КАЈГАНА ТОП 250 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
236. Hotel Rwanda (Terry George, 2004)

236.jpg
Paul Rusesabagina во Hotel Rwanda. Оние што го гледале филмот знаат дека е снимен според вистинит настан, што му дава уште поголема тежина на ликот. Морам да кажа дека и актерот Don Cheadle завршил повеќе од одлична работа.
Пол е неверојатен човек, работи како асистент менаџер во хотел, но по започновањето на војната, менаџерот ја напушта државата и Пол останува одговорен не само за персоналот, ами и за околу 1000 други луѓе кои ќе го бараат спасот во Пол и хотелот кој останува нивна последна шанса. Посебно ме инпресионираше неговата способност да го добие она што го сака, но тоа го правеше на еден префинет начин (зборовите се неговото најсилно оружје) без да навреди некој, без да го повиши тонот, едноставно неговата способност да ги... па да, на некој начин изманипулира луѓето остава без зборови. Но тој не е лик кој тоа го користи за лични цели, па дури кога има можност да избега со своето семејство надвор од земјата се решава да остане и да се грижи за преостанатите луѓе во хотелот. Благодарение на неговата присебност се спасиле точно 1268 луѓе.
:place: Hotel Rwanda - не сум сентиментален и пристрасен ама филмот допре до мене
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
235. Seven Samurai / Shichinin no samurai (Akira Kurosawa, 1954)

235.jpg
Мастерпис на легендарниот режисер Akira Kurosawa. Во филмот, едно село не може повеќе да ги трпи нападите на разбојниците, па ангажира седум самураи да им помогнат. Ова е најпознатиот јапонски филм...
Класика и воедно еден од најдобрите филмови на сите времиња според многу филмски критичари. Како што кажува насловот, се работи за великодушните изнајмени и платени само со храна седум самураи кои ќе треба да го одбранат сироманшното село со фармери од тогашните бандити.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
234. Mad Max: Fury Road (George Miller, 2015)

234.jpg
Имав шанса да си го видам синоќа у кино после долго чекање и морам да признаам дека не бев разочаран.Голем акцент е ставен на акцијата и ми се чини режисерот го знаел тоа и не се ни обидувал да ја придобие публиката со приказната.Визуелно излгеда фантастично и со сигурност тврдам дека е еден од најдобрите акциони филмови у последниве 10 години.Имаше недостатоци у поглед на сценариото и на моменти како недовршени да оставаа некои работи,еве мене лично ми сметаше што не видов доволно Макс у филмов и тоа што преголем акцент беше ставен на карактерот на Шарлиз.Иначе Том Харди беше закон со оние чизи one-liners као шо беше Гибсон на времето.Се на се филм кој не се пропушта за сите оние кои сакаат да видат спектакл со луди возила,супер експлозии у широки кадри,bad-ass музика и топ модели увиткани у чаршафи као шеткаат сред пустина.
Шарлиз Терон го праи филмов најбоље од серијалот Лудиот Макс, не ми сметаше шо Макс ја дели главната улога... Гледам и убава рецензиичка искочила и на Порталот Кајгана, така да обавезно да се глеа, посебно љубителите на акции, и препорачливо во кино
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
233. The Great Dictator (Charles Chaplin, 1940)

233.jpg
Првиот филм на Чаплин во кој што тој лично зборува, и еден од најлегендарните негови дела во неговата богата филмска колекција. Приказна за еден Евреин... воен ветеран од Првата Светска Војна кој што го губи сеќавањето при падот на авионот кога се обидува да спаси војник од непријателските сили. Многу години подоцна Евреинот излага од болница, но сеуште не го повратил сеќавањето, и мисли дека ПСВ завршила само пред неколку недели. Сепак во тој момент светот е пред нова светска војна, а главниот збор во државата го има диктаторот Аденоин Хинкел.​
Филмов е снимен во почетоците на ВСВ, односно 1940 година, каде што Америка тогаш сеуште беше надвор од војната, и била во дипломатски добри односи со Нацистичка Германија. Но ете Сер Чаплин веќе знаел што зло нанела Германија на Евреите и на расно обоените луѓе, па затоа денес го имаме ова ремек дело.
Се разбира во филмот ќе ги видите и другите диктатори и командири... веќе го споменавме Хинкел (Хитлер), Напалони (Мусолини), Гарбиш (Гебелс), Херинг (Геринг), а во филмот се спомнува и Алберт Ајнштајн, само со преправено име :LOL:. Одлична политичка комедија кој реално ги отсликува настаните за време на војната, и се разбира диктаторите прикажани на еден сатиричен начин.

Рецензијава неможам да ја завршам без да го постирам еден од најлегендарните говори во филмската индустрија. Навистина Сер Чаплин бил човек пред времето, само голема штета е што Америка го прогласила за комунист во годините што следуваат (n)


Сер Чарлс Спенсер Чаплин :cuc:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
232. Rush (Ron Howard, 2013)

232.jpg
Визуелирана приказната на ривалството помегу Џејмс Хант и Ники Лауда.
Приказната е прекрасно доловена и екранизирана и покрај тоа што буџетот за филмов е просечен,за адаптација на ваква приказна е потробен поголем буџет од 38 милиони долари,да беше американска приказна ке имаше сигурно 80 милиони минимум но како и да е ја сум презадоволен од тоа како Рон Хауард ја адаптирал приказната на филм.
Од документарци што сум гледал уште пред филмов приказната е многу прецизна,мислам дека највеке што може,реалноста ми се свига премногу и ја доловува бруталноста на Формула 1 и во седумдесетите одлично.

Глумата е дефинитивно над просек и ликовите на Хант и Лауда се предобро одглумени,Daniel Bruhl го немам гледано освен во Goodbye Lenin каде што одглуми одлично и во Inglorious Bastards каде што немаше некаква улога за докажување но перформансот негов во RUSH е предобар и ептен го доловува ликот на Лауда,мртво сериозен,ладен и како што калкулира на патеката исто калкулира и во животот.
Џејмс Хант што го толкува Chris Hemsworth според мене имаше послаб перформанс но сепак над просекот и улогата на Хант што е британски плејбој кој не го интересира ништо освен забава и мотоспорт улогата му стоеше премногу добро и додека Лауда по предпазлив возач од него и сака да калкулира,Хант е сосема спротивното и не се замара со калкулации и сака само чисто сурово хардкор тркање,многу различни карактери каде што единствено заедничко им е љубовта кон мотоспортот.
Љубовните сцени се солидно прикажани како мотоспортот и нивниот карактер им влијае на тој животен план.
9/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
231. Home Alone (Chris Columbus, 1990)

231.jpg
Ми требаше некое филмче што ќе ми ја долови Божиќната атмосфера, овие 2 се баш такви, стари ама релаксираат и ако ги немате гледано гледајте ги со некое детенце и ќе ве развесели со коментарите и прашањата додека трае филмот. Оценка 8/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
230. Closer (Mike Nichols, 2004)

230.jpg
Прекрасно прикажан љубовен четириаголник со прекрасните Натали Портман и Џулија Робертс во главните улоги заедно со Џуд Ло и Клив Овен
Се започнува со љубов на прв поглед......
оцена 9/10
уште еден голем плус за прекрасниот саундтрак :
Значи го гледам филмов по незнам 4-5 пати еноставно можам да кажам гледајте го. Има преубави дијалози , иако навидум спорa приказната е многу динамична. а приказната е zа љубовта , лагата , изневерувањето и за тоа дека во љубовта СЕКОГАШ ТРКАЛОТО СЕ ВРТИ. Всушност режисерот ни ја прикаува љубовта а и животот во нивната полна контрадикторност. Колку знаат да бидат прекрасни, но и колку знаат да ти го заебат животот !
заклучок-добра актерска екипа, добра приказна(поучна приказна) , добро е снимен, има многу убава фотографија, режисерот преубаво ги доловува чувствата и ситуациите....се друго би било излишно да зборам...гледајте го.....давам оцена 9/10.
И верувам дека многумина од вас коишто го гледале или ќе го гледаат ќесе пронајдат во некој од ликовите на приказната.
Филм направен според истоимената драма од 1997 година. Во главните улоги: Џулија Робертс, Натали Портман, Џуд Ло и Клајв Овен.
Главна причина поради која го гледав филмот е The blower's daughter од Daniel Rice која ја има во најавната и одјавната сцена од филмот. Ок. Филмот зборува за љубовта, но не досадниот начин како што прават многу други филмови. Тука ја сретнуваме како опсесивност, работа која ги тера луѓето во очај, поради која се прават глупости за кои следува каење... Таа го прави човекот себичен и злобен, да се чувствува како жртва, но и победник во исто време. Филмот ќе натера многумина да се запрашаат колку добро или дали воопшто го познаваат партнерот со кого го делат креветот. Дали она што го викаат љубов е она што навистина тие го сакаат. Дали љубовта има дефиниција по која сите треба да се водат, или пак не...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
229. Avatar (James Cameron, 2009)

229.jpg
Одамна не сум пишал рецензија пошто одамна не сум гледал филм. Аватар го чекав одамна, кога веќе не бев во можност да го гледам на кино, да го изгледам на двд снимка. Во подготвителна фаза, избегнав секакви трејлери и спојлери, па дури и темата за Аватар ја гледав преку еден ред за да не ми расипе некој. Неколку месеци откако излезе, за Аватар знаев само дека е на Камерон, дека е S.F., дека има некоја си планета Пандора со некои си плави луѓе со опашки. Тоа беше се. И со оглед на тоа дека се работи за блокбастер, и тоа за најскап филм на сите времиња, очекував дека ќе биде разочарување, па очекувањата ми беа многу, многу ниски.

Веројатно сето ова придонесе филмот, на мое лично изненадување, да ми се допадне, многу. Прво, имам thing за fantasy movies. Од таа некоја причина Crouching Tiger ми се допадна повеќе одколку на другите. Аватар е друга планета кога се работи за фантастичниот свет кој е насликан во филмот. Размислував дури го гледав, колкава фантазија имале тие кои ја создале онаа џунгла од растенија и животни во секакви пропорции, нешто фантастично според мене, навистина. Висечките планини беа капак на се. До сега барем, горе-долу, се ни беше сервирано во наши пропорции. Вонземјаните се скоро секогаш високи колку луѓето, живиот свет е исто така налик на нашиот. Пандора е нешто друго, тоа е сосема друго ниво во фантазијата.

Сите пишаа за приказната како најслаб дел на филмот и се согласувам, можеле да направат повозбудлива, поинтересна приказна. Но нема многу да пишувам за тоа зошто и оваа приказна мене ми се допадна. Прво, смачено ми е од тоа како луѓето се херои кои го спасуваат денот и дека во главно сме биле добри со ретки исклучоци. Вистината е дека сме лоши со ретки исклучоци и свеста ни е на варварско ниво. Во овој филм, луѓето се лошите момци и тоа ништо не им е преувеличено: нашата негрижа за природата и за сите работи, освен оние кои носат профит, а за кои сме спремни да поништиме се што ни стои на патот, тоа е нешто што ни е во ДНК и Камерон не калкулирал со тоа туку го прикажал како што е. Од другата страна, имаме раса која живее во симбиоза со природата и која има изградено свест за се што ја опкружува. Не можеш да не навиваш за нив.

Не мислам со ова дека филмот е направен за да носи некакви големи пораки, ова е филм направен за да заработи пари и како таков си ја завршил задачата. Ефектите, или поточно, комплетната слика на екранот е совршена. Ова е убава авантура во непозната земја. Дијалозите се на место, не се зборува многу, не се користени непотребни разговори за задржување време. Се кажува малку, онолку колку што е доволно. Филмот, иако долг, го изгледав со уживање, за разлика од LOTR на кој 30 минути пред крај сакав да си заминам од кино само затоа што ме здоболе задникот од мрдање лево десно.

Актерската екипа е добра, дури и Ана Лусиа, еден од најнеомилените ликови од ЛОСТ во филмов е на ниво. Се на се, ми се допадна. Го осудив предвреме, и добро е што го направив тоа. Уживав во претставата. Сега чекам да направат втор дел кој по правило ќе биде толку лош што ќе го расипе и првиот :)

Во меѓувреме, 8/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
228. Enemy at the Gates (Jean-Jacques Annaud, 2001)

228.jpg
Филм за Советскиот снајперист, херој, Василиј Зајцев, кој во текот на WWII убил преку 200 нацисти, но само дел од неговите херојски чинови се прикажени во филмот, а најголем дел од филмот е во битка против Мајор Кониг, кој дојде дури од Берлин во Сталинград само за да се соочи со Василиј... било што друго ако кажам може да биде премногу, така да гледајте го филмот, нема да зажалите... :)
Втора светска војна... руски фронт, приказ на русите пред да се свестат што прават и приказ на моментот кога се освестуваат и ќе почнат да ги шибаат дотогаш несопирливите германци, прикажано низ биографијата на најдокажаниот руски снајперист Василиј Зајцев (Џад Лоу), херој каков што дотогаш немале во своите редови, синоним за храброст со кој прават цела реформа... љубовна приказна, прекрасни кадри фатени низ снајперските нишани и убава приказна оценка: 9/10 (сакам филмови од 2св)

Алал да ти е за филмов шо убаво ме потсети да го гледам!Браво за тебе.Сега одма барам торент за филмов.Најдобар филм според мене после Спасувањето на Војникот Рајан од 2св.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
227. Dumb and Dumber (Peter Farrelly, Bobby Farrelly (uncredited), 1994)

227.jpg
Се кладам дека и ден денес кога ќе го спомнат Џим Кери, првиот лик (а имаше многу јаки ликови) што ви паѓа напамет е оној на Лојд од „Глуп и Поглуп“. Авантурите на двајцата неверојатно глупави другари, задолжително да се погледне. Ако има некој што не го гледал...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
226. Bicycle Thieves / Ladri di biciclette (Vittorio De Sica, 1948)

226.jpg
Bicycle Thieves, убајна од филм.

Имаше моменти во кои грутка ми се чинеше во грлово. Да не мавам сполјери, ако некој го нема гледано. Толку реално доловена сурова реалност, ретко се гледа на филмското платно. Особено крајот, максимално погодува во суровоста на животот, битката да се преживее, селективната (не)правда.....

Ремек дело со два збора.
после филмов сакаш да галиш мачки и да плачеш додека држиш шолја чај облечен во божиќен џемпер
Топла препорака за Bicycle Thieves
Италијански филм од 48ма, одлична режија и глума. 90 минути. Не за џабе котира толку високо. :cuc:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
225. The Dark Knight Rises (Christopher Nolan, 2012)

225.jpg
Значи сите по 150 денари во џеб и правец кино Милениум, филмов вреди да се погледне апсолутно.

Нолан ѓаволски добро си го заокружил делото. Актерската екипа нема една мана, а читав дека Ен Хатавеј била многу флегматична и не прилегала за улогата и искрено поим немаат критичариве. Девојката си беше одлична, дури не очекував така да блесне.

Бејл, ко Бејл. Едноставно за мене секогаш тој ќе биде Бетмен, макар што се сеќавам на сите други. Бејл е Бетмен, Брус Вејн. Човеков му даде човечна нота на ваков херој, кој не се сеќавам да ја направи Китон.

Што се однесува до негативецот Бејн, ака Том Харди, нема збор дека се надминал себеси. Човекот делува толку застрашувачки, па тоа е неверојатно. Башка кога го гледате на кино екран, сфаќате колку вложил во физичката преобразба, значи качил којзнае колку килограми, се направил грамада, физичките движења му се исто битен детал.

Околу дејствието. Што да кажам повеќе од ИМДБ би било премногу. Едноставно, Брус Вејн осум години живее изолирано од настаните и не сака да се инволвира, додека целиот град гледа на Бетмен како најбараниот криминалец кој го убил Харви Дент. Но, по новата закана олицетворена во Бејн, сакал-нејќел мора да се врати на старата патека.

Туку морам да го пофалам Џозеф Гордон Левит за одиграното. Страшно харизматичен човек и прекрасно си го го одигра ликот. Барем мене ме воодушеви.

Си има филмот и мани: На пример имате неколку клишеа без кои можеби не се може, ама па и може да се одбегнат, има една нејасна сцена која мене барем ми беше непотребна.

Да се разбереме, кога би требало да гласам, вториот дел со Џокерот апсолутно би бил на врвот, но ова е добар начин да се заврши легендата. Убаво најавија, витезот ќе се издигне, а легендата ќе заврши.

Само човек кој ќе го гледа филмот ќе знае што значи тоа.
Ја знаете приказната, нема што понатака да се пишува околу тоа, веќе двајца пред мене пишаа.

Како прво, филмот е одлична комбинација на дел од стриповите за Бетмен (особено Knightfall) во кои Бетмен за прв пат се среќава со Бејн (bane O.E. bana "killer, slayer, murderer; the devil," from P.Gmc. *banon, cognate with *banja- "wound" (cf. O.Fris. bona "murderer," O.N. bani, O.H.G. bana "murder," O.E. benn "wound," Goth. banja "stroke, wound"), from PIE root *gwhen- "to strike, kill, wound" (cf. Avestan banta "ill"). Modern sense of "that which causes ruin or woe" is from 1570s.) и каде овој му го прекршува рбетот, по што Бетмен (Брус Вејн) долго време не се опоравува и мрачниот The Dark Knight Returns.

Она што ме фасцинираше, и заради што сметам дека не е доволно само да се каже дека „филмот вреди да се гледа“, е движењето на приказната, кое само по себе претставува една целина си претходните два филма. Дотолку повеќе што овој дел во себе содржи и додатни секвенци кои и тоа како придодаваат кон содржината на филмот. На моменти, навидум, изгледаат досадно и излишно, но од друга страна, без нив, филмот би бил само едно празно акционо клише. На овој начин, како што е преставено во филмот, само се добива дифузност на приказната (на прв поглед), што во суштина ќе биде намерно прикажување на немирот, како олицетворение на неконтролираните емоции на гледачот.

Оттука, токму тие секвенци, како да се вклопуваат, не само кон приказната за играта на „судбините“ на Брус Вејн, Бејн и Талија ал Гул (Миранда Тејт), туку и за судбините на луѓето околу нив и воопшто. Имено, се чини дека како да главната идеја на самиот филм е токму онаа почетна мудрост што го започна Batman Begins, а и судбината на Брус Вејн - она татковото (на Томас Вејн) "Bruce, why do we fall? So that we could learn to pick ourselves up!". Е оваа реченица константно и суптилно се провлекува низ целиот The Dark Knight Rises. Нолан тоа успешно го прави преку оние позадински извици на толпата „Basara Basara, deshi deshi, basara basara!“ (Издигни се - Качи се, Крени се) што како некое „зомбирано ехо“ одекнуваат во момент кога ќе се појави секвенца од толпа луѓе, или од Самиот Бејн.
Интересно е кога ќе се појави Бејн, за прв пат делува некако статично како лик, за наместо да се очекува одредена динамика, од него не се добива ништо друго, освен оној примордијален безпричински непредвидлив СТРАВ и ТЕРОР! Дури на моменти како да опсипува и заведува со тоа чувство, па оттука не за џабе и најсилен екотот на извиците во моментите кога Бејн е во потполн „сјај“. Како да сакал Нолан намерно да го впушти гледачот во соочување со горкоста на теророт, па потсвесно „го припрема за дуел“.

Така, генерално земено, The Dark Knight Rises во суштина е филм за играта на причината и последицата од падот и подемот, но оној примордијалниот - човечки (индивидуален) и општествен, односно дека падот и подемот се една циклична движечка сила на она што претставува индивидуално и генерално и дека стравот и теророт се круцијален елемент што ги дефинира и обликува. Она што е важно е што индивидуално т.е. генерално ќе се научи од тој двојствен однос. Ако односот остане само на чисто механичко повторување на паѓање и станување, тогаш истиот е осуден на пропаст од самиот старт. Но ако чинителот се соочи со горката вистина прекриена заради сопствената или наметнатата изопачена вистина - лага (Харви Дент), која предизвикува страв и терор, нештата можат да бидат и „плодотворни“.

Она што исто така ме импресионира е крајот на филмот. Добив впечаток како да Нолан намерно го направил така „среќен“, затоа што вака навидум изгледаше happy, но во суштина беше онака шупливо и несигурно среќен.

Океј да не должам многу, тоа е тоа. Не велам дека вреди да се гледа, тоа е некако клише.
Велам - Гледајте го филмот затоа што од секој ебан аспект заслужува да се гледа и да се разговара за истиот.
поздрав
Иако, за жал, преспав некои сцени од филмот (поради Batman Marathon, прво одеа првите два дела, од 23:59 до 05:59, така што третиот дел се прикажа сабајлето на 20 јули во 06.00 за да биде заедно со светската премиера), третиот дел беше одличен, вклучувајќи ја приказната и улогите. Особено ми се допадна начинот на кој се надоврзуваше со останатите три дела, давајќи историски податоци за ликовите. Третиот дел го прикажа Batman во потполно нова перспектива. Многумина нема да се согласат со ова, но после улогата на Christian Bale во The Dark Knight Rises, сите претходни обиди да се глуми Batman се залудни.

Иако бев скептичен за улогата на Catwoman одиграна од Anne Hathaway, девојката си ја заврши работата прилично добро. Право маченце (иако, сепак, недостасуваше камшикот по којшто Catwoman е препознатлива).

Според мене, убедливо најдобрата сцена во филмот беше кога Bane му ја скрши кичмата на Batman (за овој филм лафел Цаци од К-15, значи). Сцени кои исто така ми останаа во сеќавање беа spoiler-от за Robin и ''смртта на Batman'', и двете прикажани некаде при крајот.

