ДК,
Се сеќавам пред 12 години кога ги читав изјавите за полнолетството на Македонија. Говореа за психо-физичкиот развој, прогресот од несигурна до самостојна личност која мора самостојно да ги носи животните одлуки, да сноси одговорност за своите постапки, никогаш да не се врти назад и секогаш да чекори само напред.
Сега таа "личност" е во своите 30ти, каде сеуште верува во реализирањето на своите соништа за креирање на семејство (се надевам нема да биде Европско) и проследено со зрело размислување и непокажување покорност, ќе успее во своите намери.
Македонија е сѐ што имаме, независно дали живеете на ова парче земја или рајот сте го пронашле под закрилата на некоја друга држава.
Ова е реализација на повеќе вековниот историски сон. Луѓето сонувале за слободата, пишувале песни и книги за слободата, но и го дале животот за слободата. Истите никогаш да не бидат заборавени!
Кратката историска генеза од нашата самостојност сите ја знаеме. Историската преамбула закитена со транзиција, приватизација, војни, политички кризи и предизвици, децентрализација, малцинства, економски кризи, споменици, договори, здравствени кризи...ништо од ова не го посакувавме 1991, иако дел од работите се неочекувани и непредвидливи. Сакавме само мир, сакавме само своја држава. Од самиот зачеток не напаѓаа, не кочеа, не навредуваа, но и го посакуваа ова мало парче земја. Но речиси сѐ пребродивме, помалку или повеќе, заедно сплотени. И да, чекориме напред.
Сакам да се надоврзам на еден мој стар пост од ДК, за Шарл де Гол и неговиот опис на Франција која ја доживува како божица. И Македонија е дел од тоа божество. Мала и сиромашна, но сепак божица.
За политичарите: Македонија не е средство, туку е цел.
Да сте ми живи и здрави сите и да ни е вечна државата- Македонија!