Во неделата накај 10 му ја дувнав за Грција. Малку септемвриско "бањање" на Ситонија.
Неделата променливо облачно, додека на прогноза сонце. Ајде да се "истуширам" во море, после возење. Грч ладно! Со години наназад не памтам вака ладно море во септември.
Која нагла промена, во јули и август беше невообичаено топло морето, но ова пак е исто невообичаено ладно море за септември. За октомври океј, тогаш е вака ладна водата.
Ништо батали бањање, ајде до Сарти. Празно, малку руси и чат пат некои чеси.
Понеделник сонце, докај 30 степени. Супер за сончање и дишење чист морски воздух. Во вода влези, 5 минути смрзни се и пред да почнеш да се тресеш бегај надвор. Камен.
Попладнето почна да корне ветер, ајде ќе фатам да шетам на западна обала, со надеж дека таму не дува. Преку Сикија, Каламици до Торони, Порто Куфо, Неос Мармарас. Сегде бричи ветер. Така добар ветар што дигаше песок од плажа.
Паркирав во Мармарас, веќе пред стемнување. Ајде до едно убаво ресторанче што си го знам таму, убава храна, многу пријатен амбиент.
После вечера, палам кола, прку Никити, Вурвуру си се прибирам кај мене.
Кај мене во камп, туристи веќе нема. Само ние што си имаме свое таму и толку.
Ни дојдоа на гости едни пријатели од кампот, ајде по уште едно гезме, да свртиме една скара. Јас им правам наша добра скара, гостите (Грци) уживаат да го јадат тоа што кај нив го нема. Ја обожаваат нашата скара.
Со јакни, дуксери отседовме докај 12 и после секој во својот кревет. Богами прејаден бев, дупло ми се фати вечерта.
Вчера исто време, сонце пука, ветер корне, за во вода речиси и да не е, диши чист воздух, влези неколку пати во море на по 5-10 минути колку да се рече, нема лезет. Вечерта касно, ајде накај Скопје.
Ова ми беше прво искачање од Македонија во септември, со новиве правила. На наша граница на излез (Богородица), нашиов земал ни проверува вакцинални сертификати. Спор како полжав.
10 минути чекав да ги провери сертификативе. Ајде што која глупост, на излез од вукојебинава ни бараат сертификати, па и не ги бива, неписмени, на човек се задржуваат најмалку по 5 мин, додека на кола 10-15 мин (зависи колку луѓе се во кола).
На Евзони Грците тоа го прават за 1-2 минути и вози надоле.
Вчера доцна вечерта, на влез во Македонија како и по обичај паднат систем. Пасошка контрола само на увид (скенер јок, не работи), вакцинални сертификати ми вели не ми работи читачот не ми ги давај, ВОЗИ!
Пуууу јеботе, која вукојебина. Тоа само кај нас редовно го има. Не ми се десило на други премини по државиве да сретнам такво просто кажано совршенство, ПАДНАТ СИСТЕМ на ГП. Па добро, разбирливо, дно држава си е дно држава. Дупка.
Возам од Евзони до Скопје, на 5 места џандари по автопат. На три места со радар, убаво ги осветлив со долги светла, ги гледам стојат како идиоти покрај радарот и мерат.
Возам по знаци, ми е гајле. Него чудно, не ме сопреа ниту да ме поздрават, онака како што знаат да замараат, да читне возачка и сообраќајна. Така се погодило овој пат, фала богу не ми губеа време џандарите па стасав за саат и петнаесет минути од граница до Скопје.
Сега веќе во канцеларија, утринско кафе испиено. Време е да се работи.