Се разбира, филмов имаше и доста недостатоци. Некои од сцените немаа никаква смисла (една од нив е кога полицијата и арамбашиве јуришаат еден на друг). Точно е дека некој од ликовите се губеа и повторно се појавуваа, но кај доста од нив имаше и приказна поради тоа.

Сé на сé, одличен филм. Треба да се погледне, особено како маратон, да се гледаат првите два дела пред тоа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
223. Snatch. (Guy Ritchie, 2000)

223.jpg
A rock-’em sock-’em caper with energy to spare
Филм каков може да го режира само Guy Ritchie - комлициран сплет од приказни кои на интересен начин се испреплетуваат и го задржуваат вашето внимание до самиот крај.

Дејството на филмот се одвива во Лондон, каде приказните на три групи на ликови ќе се поврзат со кражбата на еден многу вреден дијамант. Првата група на ликови е групата со Туркиш (Jason Statham - кој исто така е и наратор) и Томи (Stephen Graham), на кои подоцна ќе им се придружи и боксерот Мики (Brad Pitt), Ирски циган. Првите двајца се вовлекуваат во афера со местење на боксерски натпревари, но работите стануваат лоши кога Мики ќе го претепа Томи, кој треба да се бори во мечот кој ќе биде наместен, па како негова замена доаѓа никој друг туку – Мики. За местењето на мечот се договараат со лудакот Брик Топ (Alan Ford), кому Туркиш му должи пари.

Во исто време, во втората група на ликови, Борис ‘The Blade’ (Rade Serbedzija) се договара со Френки ‘Four fingers’ (Benicio Del Toro) – гангстер, евреин – да вложи пари од него на истиот тој меч, а истовремено се договара со Сол (Lennie James) да организира грабеж на обложувалницата.

Потоа се вкрстува и третата група на ликови, кога Ави (Dennis Farina) пристигнува од Њу Јорк во Лондон го најмува Bullet Tooth Тони (Vinnie Jones) да го најде Френки кога тој ќе исчезне, бидејќи најверојатно тој го носи толку бараниот дијамант.

Сите овие приказни се испреплетуваат во комплексен сплет на настани кој раскажува интересна криминалистичка приказна која добро ќе ве насмее. Одлична актерска екипа, сценарио и режија даваат уште еден одличен филм на Гај Ричи кој треба да го погледнете.

Преземено од filmskirecenzii.com
Филмов е... едноставно значи феноменален како и во приказна, глума, избор на актерска екипа и се останато... едноставно не може да се искаже филмов со кратки зборови, го препорачувам за сите љубители на англискиот хумор и измешаните приказни... непредвидливоста е одлика број еден на филмов, оценка 10/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
222. Batman Begins (Christopher Nolan, 2005)

222.jpg
Неделава дефинитивно го срушив рекордот во гледање на еден лик во повеќе екранизации. После изгледаните Batman & Batman Returns око ми фати нековиот римејк во поново време Batman Begins. Оние двата што се со шварци и Џим кери ги прескокнав оти.. ај знаете, ако нешто не го бива стварно не го бива. Како и да е, новово руво на темниот суперхерој ме бендиса. За оние кои очекуваа класичен филм како неговите претходни сигурно се изненадени. Филмов итекако го има променето своето руво, иако секогаш темен, сепак тука ја осветлува страната на самиот криминал во Готам, причината зошто се случуваат толку многу незгоди, зошто се појавуваат негативци...
Го имаме Брус Вејн принцот на Готам кој е богат, живее речиси удобен живот. Зошто „речиси“? Веќе е позната приказната за неговиот најголем губиток - родителите. Тој уште како помал ги губи и останува само под закрилата на единствениот човек кој може да му верува - Алфред, неговиот батлер. Трагајќи за нивната смрт, тој ќе се соочи со подземјето кое го фаќа својот замав од ден за ден. Студирајќи го, тој го пронаоѓа убиецот на неговите родители - виновникот за раѓањето на неговото алтер его - да помогне на оној кој има страв, додека сејачот на стравот да го почувствува сето она што го создава на своја кожа. Тој ќе се запознае со својот „тренер“ кој ќе му овозможи да ги подобри вештините кои ги негувал до тогаш. Со враќањето во Готам тој станува симбол, суперхерој каков градот навистина му треба.

Моја лична оценка за филмов е 9. Еден од подобрите акциони филмови и меѓу најдобрите со суперхерои.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom