Драга Кајгана (виртуелен дневник)

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Се сеќавате на првите денари на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?
Еве уште ги чувам за спомен, длабоко низ фиоките, па сега решив да ги фотнам, да се потсетиме сите.
20210908_104042.jpg
20210908_104111.jpg

Нека ни е честит Денот на независноста на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
За многу години самостојна РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!!!!!!
:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.815
Поени од реакции
7.502
ДК,

Пред 30 години се родила една независна, самостојна и суверена Република Македонија.
Или барем мислела дека е тоа.
Оваа денес, ниту самата знае што е, ниту ние знаеме што сакаме да биде.

30 години народ кој заменува "walk on part in a war" со "lead role in a cage".
30 години барање вина во друг.
30 години чекање друг да ги решава нашите проблеми.
30 години соучество во корупција.
30 години соучество во градење трул систем.

30 години во кои најбитната лекција не е научена, а тоа е дека народот секогаш ја има силата, освен тогаш кога ќе избери лажен комфорт наместо промена, освен тогаш кога ќе вика "чути има и полошо", освен тогаш кога ќе подмити за да помини преку ред, освен тогаш кога ќе плати за да се вработи, освен тогаш кога ќе лаже дека ништо не чини, а уствари најмногу ужива во сопствениот живот и лажниот статус кој го стекнал.

Не се политичарите криви, криви сме само ние и никој друг.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Кеј, како си?
Ја, да речеме арна.
Не знам колку време не сум те посетила, и лозинката дури морав да ја ресетирам од шо не сум ти била одамна на гости. Те листам и оп, еден куп новости кај тебе. И кај мене има новости, ама веројатно у друга прилика. Коа ќе ми се лафе повеќе. Сеа дојдов само да те поздравам.
Ојдов да прелистам шо паметно има напишано по темите твои. Ајт чао!
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.254
Поени од реакции
1.964
Среќен ден на независност.
:oeoeoe:
Ама,на која држава?
Име ѝ сменија иако народот нејќеше.
Не е за славење,за тажење е.
Дреми ти народе,дреми.Нема да ни остане повод за славење.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
ДК,

Се сеќавам пред 12 години кога ги читав изјавите за полнолетството на Македонија. Говореа за психо-физичкиот развој, прогресот од несигурна до самостојна личност која мора самостојно да ги носи животните одлуки, да сноси одговорност за своите постапки, никогаш да не се врти назад и секогаш да чекори само напред.

Сега таа "личност" е во своите 30ти, каде сеуште верува во реализирањето на своите соништа за креирање на семејство (се надевам нема да биде Европско) и проследено со зрело размислување и непокажување покорност, ќе успее во своите намери.

Македонија е сѐ што имаме, независно дали живеете на ова парче земја или рајот сте го пронашле под закрилата на некоја друга држава.

Ова е реализација на повеќе вековниот историски сон. Луѓето сонувале за слободата, пишувале песни и книги за слободата, но и го дале животот за слободата. Истите никогаш да не бидат заборавени!

Кратката историска генеза од нашата самостојност сите ја знаеме. Историската преамбула закитена со транзиција, приватизација, војни, политички кризи и предизвици, децентрализација, малцинства, економски кризи, споменици, договори, здравствени кризи...ништо од ова не го посакувавме 1991, иако дел од работите се неочекувани и непредвидливи. Сакавме само мир, сакавме само своја држава. Од самиот зачеток не напаѓаа, не кочеа, не навредуваа, но и го посакуваа ова мало парче земја. Но речиси сѐ пребродивме, помалку или повеќе, заедно сплотени. И да, чекориме напред.

Сакам да се надоврзам на еден мој стар пост од ДК, за Шарл де Гол и неговиот опис на Франција која ја доживува како божица. И Македонија е дел од тоа божество. Мала и сиромашна, но сепак божица.

За политичарите: Македонија не е средство, туку е цел.

Да сте ми живи и здрави сите и да ни е вечна државата- Македонија!
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.976
Драга,
признавам дека на Гугл сум му ги поставил прашањата:
- Is TurboFolk Byzantine?
исто и
- Is TurboFolk bad for you?
ама на крај памет немаше да ми текни дека ќе ми излези ваква статија. Србинкава била родена во Канада и кога се вратила назад во Србија решила да го проба ТурбоФолкот, знаеш исто како кога сме деца и со прстот сакаме да лижниме од шлагот на тортата. Ставила ризница на омилени Канцони. Вкучувајќи ги "Бато Бато" на Брена, "Секси бизнисмен" на Гога, "Мами мами" на Дара Бубамара, "Лепша од ночи" на Дадо Полумента, "Мишо мој" на Ана Николич, "Италиана" на Северина и се разбира Цеца.
На темата Цеца вели,
"Ова е една лоша кучка. Ова може да го сфатите како позитивен или негативен атрибут, но оваа жена се омажи за воен злосторник, отиде во затвор за поседување илегално оружје, помина една година во домашен притвор за проневера, а во меѓувреме направи хит рекорд додека беше затворена во нејзината куќа. Згора на тоа, таа е горд носител на епитетот „Српска Мајка“ - и покрај тоа што има позаднина посомнителна и од католичката црква, луѓето ја сакаат."

Fake Tits and War Criminals: An Introduction to Turbo-Folk
Лажни цицки и воени криминалци: Вовед во ТурбоФолкот

 

Kajgana Shop

На врв Bottom