- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.591
Постои еден муабет кој што веќе долго време се прави секој пат кога на тема ќе дојде иселувањето, до толку што е станат неизбежен, а тоа е она познато клише од реченица проследено со воздишка - „Еххх...какви деца се иселија, најпаметните, најначитаните избегаа во странство“.
Не е спорен фактот дека ни се случува brain drain, дека навистина доста добри, паметни и вредни луѓе се иселија, дека тоа е изгубен потенцијал за државата. Но, имам забележано дека во оваа класификација се ставаат буквално сите иселени, кои што патем во голем дел се целосни антиподи на нејзиното суштинско значење, луѓе кои што ниту се паметни, ниту пак нешто нарочито вредни, не зрачеле со интелект...луѓе за кои што е дискутабилно дали воопшто му недостигаат на некој, нивното отсуство дали воопшто прави некаква разлика, уште повеќе можеби прави и добро што се отселиле и го поштедиле општеството од нивното присуство...
Е баш овој подвид на луѓе обично биваат најгласни, незаслужено се одзиваат како наводно најповикани, демек нивното иселување е трагедија за државата, каков тоа потенцијал се изгубил со нивното заминување.
Во реалноста, оние кои што реално вредат, а се малку, и се иселија, обично бидуваат тивки и си ја тераат работата онаму каде што се. Тек тук ќе се чуе за некој нивни успех, па повторно медиокритетите и оние потпросечните иселени ќе започнат да се прилепуваат кон колективното себе-оплакување и истовремено неосновано себе-возвишување.