Не можам да ги разберам луѓето на кои упорно им даваш и не им е доволно. Таквите никогаш немаат среќа во животот, кој знае како им е во главата и душата кога имаат сè, а и во тоа не знаат да уживаат.
Ја изгубивме смислата за сè во животот, не само што не се радуваме на туѓата среќа, туку веќе плачеме и на нашата - ете тоа не можам да го сфатам.
Дури и после буквалното „Нати слепец очи“ доколку некој не сака да прогледа, тогаш оставете го цел живот да лута наоколу барајќи ја светлината на животот, како лудиот Диоген што живееше во буре и на бел ден шеташе со свеќа барајќи ЛУЃЕ. Само што овие се далеку од промисленоста на Диоген.
Го земаш некој, го подигаш од нула, го правиш човек, му помагаш за секоја можна ситница во животот и на крај кога нема да може да се поднеси себе си среќен заради некоја психичка бариера во главата е тогаш се јавува она "thank you & fuck you" после кое ти иди да се запрашаш кои жички му се во главата погрешно споени?
Никогаш не ги сфатив таквите луѓе и искрено никогаш нема да можам да ги разберам... оние кои упорно бегаат од среќата во својот живот, кои ќе направат сè добро и на крај ќе ја укакаат работата, родени деструктивци кои без разлика на добрината која ја добиле од светот не вратиле ниту грам добрина - кон себе си. Е таквите се за чудење. Не би рекол за жалење бидејќи кога сами не се сожалуваат што се такви тогаш нема што да ги жали некој што направил обид и дал сè од себе за да ги „спаси“.
Чудни сте мили мои, но и животот нема да има разнолика колоритност да не беа и таквите како Вас.
Господ нека Ви е на помош, искрено никогаш не би сакал да знам како е од таа страна.