Гледајќи ја прогнозата, уште сабајле кога одев накај работа пред влез на маалските кучиња и мачки им симнав две големи канчиња полни со вода.
Се вратив од работа, некој ги тргнал.
Се симнав, пак им однесов вода.
Пред малку отидов цигари да си купам, гледам пак некој упорно ги трга. Пак им симнав вода. По трети пат денес.
Па кој морон и нечовек треба да си за на +40 степени да го правиш тоа.
Чисто од љубопитност, сакам да знам кој сосед го прави тоа па штотуку на прозор од спална, закачив една камера.
Добра камера со многу јак ноќен режим и добар зум. Преку PTZ контрола ја подесив камерата да снима точно над канчињата со вода. Да видам што ѓубре живее во иста зграда со мене.
Ќе му тропнам на врата утре.
Совет до сите. Помогнете им на маалските кучиња и мачки барем во овој пеколен бран. Барем по едно канче вода, греота се.