Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Знаеш она чуство кога си лежиш си гледаш филмче и си викаш, јас ако фатам, ова ко ништо ќе го снимам. :icon_lol:

Епа ако ни дадат шанса да снимаме сигурно ќе е полошо од ова подолу, а додека го гледав трејлеров ми идаше да заплачам, не да е катастрофа....:bance:

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.640
Поени од реакции
31.861
По повод денов да кажам една траума од детството. Иди учителкава на сам ден први април и ни вели- Вадете два листа од средина ќе правиме тест! (демек од оние изненадните што те фаќаат неспремен демек). И ние априлилили учителке, а априлилили?-и викаме. И оваа-Априлилили, не вадете два листа. И ти иди тро душа онака дека нема тест, ко по две секунди вели-Испечатени тестови имам со прашања. Отвора најлонот, вади 30 теста и ги дели...................................

Ко на заебанција ни го спопика. И до ден денешен се чудам шо ум ја сечеше.
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
381
Поени од реакции
653
Моментот кога чекаш ред и една личност збори гласно на телефон. Прв пат ја гледаш дознаваш каде била на одмор пред 15 години, кој и бил дечко у прва средно, шо игри игра малиот, за кого ќе гласа на избориве, дека новиот мобилен е 10к поскап и онака ти иде да заебеш ред по цена незавршување работа.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Кајги станувам сабајле и влегувам во кујна и баба ми ме прашува каде внучко?Јас и одговарам на факултет бабо.И ми вика ако внучко учи да не работиш ,учењето е злато и такви моабети.Излегувам надвор и го гледам комшијата се подновил со нова кола,а типот се утепа одејќи по судови,затвори и други државни институции.И си викам ех бабо кој учи знае ,ама кој краде има.И еве си гледам сум паднал фонетика.Јас нит знам нит имам.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Драга...

... fun fact time.

Во Бутан, постои уставна облигација државата секогаш да има одреден процент на дрва и шуми низ својата територија. Кога некој, од било каква потреба, ќе исече дрва, задолжен е да засади исто толку нови дрва за да ги замени оние кои ги пресекол.


Back to you, Macedonians. До кај сме со сечењето дрва? И што беше нешто муабетов со уставот кај нас у последно време?
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Драга,

Скубнав време за да ти се обратам, небаре немам кому. Па ја цел свој свет и живот секаде го имам распослано. Но. Да речеме дека овие трансфери и транзит зони ми чинат и ми личат како ново руво. Многу ми е страв, ми е шубе, не сакам разочарувања, се чудам уште која сум и кај сум, но божемој се надевам е за добро. Мора да е за добро, или ојдов за Исланд да ловам риби со Бјорк.
Просторот е отворен, тишината нова, љубовта е во мене и во никој друг.
Слушам Rhye со Woman. Ме води во некоја чиста димензија што сакам да ја видам од себеси.

Пројде кукањето. Сега мора да се работи и да се градат кули, капацитети. Да престанат да умираат луѓе од рак на 38, зошто ќе вриштам додека да се распадне небото. Во мене има максимум надеж и минимум трпение. Работам на тоа да си го сочувам умот присебен, а срцето раат. Ама јебига. Живот, компот. Паста за заби падната зад машината за перење.

Во меѓувреме, се’ што ми рече тој, се остварува на начин на кој не сум свесна дека градам нова иднина.
Ме мрзи и да пишувам, само сакав да пренесам факт дека сум жива, а поголем дел од другите или не ги чита мојот параметар за живи или се полуживи или се недоволно сварени за мој вкус. Луѓе.
Читам некоја книга за создавање општество во општество и ми се повраќа колку репетитивно страдаме.
Али ај.

Ни монахиња, ни бештија.
Салут

М.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
У пичку матер драга, у пичку матер. Поминав низ мини хорор денес, се почувствував така како потресено.
Во 03:15 AM ми ѕвони телефонот, се будам у паника и читам НЛБ Тутунска банка. И толку си реков, ме хакнале, отидоа илјадниците евра (ololo).
Тоа да ти завршил успешно Кикстартер проект и била направена трансакцијата од 5 долари.
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
И ти викам Кајги јас од денес пак касиерка, тибам животот касиерски, цел ден пари префаќаш, а пари немаш. :D туку остај ај, не можам уште првиот ден да се нервирам...
Си идам пред некој ден од Центар накај Аеродром по кеј и брзам, брзам (по навика де, не дека некој ме чека, туку ај...) и осеќам некој ми се прибилижува, ама упорно не се вртам и не се вртам, терам право. Дури ептен онака кога се приближи до мене се свртев и гледам еден дедо 70 и кусур години сигурно имаше и како едвај да чекал да се свртам или да ме стигне ми вика ``баш ми даде темпо како што брзаш ти, брзам и јас`` (демек требало да оди на некое место, па ај да побрза, а после дома си замина ама нема врска ):D. И ајде почнавме муабет. Човекот оди секој ден од Аеродром до Александар Палас пешачи, дури и кога врне, треба ептен нешто да го спречи, инаку секој ден. Војно лице бил, се изнаслушав приказни за у негово време, за Тито, за што работел, со кој, како што, мање битно и таман на едни семафори да се разделиме ми вика како се викаш, му кажувам и испадна дека сестра му така се викала и вади човекот еден албум од џеб од оние малечките и ми ја покажува на слика, од него исто ми покажа. Вика телефон имаш ли, му давам број (демек никогаш не се знае што ќе ни затреба) и само што стигам дома и ми ѕвони :D сакал бројот да ми го меморира, ти ли си, јас сум, кај запиша, шо запиша не знам. И ова не е толку битно колку чувството што ме исполни тој ден, во смисла што отсекогаш старите луѓе ми биле некако жални, како да кријат некоја тага во очите, и си бараат пустите муабет нормално, а ние младиве па ко за инат бегаме од нив ``ај бе пензионери, досадни се, вакви се, такви се...`` А тоа животно искуство што го имаат и што се може да се научи од нив не го рачунаме.И така, може пак ќе го сретнам некој ден, не го заборавам.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.517
Поени од реакции
8.230
Драга, вчера сонував како сум отишол на webit festival од 19-20 април у софија.
Јебем ти герила маркетинг.
 
B

beaverknight

Гостин
Драга,

2016-та..., има 16 години, 3000 followers, нема ништо постигнато у животот и ѝ љубомори на нејзина другарка дека има 3500 followers, таа истотака нема ништо постигнато...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom