдб со кој целосно се слагам:

Phone Rings

"Yea, Marty here"

"Marty that you its Leo"

"Hi Leo hows it going in acting Land these days?"

"Fab Marty, never better, You know how you wanted to make a movie stuffed full of naked women? You know with naked flesh, simulated sex, close ups and all manner of video nasties?"

"Leo, Leo, Leo you been drink-in or sum-ting?, you know those a/h at the censorship house would never let us get away with that, we have yanked this so many times we have given up?"

"Marty baby, steady listen, and you know how you always want to burst the F count in a film?" well think no more, I have the script, I have the finance and I have actors dumb enough to make this film.

"Leo, you know I love you as I would my own bambino, but this is crazy land, get some sleep, I'll call you in the Morning, and talk about that great western we are making"

Thus started the pre-amble for what would become the story of how Marty and Leo hoodwinked the people in making The Wolfe of Wall Street.

3-hours of gratuitous sex. lust, cocaine, champagne and excesses so large that, mere mortals such as us will be forever conned into believing that this is just what the Movie Industry was designed for, Industry self-gratification and a return on the Dollar.

Do yourself a favour with this Wall-St and Sex, Drugs and Rock & Roll rip off, if you need to see Sex in a film, order a XXX from any porno outlet, it will be milder. If you want to see people ripping of the Economy take a trip to wall-street.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
219. Saw (James Wan, 2004)

219.jpg
Супер са сите делови :smir:, особено ми се свиѓа првиот дел бидејќи другите знаеш што ќе се деси а во првиот си во исчекување :vozbud:, не сум го гледал само последниот 5-дел се надевам нема да ме изневери :pipi:
Едноставно болен филм :vozbud: еден мегу најдобрите хорори ...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
218. Grave of the Fireflies / Hotaru no haka (Isao Takahata, 1988)

218.jpg
филм на кој не можев да се воздржам да не пуштам солзи иако не го гледав сама, и се изненадив од себеси, Grave of the Fireflies. Цртанче што ќе ги разнежи и најтврдокорните.
Почнав да пишувам рецензија за филмов ама избришав. Како што пишував ме фати депресија на самата помисла на случувањата во цртанот. На кратко се работи за бомбардирањата врз Јапонија во втора светска војна и за двајца сираци. Се извинувам што не сум поопширен. Предупредување доколку некој е решен да го гледа, да се тргнат сите жилети, огнени оружја, апчиња за спиење и каиши а во ваша близина да има поголем број на марамици.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
217. The Pursuit of Happyness (Gabriele Muccino, 2006)

217.jpg
Од денот кога го видов првиот трејлер за овој филм, одма помислив уште едно реалистично ремек дело на италијанскиот режисер Габриел Мучино... сепак иако мислам дека претходниот 'Pursuit of Happyness' е подобар од овој, и овој не може да не биде добар ако не е под негово име и во главна улога легендарниот Вил Смит.Филмот има потешка тематика од првиот, затоа мислам дека треба да се гледа со малце повеќе внимание... интересна прикразна воедно да кажам за еден човек кој прави сообраќајка во која за жал заедно со неговата жена, во другите коли загинуваат и уште 6 луѓе. Тој си има ветено во својот живот дека еден ден ќе им помогне на други 7 луѓе да им ги спаси животите. Неверојатен добар филм, и мислам дека заслужува да биде дел од Оскарите, што секако ќе биде... моја препорака за сите љубители на поучните драма филмови...

8,8/10 :smir:
Среќата ги следи храбрите или храбрите ја следат неа?

Крис Гарднер (Вил Смит) е од оние што веруваат дека по среќата треба да се трча, да се трча со брзи чекори, да се трча без да се застане. Крис ќе помине преку милион глупости и незгоди што ќе ви се смачи додека го гледате, ќе се изнервирате за тоа колку животот е суров и неправеден, но тој не се откажува. Неговата девиза е: „Никогаш не се откажувај дури и кога луѓето ти велат дека не можеш, следи го својот сон“. Тоа е една од репликите што ќе му ги каже на својот петгодишен син Кристофер (всушност ова и приватно е синот на Вил Смит :)) во моменти кога изгледа дека сите надежи пропаѓаат. Неговиот оптимизам и неговата волја за успех никогаш нема да пропаднат.

Don’t ever let someone tell you that you can’t do something.
Not even me. You got a dream, you gotta protect it.
When people can’t do something themselves,
they’re gonna tell you that you can’t do it.
You want something, go get it.




Драма за која ќе се запрашате дали навистина се случува и во вистинскиот живот? Но, ако самите не се изборите никој друг нема да ви помогне. Потрагата и трчањето по среќата се неизвесни, но некогаш малите детали нè водат до неа. Без оглед на тоа дали е брзо склопување на Рубриковата коцка, добро познавање на математиката, навидум недостижни амбиции... Ако знаете дека сте добри во тоа што го правите, правете го до крај, до последен здив. Тоа е пораката на Крис. Тоа е она за кое сите треба да размислиме. Дали секогаш е така?

Филм за оптимизмот и сите оние нешта што сме способни да ги направиме за љубовта. Вреди да се види во моменти кога преовладува депресија и безнадежност. Оценка 10\10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
216. Office Space (Mike Judge, 1999)

216.jpg
Е ова е веќе нешто! Филмов своевремено доживеал крах на бокс-офисот, не заработувал пари, но си задржал своја база на фанови и понатаму по излегувањето на ДВД издание се шири со прекажување: [Пссс, да ти кажам нешто, има едно филмче кое мора да го изгледаш, прекажи на пријател...]. Да не речам типичен форумски филм. Паметна комедија која ги критикува големите корпорации кои заработуваат на грбот на вработените. Способни работници и идиоти шефови, бирократија, алчност и сите оние убави работи на денешното општество.

Питер, Мајкл и Самир работаат за една таква компанија. Сместени во т.н. „коцки“, зад своите компјутери, секојдневно малтретирани и омаловажувани од своите шефови, уплашени за своите работни места, нивното секојдневие е напорно, монотоно и депресивно. Еден убав ден Питер заклучува дека секој нареден ден му е полош од предходниот, и дека баш тој ден е најлошиот ден од неговиот живот. Заклучува дека бил посреќен кога не работел, и според тоа, нема повеќе да работи, ќе се појавува на работа кога сака и нема да се грижи за ништо. Овој план ќе му го промени животот нему, но и на неговите пријатели...

Како што реков, ова е паметна комедија, нешто како Invention of Lying но со малку поинаков хумор и многу различна тема. Не е од оние филмови на кои ќе се смеете на глупости. Сцените со лигавиот шеф на Питер, неговиот комшија, типот што пелтечи... се прајслес. Хејтањето на Мајкл Болтон низ целиот филм исто така :) Сцените пак кога Питер зборува со „консултантите“ кои отпуштаат работници и сцената на сликата се оние кои ќе се паметат од филмот.

За почитувачите на ликот и делото на Џенифер Анистон, и таа е во филмот, иако не во премногу сцени. И таа има лигав шеф, се разбира.

Убав филм во кој сигурно можат да се препознаат многу луѓе кои работат или некогаш во животот работеле за слични компании. и убава сатира воедно.

Топло го препорачувам. 8/10
Прво и основно, му давам 10ка!
Храбро е да се обработува капиталистичкото човекојадење што е за жал начинот на живот скоро во цел свет, храбро е да погледне во очи на кутрите наемни работници кои работат у 2 на 2 заградени простори, храбро е да се признае дека светов се базира на одлуки на манипулаторски шефчиња со шољи чај у рака.
И наспроти тивката тага во филмов заради тоа, имаме хумор, иронија, потсмевање на тие типични ликови како и соживување со ликовите. А имаме дури и крајна поука, ама да не давам спојлери.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
215. Lawrence of Arabia (David Lean, 1962)

215.jpg
Приказна за необично комплексен човек. Лоренс е англиски војник во Арабија, кој е заљубен во пустината и се обидува да го соедини Арапскиот народ. Тој ги поминува сите социјални статуси, идиот, херој, садист, чудак, лудак, фанатик... Филмот трае три саати, и според мене најмногу вреди да се гледа заради крајот. 8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
214. Ikiru (Akira Kurosawa, 1952)

