Моментот кога ќе сфатиш дека цела онаа невидена поврзаност и фамилијарна љубов на конец ја држела една личност и се било лицемерие и единствен шупак што верувал и си терал со глава во ѕид сум била јас и сега кога веќе таа личност ја нема, нема никој пуф исчезнаа сите, немаат веќе време за традиционалните родендени, собиранки, ни за едно како си жив си, и се се сведе на материјално, на пари, нешто за кое мислев дека баш кај нас не постои, а тоа да ти било бетер и од најбетер приказните за луѓе ненаситни за пари, за дел, па макар и една порта стара 100 години, само нешто да се земе, да се изграба.
Јас како што ме дал господ не барам ни сакам ништо, доволно ми е моето, секогаш се тргам на страна, се откажувам, во принцип како и да делувам, не сакам кавги ни тензии, по цена на мир и свое ќе поделам. Ама ме јаде од внатре, не поради портата, ме јаде лицемерието, роговите ме јадат. Ме чешаат, ме боли, ми крварат и решив да ги откорнам. Клише, банално и глупаво, ама ја скратив косата, ја кренав главата и тоа значеше нов почеток, нова јас, не само за тоа што се скина конецот и ми се отворија очите, него за се, за секоја ебена ситна неправда која некој ми ја направил, било кој, некој што ми значел. За секое лажно тука сум за тебе кога и да ти требам, за сите лажни пријателства, лажни луѓенца и како недоквакана пишував писма. Да озбилно, напишав многу писма и ги испратив на многу адреси. Се што ми лежело на душа, се што сум заприметила дека не било фер, се што ме повредило, реферати и страници текст, чисто онака да си ја исчистам душата, не пишував како жртва, него како херој, борец кој осакатен, тепан и измачуван излегол достоинствено од лајната во кои си пловат сите оние на кои им стигна писмото во кое душата си ја отворив. Зошто кога го применував она токсичните луѓе настрана и само на игнор без да се замараш воопшто, беше полошо од лицемерие и се замараш тогаш најмногу, чуваш на душа терет и иако делува како приказна за некоја лудача, сега се осеќам слободно, среќно и мирно. Ништо нема да допре до никој, ништо нема да сменам, ама нема нешто подобро од да кажеш се што ти стои на душа за некој, макар било сурово и злобно, макар и вака на парче хартија која некој може само ја изигнорирал, ја фрлил, некој прочитал и си рекол што и е на оваа будалава, некој ни на такво не ме ставил, ама јас си се ослободив. И никој за ништо не ми врати, што ме прави уште помирна не знам зошто. Сега токсичните луѓе се надвор од мојот живот, ама теретот што го носев замина, може смешно, може налудничаво, ама неколку писма во кои си кажав што мислам ме направија среќна и ми донесоа мир.