214.jpg
Доста захтевен филм и еден од гемовите на Куросава каде е направен одличен осврт на трансформацијата на човековата персона и филозофско објаснување на животот и смртта.
Икиру на еден начин ни ја објаснува борбата која е потребно да ја имаме секојдневно со зацврстените начини на функционирање, работење и општење во заедницата, и меѓу нас како индивидуи, се со цел да ги смениме истите. Да им внесеме нијанса динамичност, алтернативни пристапи, кои нас ќе не направат како индивидуи подобри и духовно побогати личности, попродуктивни, и ќе оставиме знак на нашето постоење, каде енигмата не е зошто живот, туку како и што со истиот.
Во филмов борбата е отсликана преку главниот протагонист Кенџи Ванатабе кој е бирократ и работи за владина организација околу 30 години, ист секојдневен монотон, депресивен начин на живеење кој го има претворено во рутина, кое работно место му е делумен спас и пребег од социјализацијата надвор од бирото. Еден ден дознава дека има рак на белите дробови и му е останато уште половина година да живее.
Веќе не следува истиот живот за него, Кенџи се трансформира, пред овој расплет ликот физички и психички не изразуваше никаква болка или очај, се до тој момент. Од тој момент натаму Кенџи напротив не е преокупиран со фактот дека деновите му се избројани, туку размислува и жали за тоа дека го има поминато животот без ден вистински да живее. Понатаму следат илустрации на смена на карактер и внесување "живот" во филмот, главниот лик почнува да живее, се социјализира, влегува во имагинарниот круг на материјалисти, се запознава со девојка со која работи и поминува доста време со неа. Дознава конечно што е потребно за да биде среќен. Детерминација, упорност и желба да го промениме системот кој ги има створено нормите и кодексите на живеење, со што со мала нота на протест кон истиот ќе се создаде значење на живеењето во еден таков круг.
Филмот е поделен на два дела, првиот е животната сторија на Кенџи Ванатабе, вториот е импактот кој го има оставено на тие околу него по неговата смрт.
Развивањето на филмот и неговиот успех е заслуга на глумењето на главниот лик Такаши Шимура(во филмот Кенџи Ванатабе) кој е перфектен фит и улогата му е lifetime аchievement, маркантен лик во еден ваков класик каде ги пренесуваше емоциите на гледачите во секоја сцена со минимализирана нарација.
Присутен е во речиси сите филмови на Куросава, втора најзабележлива појава му е покасно во Седум Самураи.

Еден од најдобрите филмови на Куросава, топ 3 секако со оглед на тоа дека ова е нетипична тематика за режисерот и дели од неговите други филмови.
Ран, Рашомон и Седум Самураи се тука негде. Оценката е и повеќе од заслужена, Akira at his finest.
Поентата и пораката на филмов дека животот е краток, да не го трошиме во празно, да помагаме, да се смееме, да оставиме нешто позади нас, ја има во многу филмови, ама во Икиру (да живееш) е пренесена на маестрален начин, ќе плачете и ќе се смеете со главниот јунак. За содржината не сакам да напишам ништо, сами ќе си видите кога ќе го гледате :), а мора да го изгледате ова ремек дело на Куросава. После 10-ката за Dersu Uzala, уште една чиста 10-ка за Ikiru.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
213. The Hunt / Jagten (Thomas Vinterberg, 2012)

213.jpg
Нашки „Лов“ или според мене наслов кој по му одговара Потера е дански филм од минатата година. Го гледав вчера во Рамстор во рамките на Скопје Филм Фестивал 2013, баш сега видов дека го имало и на интернет, но не ми е криво за дадените пари, бидејќи филмот си го заслужува тоа.

Медс Микелсен, не знам дали треба да објаснувам самото негово име зборува се`.... Hannibal, A Royal Affair, After the Wedding (бар филмовите од кај што го знам, секаде врна улога, така и овде). Одамна имам зборувано може и досаден сум дека сум заљубен во скандинавската кинематографија.

Овде станува збор за една исклучителна 120-минутна драма. Во центарот на приказната е Лукас, маж кој има добра репутација во мало данско градче, разведен е од својата сопруга и одделен од својот син Маркус кој понекогаш доаѓа на 2-3 дена да поседи со него. Лукас времето го поминува со своите пријатели, особено е близок со Тео и Грета, маж и жена чија малечка ќерка Клара учи во градинката/основно школо каде што Лукас работи како привремен учител а воедно и брза помош. Децата го обожаваат, но по игра на случајност, Клара, ќерката на неговите пријатели и открива на директорката дека Лукас и го покажал неговиот пенис. Мислејќи дека помеѓу нивните пријатели се крие натрапник, Тео и Грета ги прекинуваат односите со Лукас, и цел град го обвинува за сексуално насилство, иако тоа не е така, тој е погрешно обвинет.

Одлична драма, доста потресна и реална како може испревртените а мислејќи вистински зборови на едно дете може да ја промени судбината на еден невин и несреќен човек. Препорака до сите, навистина одлично!

:cuc:
Одличен дански филм. Како може животот на еден уништен човек да се уништи уште повеќе?

Лукас е средовечен човек кој работи како учител во една градинка. Неговиот живот е мизерен, разведен е од сопругата, има син тинејџер кој смее да го гледа само 2 дена на секои 2 недели и по самиот телефонски разговор со жена му може да се сфатат многу работи за него а и за нејзе. Лукас е мирен, си ја сака својата работа, децата во градинката го обожуваат и се има малце повеќе поврзано со едно од децата, Клара. Клара е ќерка на еден од неговите најдобри пријатели меѓутоа родителите на Клара ја запоставуваат и Лукас е тој кој ја носи и враќа од градинка. Наоѓа нова љубов и синот му кажува дека сака да поминува повеќе време со него. Меѓутоа, нешто ќе се случи.

Филмов е можеби подолг од тоа што треба. Помина 1 час и си реков што по ѓаволите ќе треба да гледам уште ден час но и покрај ова ми го држеше вниманието цело време. Многу се поврзав со главниот лик. И јас би реагирал во 95% од сите ситуации поврзани со него. Голем дел од филмот ќе чувствувате гнев, ќе се чудите како луѓето постапуваат вака но и исто така на некој начин ги разбирате. Јас 2 пати добив нагон да влезам во филмското платно и да истепам некој. Но имаше и неколку сцени кога ми се смири душичката :)

Пријателство, доверба, лаги. Ова се 3те главни обработени теми во филмот.

Јако, јако драмиште и го препорачувам на сите вистински љубители на драми од овој тип. Малце ме потсеќа на Amour бидејќи навидум не се случува ништо особено. Само малце му фалеше за 9/10.

А да, не се секирајте, ќе ви стане јасно зошто се вика "Лов". :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
212. Taken (Pierre Morel, 2008)

212.jpg
стварно добро филмче, иако Лиам Нисон е стара школа, сепак тебе и крши газинја, и тоа со вистинска цел....... Може е веќе кич, оне ман шоу иде и матер ебава, ама сепак филмчето е топ....
Лиам Нисон игра пензиониран шпион во потрага по својата ќерка, која за време на летување во Париз ќе биде киднапирана од албанска мафија која го води тамошниот ланец на трговија со девојки. Има 96 часа да ја пронајде во Франција, пред да ја изгуби засекогаш... Одлична, Џејмс Бонд стил, акција и одлична содржина 9/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
211. The Karate Kid (John G. Avildsen, 1984)

211.jpg
Легендарен карате филм за едно момче кое неговите врсници го малтретираат, се додека не наиде на еден стар мајстор на боречките вештини кој го подучува.
многу инспиративен филм. Мислам дека пред брзо време направија римејк на филмов... Станува збор за дете кое е малтретирано од останатите. Неговиот комшија, мастер во боречки вештини му помага да ги совлада техниките на каратето... Има и продолженија, погледнете ги и нив, но сепак овој задолжително.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
210. Rashomon / Rashômon (Akira Kurosawa, 1950)

210.jpg
Филмот „Рашомон“ (1950) му донесува светска слава и го воведува јапонскиот филм во семејството на најразвиените и најкреативни кинематографски сили во светот. Работен е според две новели на Акутагава, тој ни раскажува четири верзии на еден ист настан, силувањето што познатиот разбојник Тожомару го врши врз младата жена пред очите на нејзиниот сопруг. Секоја од верзиите што ги раскажуваат очевидците се различни, така што вистината за виновнците и жртвите на престапот, останува нерасветлена. Оваа приказна им ја раскажува на двајца намерници еден дрвосечач, засолнати од поројниот дожд пред портата на руинираната престолнина Киото.Приказната се одвива во флешбекови на четитите ликови, разбојникот Тожомару, убиениот самурај, неговата сопруга и дрвосечачот.

„Рашомон“ е добитник на Златниот лав во Венеција и на Оскар за филм од неанглиско потекло. Заслугата на Куросава не е затоа што тој е автентично јапонски уметник и мислител ниту затоа што е интелегентен ученик на западната култура, туку затоа што е модерен автор со универзални творечки вредности. Куросава на оваа возбудлива приказна и дава инзвонреден наративен ритам, движењата на камерата се еквилбристички но функционални, никогаш надвор од фабулативната фактура на емоционалните и афективни состојби на ликовите. Играта на актерите исто така е полна хармонија со другите изразни средства.
Едо периодот.Во една напуштена куќарка засолниште од дождот бараат 3 лица-будистички свештеник,дрвосечач и обичен патник.Свештеникот во еден момент ќе почне да раскажува случка која се случила пред неколку дена-имено тој бил сведок на убиство на богат човек кој патувал кон Едо со сопругата,и како сведок бил повикан да даде свој исказ на полицијата.Од друга страна и дрвосечачот ги видел сопругот и сопругата во критичниот настан и така почнува една приказна за мистериозното убиство раскажувана од различни перспективи.Кој го убил човекот-дали тоа била неговата сопруга или можеби друмскиот разбојник Таѓомару кој ги чекал во заседа?Или можеби....?

Се навикнав да го гледам Куросава како режисер на епски самурајски филмови,но ова е веќе друга работа.Адаптиран од истоимената книга на Рјуносуке Акутагава оваа приказна е историски трилер,мислиш дека Куросава го поделил проектот со Алфред Хичкок.Рашомон е неизвесен,верзијата на различните сведоци е толку издржана да не знаете кој лаже а кој не.Таѓомару е кривец колку што не е.

Рашомон трае само 90 минути и верувам дека нема да ви биде тешко да ги потрошите на овој филм.Трилерљупци,ако не ви сметаат неанглиските филмови,како и црно-белата верзија на филмот(Рашомон датира од 1950 г.) ова остварување на Куросава може да направи и повеќе од тоа да ве импресионира.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
209. Dog Day Afternoon (Sidney Lumet, 1975)

209.jpg
Ал Пачино сними големи филмови, како Кум и Скарфејс, и да не набројувам... по кои сите ќе го паметат, но еден „мал филм“ се подзаборави. Dog Day Afternoon, филм за Сони Вортцик, човек кој се обидува да ограби банка за да им помогне на другите, за мене бил и ќе остане мал мастерпис.

Ете доста се за почеток. 80-тите ми се посебно интересни затоа што имаше еден тон нискобуџетни филмови кои влегуваат во она што се вика "Guilty pleasure", или "So bad it is good". Но ретко успевам самоиницијативно да се сетам на нив, ми текнува само кога случајно ќе налетам на насловот и слично... Се надевам ќе ми ја освежите меморијата :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
207. Suspiria (Dario Argento, 1977)

207.jpg
За секој љубител на постари хорор филмчиња, ако некој таков случајно го испуштил филмов, редно е да го гледа.
Атмосферата на филмот е одлична, доминираат основни бои кои буквално зрачат во секоја сцена, филмов е како да имаш ноќна мора.
Приказната не е на завидно ниво ама и не е толку битна кога ќе се земе предвид останатото што овој филм го нуди, како што веќе напоменав одличната атмосфера прави чуда и незнам како да ја опишам на друг начин освен како психоделичен кошмар под дејство на ЛСД или печурки кои биле претходно конзумирани по пат на сендвич со печеница и кашкавал или нешто слично.
Специјалните ефекти исто така не се баш најдобри, сепак е издаден во 1977та година но оние кои се навикнати да гледаат ствари од типот на Evil Dead, Hellraiser и безброј други филмови кои се издадени пред 1990та... абе ако не ти сметало да го гледаш Психо, овој нема да ти смета ич :D
Моја оцена е 8,5/10 каде што 8,5 би било ЕПТЕН ЈАКО СРАЊЕ ШТО МОРА ДА СЕ ГЛЕДА.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom